Таблети за слабеење

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Во ова наше модерно функционирање низ социјалните кругови, убавата линија некако стана задолжителен фактор за таканаречен повисок статус.

И да, дебелината навистина е болест, тоа е неоспорно, само дали користењето на хемикалии е соодветно решение за борба со килограмите?

Дали сте користеле таблети за слабеење?
Кои се вашите искуства со нив? Дали навистина според маркентишките експанзии се случуваат чуда или обично празнење на џебот и евентуално несакани здравствени проблеми?

Јас да бидам искрена во цутот на моите тинејџерски денови, дома војна кренав да ми ги купат некои капсули од Биофарм на база на ананас. Знам дека од страв да не случајно немаат дејство се изгладнував, на крај завршив со крвна слика ала Чернобил, бледа фаца како од хемотерапија и едвај 2 кг помалку.
Од тогаш не сум ни помислила да се подложувам на такви третмани.

Значи таквите таблети ги користат и тинејџери, луѓе кои се дебели единствено во нивното огледало...
Искуства?
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Од тие проклети таблети за слабеење завршив во болница и толку многу се исплашив што од тогаш не сум ни помислила да купам апчиња за слабеење, чаеви и такви слични глупости.
Си ослабнав само со вежбање и внимавав на исхраната и сега немам гајле...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,635
113
Македонија
Не би користел такви апчиња коа би сакал да ослабнам..едноставно мислам дека со правилна исхрана и малку пазење може да има брзо резултати :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elizabeth Bathory

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Еднаш и се полажав за тие аминокиселини ама се предомислив одма во моментот и не ги земав а не бев толку информирана за нив :eek
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Сакам до матура да ослабам барем 10кг (да заличам на нешто), а со диета нема шанси до 17 мај да ослабам толку. Па, една другарка ми кажуваше за едни апчиња Слимс (мислам дека така се викаа), биле околу 2000 ден, и за еден месец многу се ослабувало. Има некој користено од вас? :kafe
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Земи на црно онија таблети што се имаш омега опел нешто таму со коли мицубиши најбрзо се слабее иначе до матура 10 кг нема шанси
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Никакви таблети немој да те лажат можеш само желудникот да си го распиеш а за слеабеење можеш да сонуваш..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, 4FUN and Bum-Bum

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Какви таблети,какви глупости немој да се лажеш...Фати строга диеата фитнес секој ден...Ама не да си се заебаваш тукуу вистински дасе трудиш и ке ослабеш 6 7 кила...Не се 10 ама сепак тука некаде
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Јас сум на диета веке 2 ипол недели..ама не некоја строга туку само внимавам шо јадам..Значи чоколадо,брза храна,чипсови соленки и такви слични работи неам лизнато...Прекршив само вотка пиев а не требаше...и сега за сега е супер..Поарно така почни нешто отколку со апчиња да се труеш
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сакам до матура да ослабам барем 10кг (да заличам на нешто), а со диета нема шанси до 17 мај да ослабам толку. Па, една другарка ми кажуваше за едни апчиња Слимс (мислам дека така се викаа), биле околу 2000 ден, и за еден месец многу се ослабувало. Има некој користено од вас? :kafe

Остај таблети и слични хемикалии. Земи трчај, вози точак на кеј, пешачи, пиј многу вода, и јади во помали количини и ќе видиш како ќе ослабеш. ;)