Српскиот репрезентивен голман Дарко Станиќ и следната сезона ќе брани за македонскиот шампион Металург, дознава Курир.
Според информациите, Металург успеал да се договори со германски Гепинген, Станиќ и следната сезона да остане во клубот од Автокоманда, а за возврат десниот бек Жарко Марковиќ ќе се пресели во Германија, како резултат на преддоговорот кој Станиќ го имаше со Германците.
Тренерот на Гепинген, српскиот стратег Велимир Петковиќ ја прифатил понудата на нашиот шампион наместо Станиќ во Гепинген да се пресели Црногорецот Марковиќ, кој беше еден од најдобрите ракометари на Металург сезонава.
Потврда за информациите до кои дојде Курир дојдоа и од клубот. Металург на официјалниот веб сајт потврди дека Станиќ останува во Металург во следните три сезони.
-Долгоочекуваната вест конечно стигна. Станиќ останува во Металург. Голманот на Металург потпиша нов тригодишен договор со нашиот клуб. Во правец на Гепинген оди Жарко Марковиќ. Таква размена договори управата на Металург со двочлената делегација на германскиот бундеслигаш, се вели во соопштението на клубот објавено на официјалниот сајт.