Со Делукс, of course! Најевтини ми се, само во последно време нешто не им се работе изгледа. Прво, диспечерката ми крева, ми троше кредит а она си зборува со некој друг таксист таму и му кажува каде да одел. Второ, ако не им се допаѓа дестинацијата, имам приметено неколку пати ѕвонам кога каснам, дали им е многу блиску па не им се исплаќа не знам, ама ми викат Нема слободно такси. Значи секогаш кога ја кажувам истата дестинација секогаш ми го велат истото: нема слободно такси. А иначе се возев еднаш со еден таксист на подолга дестинација, си викам сега леле ќе ми земе 150-че или може и повеќе, плус заборавив нешто, па вртевме, го измачив човекот до даска и еден момент си викам готово ако не ти се развика еве на, на крај колку припреман му викам Колку? А он ми враќа: 60. И јас вака
Штета што не запамтив кое такси беше.