Соговорник кој лаже

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имам јас другар, веќе не знае кај лаже, што лаже и кого лаже. Се случува дури и многу пати да се заборави и да ми раскаже случка што ми се десила мене а сум му ја раскажала него, како божем него му се случила и плус да си додаде и нешто плус во приказната. Прави сплетки лаже суши насекаде...

Еднаш како помали бевме во црква и пошто немаше свеќи каде да се купат го испративме него да побара од едни луѓе што седеа близу црквата. Замина да бара и се врати со неверојатна приказна како луѓето биле од странство и не го разбирале што збори а тој ги разбрал дека правеле муабет за светец што им се јавил на сон и ги натерал да дојдат баш во оваа црква во земјава. И демек нема смисла од нив да бара свеќи...
На одење, тие ни викаат добар ден... Тој само се распрашал за црквата.

Значи не е финтата што лаже, лажат сите, само неговите лаги се така исфилувани, измислени и невозможни што не можам да разберам зошто има потреба да го прави тоа. А можеше да рече само бев, ме фати срам и не прашав.. Или прашав немаа..
А и до ден денес го прави истото. И бетер.
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Има и околу мене ваков тип на луѓе. Јас сметам дека оние кои смислуваат лаги(кои најчесто се непотребни) не се задоволни од самите себе, животот не им е исполнет. Едноставно немаат самодоверба. Па ете на тој начин, преку смисливање приказни, мислат дека во нашите очи ќе бидат по кул. Има и онакви, кои од љубомора лажат. Зошто нели тие треба да се подобри. Ги препознавам лесно. Не ми треба список на кој пишува вака онака ќе препознаете. Човек кој збори со наведната глава лаже, човек кој постајано се удира во гради и нон стоп збори за себе исто така лаже.....
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Си имав и јас порано една другарка така што си подлжауваше. Уствари, таа сушеше..
Приказните беа толку проѕирно измислени, толку наивни, глупави... Некои претерано совршени.
Лажеше за се, за секоја тема. Всушност, сега кога се присетив можеби само го раскажувала животот кој сакаше да го има.
Не знам зошто го правеше тоа. Почнаа многу да ја избегнуваат, никој ништо не и велеше, ама никој не и веруваше. Но, таа упорно продолжуваше да лаже.
Две години не сум во контакт со неа, ама доволно добро ја запознав и верувам дека и на улица да се сретнеме ќе почне да ми раскажува некоја ванреална приказна.
Да ми κажеше неκој деκа ќе сρетнам ваκов човеκ, ниκогаш немаше да повеρувам..
Ама сега ова што го пρави новата κолешκа од ρабота ме плаши.
Лаже деκа е венчана, κој знае κај го нашла пρстенот. Аκо не е од пρабаба голем и е. Лаже деκа стигнала до доκтоρат (да стигнала до таму би идела ли во фабρиκа за 9000 да ρаботи!?) Од магистρатуρата сеκој ден κнига ми носи..
Сум ја фатила милион пати κај што ме гледа в очи и лаже и паκ наоѓа опρавданија ама не и веρувам веќе. И давам дознање деκа знам ама џабе.
Остај што сите и се смеат, најстρашно е што со толκава стρаст ги κажува лагите што почнува и сама да си веρува во нив..
А моја дρугаρκа е мажена за бρатучед нејзин и се ми κажа..
Она сите таκа ги лажела.
Споρед мене ова е болест.. :nah
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Патолошката лажливост е болест за која треба соодветна терапија и соодветен третман.
Патолошките лажливци треба да се сместат во соодветна установа.
Личноста треба да има некоја несреќа( најчесто сообраќајна) или да претрпи огромна траума за да стане патолошки лажливец.
Луѓето секако си подлажнуваат, но не веруваат во сопствените лаги.
Патолошкиот лажливец верува во сопствените лаги и ги користи како самоодбранбен механизам.
Според мене ова е и полоша состојба од шизофренија.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
So patoloshki lazgo ne pravam muabet i go skratuvam razgovorot na klimanje glava. Nemam ti ja vreme za lagi...
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Имам еден соговорник „другар“ кој пред доста време се фалеше дека дупел една наша комшика која ни беше лутка са насловне стране во маалото. И тоа наводно во неговиот подрум дур преточувал зелка, таа дошла и тоа се случило. Во ред така нека било, сето тоа беше под многу сомнителни околности за да би било вистина. Моментот кој го издаде е следниот, тој тврдеше дур го правел тоа таа се држела за канализациската цевка која поминувала под плафонот од неговиот подрум. Ги прибравме информациите и одлучивме да ја провериме веродостојноста на приказната. Следниот ден го побаравме родителот на соговорникот за да ни даде одредена алатка за која знаевме дека се чува на местото на настанот. Човекот без проблем ги зема клучевите и се симнавме во подрумот. Влеговме внатре и извршивме добро набљудување и востановивме дека дел од приказната не се совпаѓаше, во подрумот не постоеше ниту една цевка. Најдобриот момент беше соочувањето со соговорникот и периодот кој предстоеше после обзнанување на неговата лага. Ова е само еден пример во кој го разобличивме, не сакате да знаете за останатите. Е сега поентата, човекот не е променет воопшто и најверојатно оваа патологија прераснува во зависност да не речам болест. Позитивното што можам да го извлечам од сето ова е дека кога е тој во присуство предзивикува насмевки на лицето кога ќе почне да раскажува, ама што да правиш земјава трпи се, и јас не сум совршен бе. А, да го заборавив и ова, дечкото е доста успешен во кариерата и животот, чудни се патиштата господови или ѓаволски, сеедно.
 
Последна промена: