Текст vs. музика

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Зависи за што. Ако сакам да излезам во дискотека и да си поминам убаво добра музика е a must. Секако не зборувам за неко че ми ночас направити сина, туку за убава, квалитетна денс музика. Колку guilty pleasures песни имам вакви, не се добројуваат.

Меѓутоа тоа е тоа. Песна со добра музика почитувам, меѓутоа за една песна да е комплетна, според мене мора да има текст за да ме распамети. Нема ништо подобро од тоа да го исчиташ текстот, да се внесеш во зборовите кои ги напишал авторот, да се однесеш во друг свет.
Ваков пример ми е healing is difficult албумот на Сиа. Немам зборови за тоа колку ја сакам женава и колку ја почитувам. Албумот го пишува по смртта на својот прв дечко, кој погинал во сообраќајка. Буквално солзи ми течеа кога ги читав текстовите на песните. Сета болка ја претопила во музика, нешто што ме ежи секој пат. Breathe me е песна која е out of this world, не ни можам да ја слушам нејзе стално, горчина на душа ми доаѓа.

Да сумирам, добра песна без добра музика не оди, ама специјалните песни, оние најблиску до срцето ми се оние со добар текст.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прилично сите ја знаат приказната за Бетовен и неговата Елиза, невозвратена љубов и цело тоа мамбо-џамбо. Нити еден збор, ама сепак брилијантно.

John Coltrane - Equinox
Колтрејн бил роден еден ден пред тогашната рамноденица па најверојатно тоа е неговата инспирација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Svetiot Duh

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Па штознам, ако е текстот живи глупости на песната а музиката вреди да се слушне, што да не.
Сепак добро е кога е музиката со добар текст поткрепена.