D
Deleted member 10294
Гостин
Оваа тема ја отворив поради тоа што денес бев во болница да ги снимам бубрезите. Извесно време имав крв во мокрача, а и ме болеше половината, болката беше поизразена во десниот бубрег. Ѝ ги покажав резултатите на матичната докторка, и според тоа што го виде, ми рече дека резултатите од снимката покажуваат на тоа дека имам бениген тумор на надбубрежната жлезда. Не ми беше сеедно што го слушнав тоа, но сакам да прашам дали треба да примам хемотерапија? Дали треба да се отстрани туморот и дали може да се прошири и на другите органи? Многу ви благодарам за секој ваш добронамерен одговор.