Убиството на Вања Ѓорчевска

jamajka

Нов член
5 декември 2023
4
4
3
Имено никој не збори за тоа во каков однос биле Палчевски и дедото на убиеното девојче Ванчо-Вања Лазаров. Вања Лазаров е висок функционер на СДСМ(иначе во 2002 е прв човек на царина одма после доаѓањето на СДСМ на власт) во исто време кога и Палевски. Тоа значи дека многу добро се познавале и најверојатно имале одлични односи. Во периодот 2002-2006 година Љупчо Палевски добива 1М евра оштета од државата затоа што претходната власт му го урнала поткровјето на зградата во Дебар Маало, каде што тој бил претприемач. Немојте да ме земате за збор за ова, ама можеби во истата таа зграда живеело девојчето (ова треба да се провери). После 2006 владата на Грујо му го зема тоа милионче на Палчевски. Највеорјатно во некои матни зделки и си имале некакви замерки со дедото на девојчето, Ванчо Лазаров.

Околу тоа што се десило, јас мислам дека е многу чиста ситуацијата кој е убиецот и нема што да се дискутира тука, прашањето е дали се мотивите само тие што се прикажуваат. Јас мислам дека има нешто малце повеќе.

1. Убиениот Велешанец е сеуште мистерија. Според мене има неколку верзии. Ги редам според мене од најголема веројатност кон најмала.
- Можно е да бил соучесник, пошто реално бил во истиот круг на луѓе. Во одредениот момент се предомислил пошто разумот проработел кај него и Палчевски ладнокрвно го ликвидирал.
- Ако е вистина тоа околу ископување на златото, тогаш може да бил жртва заради мапите. А златото во меѓувреме да го ископал Палчевски и да си го обезбедил бегството, додека црепоиве околу него се надевале дека ќе кренат револуција со парите.
- Да бил жртва за 500 евра лихва. Ова ми има многу малку веројатност, пошто они тука ги играле „големите пари“.
- Да бил случајна жртва, за да му го земат возилото. Ова ми е глупа варијанта пошто поголем ризик си носат, одколку бенефит.

2. Таткото на девојчето. Дефинитивно не е салам човек. Да дадеш лајк кога те приведуваат како еден од осомничените за завера на убиство на сопствената ќерка е ненормално. Па така многу е тешко да се прочита дали бил во играта или е само искоритен како куртон.
- Да бил дел од заверата. Најверојатно е уценет со нешто, што не може да го каже на суд и полиција, пошто покрај затворот што му следи, ќе го јаде и тоа.
- Да бил само обичен деген што тек така ги дал податоците.

3. Типот што го приведоа од Родина, чие било Кангото (возилото што го возел Палчевски). Дефинитивно нешто смрди тука, тука имало некаква си координација на партиско ниво меѓу Десна, Родина и Бачевци (велешанецот Жежовски е од Бачевци), што после одредено време почнала да се растура дружбата.

4. Паника. Ова не е убиство од паника, пошто девојчето е убиено во 10 часот, а мајката објавува статус на ФБ во 12 часот. Нема како да знаеле дека полицијата е известена.

5. Мотив. Мотивот е многу нејасен. Јас мислам дека е ова лична вендета на Палчевски, кои ги организирал малоумниве против Масоните и почнале со фамилијата на Ванчо Лазаров (најверојатно или е влав или овие мислеле дека е влав) кој на некој начин бил дел од таа стара структура на власт (кои спроед дегениве мора да се власи или да имаат скриено влашко потекло). Барем приказната на Палчевски кон учесниците била таква, да ги вратат украдените пари од транзицијата на народот. На крајот ќе испадне дека за Палчевски ова било лична одмазда према Ванчо, ако е така, тогаш ова е најбаналната причина за убиство на дете која сум ја видел.

6. Од претходното мислам дека заверата е поголема од она што го гледаме. Мислам дека повеќе маргинални организации и партии се вклучени во ова. Иако сум бил експлицитно против бипартискиот систем во Македонија и сум го сметал за туѓ, од мене МВР и системот ќе добијат полна поддршка да му стават крај на ова зло. Пошто ова зло што не снајде е поголемо од СДСМ и ДПМНЕ заедно и треба да се уништи целосно во корен. Треба детална истрага да се утврди кој све знаел за ова, кои биле следните жртви на споисок и колку требало да оди во длабочина. Да посегнеш по животот на едно дете, заради неговиот дедо е ултимативно зло, не е тоа градење Македонштина.

Ова што се случи е можеби најстрашната работа што се случила во историјата на Македонската независност, која не може да се мери ниту со Смилковци. Терорирстите кои ги убија децата на Смилковци биле отруени со идеологија, имало масакри и убиства од страст. Но ова убиство е чиста злоба, во своја најчиста форма. Нема убиство од паника тука. Можеби да, дебилите се испаничиле, но тоа што го направил Палчевски е чисто зло, кај него немало паника. После тоа само го организирал своето бегство, ладнокрвно, без никаква тронка на каење и избегал. Снимал видеа буквално како да не се десило ништо. Нема ниту еден знак на човек што го мачи убиство на дете. Знаел што ќе се деси, знаел дека ќе ги фатат, знаел дека ќе го кажат дебилите. Едноставно без да покаже никаква грижа на совест, го убил детето при здрав разум, знаејќи дека тоа што го прави е ултимативно зло. Значи не од ниски животински страсти, не заради идеологија, не заради религија, туку при здрава свест и чист разум ја убил. Ова е нешто настрашносто што се случило во Македонија. Чисто изворно зло. Ако злосторниците во Смилковци биле заведени од ѓаволот, ова е лично ѓаволот.

