Зависи.
Многу, многу ретко сум љубоморна, а сум во долга врска. Љубоморна, не е вистинскиот збор, повеќе територијална
![Намигнува ;) ;)](/images/emoji/wink_animated.png)
Мислам, дечко ми секогаш имал пријателки, и пред да биде со мене, исто како што и јас сум имала пријатели и пред да бидам со него. За време на врскава, секако дека сме создале и нови пријателства.
Два пати до сега многу се имам изнервирано, само што - со него не се карам поради тоа. Ме знае доволно добро и ме остава ,,сама да решам,,
Првиот пат, само го правев истото што и ,,дотичната,, , колку што таа флертуваше со дечко ми, толку јас со нејзиниот.
Втората, после добри 2-3 месеци учтиво и индирекно укажување, дечко ми на крај и рече да не замара повеќе.
Во глобала, не обрнувам многу внимание. Треба ептен, ептен да ме испровоцира....