Се мислев каде да ги сместам овие, пошто не знам типов во кои повеќе одговара со паметот, а има веќе доста теми за бисери, па нек иде овде ради возраста.
Даме и господо - мојот бивш шеф.
Јас: Абе...не ми текнуваат више имиња за овде, кажи некое женско?
Тој: Том.
*Тој бара некои организации, ама да не се религиозни* (патем, англискиот од слабо-послабо)
Вика: Е, ова цултуре, не е религија, нели?
- Ај јас ќе барам за Пакистан
и, ти барај за Сиера
Леноне.
Збори со другар: Брат, многу ми се оди на тој фестивал. Опуштен брат, андерграунд панк, негде во Чешка на отворено, на ливади,
на море...
Испадна мислел на некоја скандинавска земја, ни тој не знае која.
Зборат со колешката нешто, не можат да се објаснат:
-...како мислиш?
Ѝ се врти: Како мислиш како мислам?
Му даваш слики со наслов, рецимо red grapes #100, има табела кај што треба да ја стави сликата под ист наслов...и утнува.
- Е, па јас мислев како сакам да ги ставам.
Абе мандариснки да беше, по буквите ќе познаеш кое со кое одговара!
- На овој ќе пишеме ова...
*чекам*
*чекам...*
- Што напиша?
- Па чекам да ми кажеш.
- А па не знам, пиши што мислиш.
*пишувам, му читам*
- А не, јас поразлично мислев.
- Епа кажи?
- Епа не знам.
*пак преправам, му праќам*
- Ама гугл транслејт не го преведува добро. Ако ти е толку јак англискиот, упрости го, да разберат.
- Човече, основна граматика е тоа, нема упростување.
- Ако, ти скрати ја реченицата. (а реченицата 6-7 збора да беше)
*Бара етнички настани*
- Иии, ништо нема, освен ова овде, еврејско нешто...џулереј.
*праќа линк* Jewelry fair т.е. саем за накит.
Треба да збори со клиент на англиски, ама пошто не знае, вика: А можеш ли ти некако да збориш место мене?
- Овој сака да му рекламираме книга. Што книга е?
*читам кратка содржина* Па, со убиство е, крими му иде. Барај крими, трилер, па и мистерија може.
- Ама на гугл транслејт вика за брачен пар се работи, не може и во романса?
И за него, било што можеше од YouTube туторијал да се научи - од кодирање, до пресадување на срце.
Отупев и му ја здував по месец и пол.