Но иако се работи за индивидуален случај, веќе не сум на мислење дека Македонија е безбедна земја ниту за децата, ниту воопшто, после ова изворно зло што ни се случи, дефинитивно злото е одомаќинето во Македонија.

А што се однесува до патриотите, сум кажал и пак ќе кажам. Таквите збирштини на луѓе не се никакви патриоти, тие се поопасни за Македонија одколку СДСМ и ДПМНЕ, па и ДУИ. Тие се збирштина на малоумници на кои одредени ликови им продаваат приказни од теории на заговор, за Хазарите, за Власите, за Масоните и разно-разни други глупости. Овие се тие кои ја умртвуваа секоја здрава мисла во Македонија, дека секој обид за патриотизам беше инфициран од вакви сомнителни збирштини. Не викам дека внатре нема искрени патриоти, но и тие се веќе инфицирани. Овие имаат поголем кабает за менување на името, отколку сдсм и дпмне. Овие беа тие што донесоа секој кој е против промена на името, ради нивните глупости да се огради и да си тера магарето. Тие се главниот извор на апатија. Овие треба од корен да се уништат. Овие се исис во Македонските редови. Ги повикувам сите Македонски патриоти кои се околи вакви групи, кои шират небулози и теории на заговор, под итно да се оградат од нив. Македонштината не се гради со теории на заговор, не ни се криви ционистите, масоните, илуминатите и лизардите. Чим дошло време кога тој монструм, користејќи ги тие теории на заговор, ги натерал луѓево да учествуваат во едно грозоморно дело и ултимативно зло за своја лична одмазда, ќе треба да се преиспита дали имаат здрав разум тие што ги оформуваат и што се членови на овие збирштини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and kockakockica@

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
го убил детето при здрав разум......... туку при здрава свест и чист разум ја убил.

Каде гледаш здрава свест и чист разум???
Можно ли е човек да изврши такв грозоморн дело???

Многу се нервирам што сите сакаат да изиграваат детективи и да ја вмешаат политиката во ова дело.:(
Овој настан треба да биде една голема тревога, аларм до сите за да чукнат главите и нешто да се превземе и да се почне со чистење на гнојот смрдлив од ова општество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and jamajka

jamajka

Нов член
5 декември 2023
4
4
3
Интересна појава е кога луѓето вон контекст покренуваат непотребна расправа, само за тоа да испаднат во право. Тоа е доста изразено во ерата на интернетот. На времето ваквите се нарекуваа паметњаковичи.

ова е форум, мислењата се субјективни, не сме на суд.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Никој не спомнува ништо за фамилијата на Љ.П. Палчо.
Има ли он жена, деца, зарем никој од неговото семејство не било на распит?
 

jamajka

Нов член
5 декември 2023
4
4
3
Никој не спомнува ништо за фамилијата на Љ.П. Палчо.
Има ли он жена, деца, зарем никој од неговото семејство не било на распит?
Тоа е добро прашање, јас немам такви информации. Ако има, да не си им у кожа.
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
24
108
28
Тажно е што го нема девојчето-не е повеќе меѓу нас. За сторителите на тоа грозно дело треба најстрога казна, а особено за таткото на девојчето. По сите медиуми читам дека давал информации за тоа кога девојчето ќе излезе од станот само, што значи дека и тој бил вмешан во тоа злодело. Нема никакво оправдување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

jamajka

Нов член
5 декември 2023
4
4
3
Гледам се засилува наративот на власта за пресметка на неистомислениците, а за да не биде лошо протолкуван мојот пост и ставен во таа насока, ќе кажам само дека во постот мислам претежно на маргинални политички субјекти, на кои главна наратива им е „масоните“, „власите“, „хазарите“...

Овие партии и организации служат како канализатори на незадоволството од политиката, и како што кажав ја умртвуваат секоја прогресивна мисла. Нема ништо лошо во тоа човек да е патриот и да сака да го вее знамето со сонцето од кутлеш или да има став дека Русија е во право во војната со Украина, па дури и да е загрижен за бомбардирањето на цивили во Газа. Токму ваквите партии ги девалвираат ваквите размислувања и допринесуваат кон самоцензура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Жално е и што ова грозоморно дело ке се заборави...никогаш нема да се дознае кој бил мотивот за се одземе еден невин млад живот:(.
Жално е и за сестричката на Вања, за мајката...како ли тие душички ке продолжат да живеат со таква рана на душа, обележани за цел живот, со тешки трауми:(:(:(:(:(
Страшно:(
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Страшно е што многу вакви и слично случаеви се забораваат во државава Македонија Ќе се сеќаваме еднаш годишно кога ќе дојде датумот кога е убиена и толку.

Тажно е што девојчето веќе го нема, не може со сестричката, фамилијата, мајката да дочека уште една нова година, да се радува на животот кој сега требаше да го живее, да расте, да се образува, да стекнува понатака и семејство.. Тажно е што мајката и сестричката цел живот остануваат со црна дамка во животот бидејќи убиството остава траума, остава болка, несигурност, можеби и пореметувања психички..