Станиќ останува во Маталург!

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Српскиот репрезентивен голман Дарко Станиќ и следната сезона ќе брани за македонскиот шампион Металург, дознава Курир.




Според информациите, Металург успеал да се договори со германски Гепинген, Станиќ и следната сезона да остане во клубот од Автокоманда, а за возврат десниот бек Жарко Марковиќ ќе се пресели во Германија, како резултат на преддоговорот кој Станиќ го имаше со Германците.
Тренерот на Гепинген, српскиот стратег Велимир Петковиќ ја прифатил понудата на нашиот шампион наместо Станиќ во Гепинген да се пресели Црногорецот Марковиќ, кој беше еден од најдобрите ракометари на Металург сезонава.
stanic500.jpg

Потврда за информациите до кои дојде Курир дојдоа и од клубот. Металург на официјалниот веб сајт потврди дека Станиќ останува во Металург во следните три сезони.
-Долгоочекуваната вест конечно стигна. Станиќ останува во Металург. Голманот на Металург потпиша нов тригодишен договор со нашиот клуб. Во правец на Гепинген оди Жарко Марковиќ. Таква размена договори управата на Металург со двочлената делегација на германскиот бундеслигаш, се вели во соопштението на клубот објавено на официјалниот сајт.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Убаво е што остана во Металург..се надевам и му посакувам многу успеси за Македонскиот клуб во иднина !! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Предлагам за да не се отвара тема за секоја спортска вест што ептен ни се допага или не допага,да се отвори една општа тема за спортски вести и таму да се сместат информациите како оваа.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Предлагам за да не се отвара тема за секоја спортска вест што ептен ни се допага или не допага,да се отвори една општа тема за спортски вести и таму да се сместат информациите како оваа.
Најпаметно е..ама бидејки немаше ја отворив како посебна тема...Избришете ја слободно :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Најпаметно е..ама бидејки немаше ја отворив како посебна тема...Избришете ја слободно :)
Не да ја избришат,само да се отвори таква и да се префрли таму,мада немам против за да си остане и како таква :*
Сепак сметам дека ке е попрегледно ако информациите се сместат во една тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum