Стил - дали, како, што

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Знам дека има тема за стилот, една таму во Мода и убавина, ама не сакам да дискутирам во таа насока.
Почнав да пишувам одговор на муабетот што го водевме со Lena, овде, но сфатив дека сакам да продолжиме во нова тема и тоа токму тука.
Значи молба - не ми ја префрлајте темава во друг форум, тенкју :D

Муабетот е дали навистина стилот го имаш или го немаш, или пак е можно истиот да се научи.
Поточно, дали стилот се учи?

Наместо вовед:

Вкусот и чувството за естетика се вродени.
Стилот е за мене бар,
тесно поврзан со личниот вкус.
Со текот на животот го развиваме личниот стил.
Околината може да придонесе за тоа,
но и не мора.
Ако јас на пр. имам друг вкус него оној кој ми го наметнува мајка ми и комшиите ќе си го развијам и стилот во тој правец( што и е така)
ако го одберев стилот кој ми го наметнуваа моите ќе бев сосем нешто друго од ова што сум сега.
Значи се работи за индивидуалност.
Било музика, начин на облекување итн.
Добро, вродени се, со текот на животот ги развиваме.
Но, прашањето ми беше како ги развиваме?
Еве, како ти си го развила својот стил, како си го развила вкусот и чувството за естетика?
Ако ти се ограничени информациите, дали ќе го развиеш истиот стил?
За да увидиш што ти се допаѓа а што не, треба да имаш некаква компарација.
За да го отфрлиш стилот кој ти го наметнувала мајка ти, требало да имаш и некои други примери, некои други насоки кои си ги забележала, одмерила и прифатила за свои.
Индивидуалноста, иако е индивидуалност и подразбира одвоеност од другите, сепак не се случува сама од себе.

Еве да речеме ти си сликарка и поставуваш нов правец, со сосема нови правила. како си дошла до тоа? Каде се фазите кои претходно си ги поминала истражувајќи?
Нели сето тоа е процес на учење?

И зошто, ако стилот навистина или го имаш или го немаш, личности кои се посочуваат како некакви репери за тоа што значи „да се има стил“ се секогаш личности кои на еден или друг начин поминале низ одредени претходни фази?

И на крај, што всушност е СТИЛ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Roxelana

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чуството за естетика кај некои е вродено, кај некои не и недостасува. Да, станува збор за различен вкус, односно ако за еден нешто е естетски убаво, за другиот не е, и обратно. Но, според мене не секој има чувство на естетика. На пример, ако ти се допаднат овие и би ги носел, немаш чувство за естетика:

ugly-shoe.jpg

Стилот се надоградува и се развива и најчесто се менува. Ретки се оние кои со години, па и децении остануваа на еден ист стил на облекување. Како што стилот се менува во модата, односно секоја година нешто друго е IN, така се менува и кај индивидуата. Гледаме списанија, модни ревии, серии, филмови, актери/ки, пејачи/ки, познати фаци, итн.

Најчесто еден стил е комбинација на повеќе работи. На пример, војничата униформа може да инспирира и, на пример принтот на камуфлажа е внесен во секојдневната мода. Истото важи и за разни култури, на пример каубојци чизми или шешир, или пак тексас кошула/јакна. Друг пример, до пред неколку денеции оделото се носело за формални моменти, а денес горниот дел - сакото се комбинира со тексас фармерки и по casual панталони. Друг вид на култура се музичките жанрови. Постои рокерски стил, раперски, итн.

Секако постојат толку уникатни стилови, што другите се обидуваат да ги копираат. Пример, Мајкл Џексон, Елвис Присли, најдобар пример Лејди Гага - ете неа ја инспирирало месарница и решила да се "облече" во парчиња месо. :giggle Мене најмногу ми влијаат музичари, за пример ќе си ја земам Хејли Вилијамс од Парамор. Така е во последниве 2/3 години, а кој знае што ќе биде во наредната, но со оглед на мојот стил во минатото, верувам дека ќе се смени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and TheKitten

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Чуството за естетеика кај некои е вродено, кај некои не и недостасува. Да, станува збор за различен вкус, односно ако за еден нешто е естетски убаво, за другиот не е, и обратно. Но, според мене не секој има чувство на естетика. На пример, ако ти се допаднат овие и би ги носел, немаш чувство за естетика:

ugly-shoe.jpg

Стилот се надоградува и се развива и најчесто се менува. Ретки се оние кои со години, па и децении остануваа на еден ист стил на облекување. Како што стилот се менува во модата, односно секоја година нешто друго е IN, така се менува и кај индивидуата. Гледаме списанија, модни ревии, серии, филмови, актери/ки, пејачи/ки, познати фаци, итн.

Најчесто еден стил е комбинација на повеќе работи. На пример, војничата униформа може да инспирира и, на пример принтот на камуфлажа е внесен во секојдневната мода. Истото важи и за разни култури, на пример каубојци чизми или шешир, или пак тексас кошула/јакна. Друг пример, до пред неколку денеции оделото се носело за формални моменти, а денес горниот дел - сакото се комбинира со тексас фармерки и по casual панталони. Друг вид на култура се музичките жанрови. Постои рокерски стил, раперски, итн.

Секако постојат толку уникатни стилови, што другите се обидуваат да ги копираат. Пример, Мајкл Џексон, Елвис Присли, најдобар пример Лејди Гага - ете неа ја инспирирало месарница и решила да се "облече" во парчиња месо. :giggle Мене најмногу ми влијаат музичари, за пример ќе си ја земам Хејли Вилијамс од Парамор. Така е во последниве 2/3 години, а кој знае што ќе биде во наредната, но со оглед на мојот стил во минатото, верувам дека ќе се смени.

Како се облекуваш и каква музика слушаш се само делчиња од целината.
Што значи Стил, како целина?
Што значи „да имаш стил“?
Кој збор би бил соодветна замена на зборот стил?

Значи не е муабетот ни за мода, ни за музика, ни за филмови, туку за нешто друго, посуштински анализирано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како се облекуваш и каква музика слушаш се само делчиња од целината.
Што значи Стил, како целина?
Што значи „да имаш стил“?
Кој збор би бил соодветна замена на зборот стил?

Значи не е муабетот ни за мода, ни за музика, ни за филмови, туку за нешто друго, посуштински анализирано.

Знам дека имаш некаква замисла во позадина и се трудиш да ме насочиш кон неа. :D Не знам со кој друг збор да го наречам стилот, можеби за некој тоа е одраз на подлабок дел од карактерот, душа, срце, whatever. Според мене стилот се одразува во повеќе работи, освен во облеката и како се носи таа облека и accessories. Може да се одрази на пример во (прво мене што ми текнува) е бирото, или работното место. Што има на него, од каков вид на канцелариски прибор, до украси и разни декорации, колку е натрупан и како е организиран, итн. Исто се одразува општо во домот, во изгледот на просториите.

Се на се, ако се согледаат сите тие работи цо разни области кај една индивидуа, (јас барем) постои чувство како да се познава таа персона. Секоја најмала работа укажува за нејзиниот/неговиот стил, а со тоа и за карактерот, да не речам каков е човекот.
 
gettin` there... :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Вкусот,
чувството за естетика и стилот се три различни поими кои зависат еден од друг.
Да почнеме од почеток.
Естетика според мене представува чувство за убавина и хармонија.
Вкусот збирка на лични предрасуди за одредени нешта.
Стилот е зависен од двете.
Немам дефиниција за стил.
Или ајде ќе се обидам да направам.
Стил(општо)=вкус + чувство за естетика+сопствени идеи.

Човечката единка се раѓа со одредена порција за вкус и естетика( тоа чувство е важно во случајов и го земам како пример).
Во текот на својот живот се сретнува со различни видови на стилови.
Значи тука доаѓа околината во прашање.
Се одлучува за еден стил или комбинација од повеќе стилови кои зависат од личниот вкус и чувство за естетика ако го има.
На тој начин го ствара својот стил кој би рекла зависи од околината
но сепак одлучна е сопствената индивидуалност.
Во текот на својот живот се движи во тој стилски правец внесувајќи свои или туѓи наметнати идеи за подобрување на истиот.
Затоа и одговорот на твојот пост:
До некаде си во право, но и не си.

На крајот,
како последно нашиот вкус и тоа чувство за естетика заедно со нашите идеи одлучуваат каков ќе биде нашиот личен стил.
Копиран, сопствен или пак воопшто нема да постои како таков.

Цитирам:
"Индивидуалноста, иако е индивидуалност и подразбира одвоеност од другите, сепак не се случува сама од себе."

Пс. Од кого е зависна индивидуалноста?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Пс. Од кого е зависна индивидуалноста?

дали индивидуалноста би ти била сосема иста кога би се родила и живеела на друго место, во поинакви услови, во друго време... ?

за другото попосле :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Стил потекнува од грчкиот збор - stylos што значи столб. Во овој случај тоа е оноа што би се дефинирала секоја една индивидуа.
Но секоја една индивидуа е под влијание на повеќе стилови од кои таа црпи нешто заедничко и го изградува како сопствен стил. Вкусовите тука делуваат како катализатори на изграденото. Ако имам нешто што ми се допаѓа, го вметнувам во мојот стил - оноа што би ме дефинирало. Со тек надводешните стилови се менуваат, со тоа и влијанијата па понатаму вкусовите (или пак личното перцепирање и примање на влијанието) за на крај лично си го промениме својот стил.
Тоа е вака во кратко за стилот.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
дали индивидуалноста би ти била сосема иста кога би се родила и живеела на друго место, во поинакви услови, во друго време... ?

за другото попосле :D
Дали ми го одговараш прашањето со прашање кое автоматски ме води до одговорот кој го очекуваш?
Одговорот би бил од околината:D

Но, сепак е индивидуалност.
Околината не може да ми ја наметне индивидуалноста, начинот на кој се облекувам,
воопшто( повторно се навраќам) личниот стил.
Под индивидуалност разбирам лице кое успева да се издигне- да остане единствен
од масата со свој единствен еманципиран начин на размислување, свои единствени идеи и слично.

Ќе одговорам и на примерот со сликарката кој го посочи прееска( немав време).

Таа Х сликарка,
се запишала во уметничко за да се развива во правецот на уметноста.
Учи и се запознава со различни стилови на уметност.
Се одлучува за еден стил.
Во тој случај го копира тој некој стил да би од идтиот или повеќе стилови, развила својот стил.
Во тој случај нејзината инспирација се други стилови.
Би рекла: Копија на мешавина од стилови.

Втор пример би бил:
Истата таа сликарка нема можност да се запише во уметничко, а има талент и желба за цртање.
Нема никаков допир со различните стилови на уметност.
На тој начин го следи она што го има во себе,
развивајќи свој единствен индивидуален стил на цртање.

Пс. Сепак ова не би значело дека сликарката од првиот пример би била лош сликар, а таа од вториот добар.
Сепак може да биде одлична сликарка со идејата која ја има: мешањето на другите стилови и со тоа развивањето на својот единствен.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Стил потекнува од грчкиот збор - stylos што значи столб. Во овој случај тоа е оноа што би се дефинирала секоја една индивидуа.
Но секоја една индивидуа е под влијание на повеќе стилови од кои таа црпи нешто заедничко и го изградува како сопствен стил. Вкусовите тука делуваат како катализатори на изграденото. Ако имам нешто што ми се допаѓа, го вметнувам во мојот стил - оноа што би ме дефинирало. Со тек надводешните стилови се менуваат, со тоа и влијанијата па понатаму вкусовите (или пак личното перцепирање и примање на влијанието) за на крај лично си го промениме својот стил.
Тоа е вака во кратко за стилот.
style (n.) c.1300, stile, "designation, title, manner or mode of expression," from Old French estile "a stake, pale," from Latin stilus "stake, instrument for writing, manner of writing, mode of expression," from PIE *sti-lo-, from root *sti- "point, prick, pierce" (see stick (v.)). Spelling modified by influence of Greek stylos "pillar." Meaning "mode or fashion of life" is from 1770; that of "mode of dress" is from 1814.

Therefore, could style be simply - expression?
:D
или обично речено - стилот е начин на себеизразување?
внатрешноста „изнесена“ надвор?
почнувајќи од начинот на будење наутро, начинот на пиење кафе, зборување, гестикулирање, начинот на сфаќање на светот, односот кон себе и кон другите.... итн итн?

би рекла дека секој има стил, но кај некој е јасно дефиниран, а кај некој не е. или нечиј е за мене допадлив, па велам го има, а нечиј ми е конфузен и безвезен, па велам дека го нема :D

дали, како и колку ќе успее да се дефинира, зависи од тоа колку личноста се спознала самата себе и колку притоа успеала да го изнајде вистинскиот начин за себе изразување.
а спознанието на себеси е и тоа како процес на учење.
шо би значело, дека сепак, стилот се учи?
само е потребен добар учител?