Спалната соба е најинтимната просторија во домот. Нејзината декорација би требало да се поклопува со партнерите и да ја отсликува нивната личност.
Комотна, Практична, Визуелно убава и Раскошна. Моите замисли за тоа како би сакала да изгледа спалната соба не се баш во иста линија со моите просторски и финансиски можности

Да живеев во куќа со квадратура од прилика како White House и те како ќе си ја дизајнирав спалната соба, т.е спалните соби. Една едноставна и супермодерна, другата ориентална и полна со детали, но случајот не е таков. Во стан со 80-90 квадрата , ќе импровизирам за да ги постигнам горенаведените болдирани зборови


Во спалната најбитно ми е да има високи и големи прозори, сакам мнооогу светлина во таа соба. Би сакала Гооолем кревет со дебел душек и големи перници за да се чувствуваме како на облаци

За бојата ќе се одлучам покасно


Комбинација на светли пастелни бои и некои темни тонови, да смирува и никако да биде дречаво. Еве некои сликички.