Сообраќајна незгода со милениче

Enduu

Староседелец
4 септември 2012
23
7
603
28
Пред 1 час кучето ми го удари со кола еден таксист. Буквално се најде под задното тркало, а таксистот избега. Милсев дека е мртво, меѓутоа тоа било само онесвестено. Татко ми не сака да го однесеме сега на ветеринар затоа што ниедна вет. станица кај нас не работи 24 часа. Тоа има само 4-5 месеци, едвај се движи, има крв под шиичката (најверојатно му е расечена) и мислам дека предната нога му е скршена..само ме гледа со еден тажен поглед. Толку многу ми е жал, не знам каде ми е главата, цела вечер се нервирам и се каам што го поведов на прошетка, и стварно се чувствувам виновен. Многу го сакам и не знам што ќе ми се случи ако не дај боже до утре не преживее :(( Му дадов храна, не сака ни да ја помириса. Едноставно не можам да го гледам така. Оваа вечер за мене нема спиење и не знам како ќе го дочекам утрешниот ден да го однесам на доктор. Не знам, ако имате некакво искуство или утеха за мене - повелете, а за другите ПОУКА: Внимавајте на вашите миленичиња, секогаш држете ги под око. И јас не верував дека ова може на мене да ми се случи, меѓутоа, ако еднаш се случи нема да можете да си простите , исто како и јас..
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123

Аман па и ти како да умрел човек, мене така мачето ми го удрија само небеше таксист и ако знаеш кој е тој што работи кај вас како ветринар појди му дома јас така направив.
 
Enduu

Староседелец
4 септември 2012
23
7
603
28
Аман па и ти како да умрел човек, мене така мачето ми го удрија само небеше таксист и ако знаеш кој е тој што работи кај вас како ветринар појди му дома јас така направив.
Не вели така, поврзан сум со него, и да- исто како да ми е згазен пријател- човек. Истото мислење го делев како тебе порано- божем којзнае што да било штом згазиле куче/маче, меѓутоа сега откако и јас го доживеав истото, не ми е сеисто.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не вели така, поврзан сум со него, и да- исто како да ми е згазен пријател- човек. Истото мислење го делев како тебе порано- божем којзнае што да било штом згазиле куче/маче, меѓутоа сега откако и јас го доживеав истото, не ми е сеисто.
Ќе ти помине не се секирај за се има прв пат него не дреми на форумот однеси го на ветринарот таму кај вас што е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Enduu

Староседелец
4 септември 2012
23
7
603
28
Ќе ти помине не се секирај за се има прв пат него не дреми на форумот однеси го на ветринарот таму кај вас што е.
За жал, познавам само еден, а немам никаков контакт од него. ОСтанува да се андевам на подобро утре.
 
Baddy

Нов член
10 март 2014
4
3
3
33
Ахх алба албаа како човек да удрил..... чукни си ја главата малце.....Ендуу пробај малце дијазепам истолчи и стави му во уста со вода бар малце да се опушти...Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Enduu

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ахх алба албаа како човек да удрил..... чукни си ја главата малце.....Ендуу пробај малце дијазепам истолчи и стави му во уста со вода бар малце да се опушти...Поздрав
епа кога го прочитав насловот и почнав да читам прво на тоа помислив :zelen тоа и јас сакав да му го кажам ама не цело апче пола зш мало било кучето и не со вода со млеко нека проба ама нели гледаш на нему толку му е гајле поуба да пишува тука дебилни поуки и да го гледа како се мачи во болку отколку да појде до ветринар и еве ја се кладам дека несреќата се случила пред неколку саати а он цмизди овде како мн го сака а ништо не прај за да му помогне ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Пријателче, знам дека си поврзан со миленичето, никој нема ништо против тоа.
По мое, единствена помош ти е да фатиш да побараш контакт со некој ветеринар преку интернет... На фејсбук број од некоја ординација, од приватен ветеринар и сл.
И со гајда да го тажиш, тоа не го оправа кучето.
Ќе си најдиш ветеринар, ќе му земиш број, па и од друг колега што ќе ти препорача. Не е само сообраќајка ризик, моето испи штирак, па другото голтна стакло скршено, па чеклас му заглави во носот... се ќе видиш додека е мало, затоа стално сталожено изреагирај ако сакаш да го задржиш и обавезно дома чувај бетадин за рани, памук, газа... такви работи... Ајде поздрав, па кажи што бидна...
 
Што се однесува до мене, уште веднаш ќе го однесев на ветеринар. Најдов и контакт на ФБ и се тоа. Меѓутоа, татко ми е сосем друг случај и никако не можев да го убедам да го однесеме на лекар затоа што според него тоа би било смешно во ниедно време да носиме кутре и да вознемируваме некого. Инаку, пред малку го прегледаа: скршена му е десната нога, и има рани на повеќе места. Само ме изненади “професионалноста“ на ветеринарот кога не смееше ниту да се доближи до кучето, па морав јас да го држам (мало кутре е). Му удари 3 инекции и препорача витамини коишто треба да му ги даваме секојден. Рече дека ногата најверојатно ќе му зарасне, само не се знаело како ќе зарасне- зависело од начинот на движење. Дефинитивно го носам кај друг лекар.
Гази, такви работи имам, ама синоќа не ми дозволи да му се доближам, најверојатно од претрпениот страв. Како и да е, фала мн на советите.. Позз

епа кога го прочитав насловот и почнав да читам прво на тоа помислив :zelen тоа и јас сакав да му го кажам ама не цело апче пола зш мало било кучето и не со вода со млеко нека проба ама нели гледаш на нему толку му е гајле поуба да пишува тука дебилни поуки и да го гледа како се мачи во болку отколку да појде до ветринар и еве ја се кладам дека несреќата се случила пред неколку саати а он цмизди овде како мн го сака а ништо не прај за да му помогне ....
Значи оваа статија ја пишав “во очај“ затоа што барав некаков совет, сличен на тој со апчето. За други информации, и ако те интересира што се случи, прочитај погоре. И друг пат, без судење. Фала, поздрав
 
Последна промена од модератор: