Што се однесува до мене, уште веднаш ќе го однесев на ветеринар. Најдов и контакт на ФБ и се тоа. Меѓутоа, татко ми е сосем друг случај и никако не можев да го убедам да го однесеме на лекар затоа што според него тоа би било смешно во ниедно време да носиме кутре и да вознемируваме некого. Инаку, пред малку го прегледаа: скршена му е десната нога, и има рани на повеќе места. Само ме изненади “професионалноста“ на ветеринарот кога не смееше ниту да се доближи до кучето, па морав јас да го држам (мало кутре е). Му удари 3 инекции и препорача витамини коишто треба да му ги даваме секојден. Рече дека ногата најверојатно ќе му зарасне, само не се знаело како ќе зарасне- зависело од начинот на движење. Дефинитивно го носам кај друг лекар.
Гази, такви работи имам, ама синоќа не ми дозволи да му се доближам, најверојатно од претрпениот страв. Како и да е, фала мн на советите.. Позз
Значи оваа статија ја пишав “во очај“ затоа што барав некаков совет, сличен на тој со апчето. За други информации, и ако те интересира што се случи, прочитај погоре. И друг пат, без судење. Фала, поздрав