Пред некое време онака во муабет во друштво се наметна истава тема па си реков ај да си подискутираме и тука.
Што е според вас поважно во една песна, музиката или текстот? Што е тоа на кое што посветувате повеќе внимание додека слушате некоја песна?
Еве јас да си кажам, мене текстови воопшто не ми значат. Гајле ми е дали некој пеел за глобални проблеми, сиромашни во Африка или за тоа колку метри скокнал со скејтбордот. Дури и може воопшто да нема текст, уште подобро ми е. Она што мене ми е важно е музиката и ништо друго и затоа многу често слушам инструментална музика наместо музика со вокали. Кога не слушам инструментали, вокалите ги перцепирам како уште еден инструмент и битно ми е како се вклопува мелодиски со останатото, текстот не му ни обраќам внимание. Како најслушан бенд ми се Dream Theater ама којзнае колку време сум ги слушал инструменталите или пак комбинации од инструментите (има еден албум со извадени траки од секој инструмент посебно). Ако музиката нема движење, ако нема нешто што ми привлекува внимание тогаш и најубавите приказни да ми ги раскажуваат во песната нема да ми се допаѓа.