Стрипот е една од деветте уметности (Архитектура, Скулптура, Сликарство, Музика, Поезија, Танцување, Театар/Кино и во поново време тука спаѓаат и Фотографија и Стрип).
Стриповите се вид на содржина која пренесува идеи преку слики, често комбинирани со текст или некоја друга визуелна информација.
Овој вид на уметност особено добива популарност во средината на 20-тиот век во САД, Западна Европа (особено Франција и Белгија) и Јапонија.
Во Јапонија стриповите го добиваат називот manga и така се познати и во целиот свет, во Франција се наречени BD што е скратеница од bandes dessinées, а во останатиот дел од светот се викаат comics.
Најпознати американски куќи (ако не и во целиот свет) се Marvel и DC Comics кои ги имаат создадено некои од најпознатите стрип херои и негативци како што се: Spider-Man, Iron Man, Daredevil, Thor, Hulk, The Fantastic Four, Magneto, Green Goblin, Silver Surfer на Марвел и Batman, Superman, Green Lantern, Flash, Wonder Woman и Joker на ДиСи.
Од Европа најмногу се прославени француско-белгиските школи со херои како Астерикс и Обеликс или Тин тин.
А од Мангата најпознати се серијалите за Наруто, Драгонбол, Death Note и други.
Во нашава земја колку што знам има мала група на луѓе кои се занимаваат со стрип, ама главно ги објавуваат своите стрип-табли по дневните весници.
Најпознати стрип цртачи од Македонија верувам дека се Дар-Мар со својот лик Пецко и Тхе Мичо со ликот Кучето Петко за кое чинам има и емисија на Телма.
Ах ќе заборавев да ги спомнам и Загор, Текс Вилер и уште многу стрип карактери кои биле познати и се читале во времето на Југославија.
Ова е накратко за стрипот како уметност и за најпознатите стрипови.
Она што мене ме интересира е колку од вас некогаш читале стрипови или читаат стрипови, кои ви се омилени стрип ликови (било да се херои или негативци), поради која причина ви се омилени наведените ликови и дали кога би имале можност и вие би се занимавале со цртање стрипови или смислување сценарио за истите.
Епа бујрум, повелете на дискусија.