Тест: Дали си кул?!

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
30
Лесно е да бидеш кул кога се околу тебе е совршено. Но, што да правиш кога работите ќе тргнат надолу? Стануваш "вештерка" или "заспаната убавица"? Реши го овој тест за да дознаеш!
1. Ја искористи најголемата слабост на мајка ти - фактот што безрезервно ти верува - и ја излажа дека ќе учиш хемија кај најдобрата другарка, а всушност отиде да научиш неколку "животни лекции" во диско. Ама, мајка ти те фати во лагата и почна да те напаѓа. Ти:
а. ќе и се налутиш зашто мислиш дека нема право да вика по тебе.
б. ќе одрекуваш се додека не ти даде доказ дека си направила "злочин".
ц. ќе и се извиниш и ќе и објасниш зошто си ја лажела.
д. ќе си ја "свиткаш опашката" и ќе си ја прифатиш казната.

2. Надвор не се гледа прст пред око, а журката заврши... Како ќе стигнеш дома?
а. Ќе стопираш, како поинаку?
б. Не знаеш, ама секогаш се наоѓа по некој добар човек што ќе се сожали на тебе и ќе те однесе дома.
ц. И пред журката си го реши проблемот и знаеш како ќе стигнеш дома.
д. За жал, ќе мора да викнеш некого да дојде по тебе.

3. Во кој од овие филмови би сакала да ја играш главната улога?
а. "Јас сум број четири"
б. "Три метри над небото"
ц. "Самрак"
д. "Американска пита"

4. Другарка ти веќе трет пат пробува да се запише во музичко училиште, ама повторно не ја примија. Што ќе и советуваш?
а. Девојко, време е да пробаш нешто друго.
б. Нека не го зема тоа толку трагично.
ц. Нека не се откажува. Само упорните победуваат.
д. Да проба во друга група, не се само тие.

5. Влегуваш во преполн автобус и наоѓаш празно место. Седнуваш, ама одеднаш не можеш да издржиш и испушташ гас. Срамота, сите околу тебе го почувствуваа непријатниот мирис. Што сега?
а. Ќе се правиш наудрена, ќе гледаш околу себе и ќе промормориш: "Фууууј, нешто смрди!"
б. Ништо, ќе молчиш и ќе гледаш во подот.
ц. На тие што се најблиску до тебе ќе им речеш: "Извинете".
д. На првата станица ќе истрчаш надвор без да се свртиш.

6. На прв состанок си со момчето од соништата. Најважно ти е...
а. ...да оставиш добар впечаток.
б. ...ќе се шегуваш до бесвест, па што биде нека биде.
ц. ...нема да престанеш да зборуваш.
д. ...ќе останеш кул, зашто секогаш уништуваш се со својата нервоза.

7. На забава си. Сокче по сокче, си го наполни стомакот. Влетуваш во тоалетот без да чукнеш на вратата и наидуваш на момче и девојка во малку незгодна ситуација. Како ќе се однесуваш?
а. Ќе се насмееш и ќе прашаш: "ОК е се?"
б. Ќе избегаш и веднаш ќе им кажеш на сите што си видела.
ц. Нема да реагираш. Само ќе се свртиш и ќе излезеш.
д. Најверојатно ќе речеш нешто како "Упс, извинете!"

8. Трепкањето со очињата не ти помогна - професорот по математика реши да те турне и мора да повторуваш година. Како се однесуваш?
а. Се е под контрола. Ќе преживееш.
б. Лесно за тебе, ама што ќе речат твоите...
ц. Што е, тука е. Ќе те фати инат и догодина ќе имаш чиста петка.
д. Воопшто не знаеш како ќе го преживееш ова.

9. Твојата најдобра другарка ќе оди да живее во Америка една година. Што мислиш ти?
а. Мило ти е за неа.
б. Малку и завидуваш.
ц. Ах, веќе ти недостасува.
д. Не знаеш што ќе правиш кога ќе отиде. Без неа си изгубена.

10. Кошмарот на секоја врска ти се случува и тебе: неколку пати излеговте и сега одеднаш тој не ти се јавува. Што ќе направиш?
а. Ништо, исто како и тој. Немаш време за такни игрички.
б. Ќе им раскажеш на сите каков е.
ц. Нема да креваш паника, ама сакаш да знаеш што се случило.
д. Ќе му вртиш и ќе му праќаш пораки додека да ти се јави.

11. "Македонски идол", "Моја ѕвезда"... дали би се пријавила на вакво шоу?
а. Со мојот талент? Светот не смее да го пропушти тоа!
б. Дефинитивно! Каде треба да се пријавам?
ц. Нееее, конкуренцијата е сигурно голема.
д. Никогаш!
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
30
Резултати
Најмногу одговори под А
Кул фактор: Многу висок
Дали си сигурна дека немаш врски во фабрика за ладилници? Девојко, ти си суперкул! Без разлика дали се ситници или големи проблеми, ништо не може да те извади од такт. Ако некој тип ти се "закачи" со глупава приказна, доволно е да го погледнеш како што умееш за да мора да носи зимска јакна и во лето.
Внимавај: Супер е што не те интересираат глупостите, ама внимавај да не ги оладиш и односите со луѓето кои ти се драги.

Најмногу одговори под Б
Кул фактор: Висок
Твојата формула за успех е: и кога е нешто сериозно, ти се правиш несериозна! Кога ќе почне да ти гори под нозете, почнуваш да ги вртиш работите на шега и се надеваш дека с# ќе се заврши најдобро... Лошо е што сите ќе бидат несериозни со тебе еден ден кога ти ќе бидеш навистина сериозна.
Внимавај: Доблест е да си постојано весела, ама порано или подоцна сите се заситуваат дури и од најсмешниот кловн. Мисли малку и на себе.

Најмногу одговори под Ц
Кул фактор: Чиста петка
Ти си вистинска кул девојка. Главата ти е студена кога треба, ама тоа не значи дека ќе премолчиш ако те мачи нешто. Одлично знаеш кога треба да реагираш со срецето, а кога да го употребиш разумот и не ти е проблем да признаеш кога ќе згрешиш.
Внимавај: Пробај да не се смениш.

Најмногу одговори под Д
Кул фактор: Млакичко
Многу си чувствителна, па кога нешто ќе те погоди, веднаш паѓаш во депресија и се прашуваш каде си згрешила. Ова е погрешен став. Дури и да си самата виновна, хартиените марамчиња и часовите поминати со солзи во очите нема да ти помогнат. Едноставно, реши дека нема да дозволиш никој да си игра со тебе.
Внимавај: Девојките како тебе одат од крајност во крајност, па внимавај да не се претвориш во санта мраз.