Соговорник кој лаже

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Сите сме се наоѓале во ситуација кога знаеме, осеќаме или логички е дека соговорникот лаже. Често пати сме во таква ситуација дури и на човек да му е НЕПРИЈАТНО да му рече на другиот “Де бре, лажеш сушиш“ а а овој ни срам ни перде да не лаже. Верувам повеќето знаете по некој патолошки лажго, јас имам еден пријател кој од порано го знаам, патолошки лаж, али во стилот, 3 дена не сме се виделе го прашуваш “Што те нема толку време“ и добиваш одговор, како бил на работа америка, 2 месеци, мислам оти и губеше помнење човекот па успеваше да тресне таква лага. Во ред, тоа настрана, муабетот е, начекав одамна една книга,во врска за лагите, пишувана од психолог, како точно да препознаете човек што лаже, е па на овој начин функционираат “детекторите за лага“. Запомнете, соговорник кој лаже е многу тешко да се открие, доколку личноста има вродена глума, па секогаш може да се извлечи од слични ситуации. Ова се дел од физичките карактеристики кои го оцртуваат соговорникот, но сигурно дека не се 100 % точни поради веројатноста и соговорник кој ја кажува вистината, да се најде во слична ситуација.

Изволте:

Никогаш повеќе излажан

  1. Лицето, кога зборува, физичкиот контакт го сведува до минимум.Прави мали движења со рацете, или воопшто не прави.Обично нозете се собрани, или пак малце опуштени.
  2. Рацете ги исправува само кон лицето или вратот.Никако не успева да ги допира градите со отворена дланка.
  3. Ако се обидува да изгледа опуштен, често пати помрднува со рамениците.
  4. Обично главата ја движи на механички начин.
  5. Времето и продолжителноста на емотивните гестови изгледаат забавени.
  6. Изразот на определени чуства се ограничува само на областа на устата (кога имитира среќа, радост, тага...)
  7. Лицето кое лажи, а претходно е обвинет за нешто, несвесно се приближува секогаш кон излезот.
  8. Нема желба да се исправи пред обвинителот и може да ја сврти главата или да се повлече.
  9. Човекот кој лажи,обично е подгрбавен, не стои со исправени рамења, или рацете надвор од џебот.( ова е и за оние кои имаат и лоши намери )
  10. Нема физички контакт во обидите да ве убеди (Обично кога се кажуува вистината, мавтаме со рацете, особено на некои делови кога највеќе сме се возбудиле од тоа.)
  11. Обично не покажува со прст кон другиот , што сака да го убеди во лагата.
  12. Доколку седи, несвесно поставува предмети пред својот обвинител.
  13. Кога нешто сте го прашале, ги повторува вашите зборови за да ја докаже мислата. (Пример. Беше ли денеска на школо? – Бев на школо и имавме тест.) Покрај што ја повторува вашата мисла, додава и некои факти.
  14. Никогаш не одговара директно на прашањето, обично ја извртува темата, се прави дека е вознемирен од прашањето, не се изјаснува.
  15. Може да го каже лажниот одговор нагласено, но никогаш да го каже отворено.
  16. Внимавајте на несоодветните реакции при поставеното прашање.
  17. Кога лаже зборува со монотон, неизразувачки глас.Обично прави и многу граматички грешки, кога не се осеќа сигурен дека ќе успее да ве излаже.
  18. Тврдењата во голем степен звучат како прашања, што е доказ дека говорникот бара поддршка.
  19. Проверете дали сомнителниот се фокусира за внатре или надвор.Доколку е сигурен во она што го кажува,се интересира повеќе за вашето разбирање, а помалце за тоа како ви изгледа.
  20. Гледната точка на трет човек најчесто недостасува во приказната на оној кој лаже.
  21. Подготвен одговара на прашањата, а не поставува свои.Доколку постави сепак се во врска со она што сте го прашале.
  22. Кога му поставувате прашање, а не е спремен за одговор, обично ги користи овие изрази:
    -Дали би го повториле прашањето?
    -Зависи што точно планирате...
    -Што сакаш конкретно да ти кажам?
    -Зошто те интересира тоа?
    -Од кај разбра за тоа?
    -Мислам дека и двајцата го знаеме одговорот на тоа прашање.
    -Не е лесно да се објасни.
    -Знаеш да молчиш?
  23. Се прави дека не им верува ни на своите уши, па ве препрашува.
  24. Своето тврдење, го започнува со Не сакам да ме разбериш дека....
    (Често пати сака токму тоа да го помислите)
  25. Употребува хумор, се изразува духовито за да ги исфрли вашите сомневања.
  26. Доколку успее за едно нешто да ве излаже што кажал, другото се е сомнително.
  27. Случката која ви ја раскажува е толку празна што одвај верувате.
  28. Гледајте го лицето право во очите.Тогаш ќе се чуствува несигурно што нема да може да продолжи со лагата.
 
ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
аааа стално ги сеќавам тие шо лажат ... одма се познава и по пола сат да го прашаш ке незнај да ти кажи :eek: и му викам немој да ме лажиш оти лажиш ... ако ми е некој/а блиска/близок другар/ка .. а ако некој го сетам уште од почеток да ме лажи толку со него нема поќе муабет ни сакам да комуницирам ... а премногу мразам личности шо за без врска си прат филмчиња :banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
сум ја читала книгата Говророт на телото,има многу инструкции како да фатите некој што лаже....но има многу добри глумци што нема ни да се посомневаш дека лажат....секоја им чест на таквите :eek:
 
Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Многу ми е интересно коа знам дека некој лаже не дека нешто интуиција ми кажува туку коа знам на овој или оној начин што точно се случило и искрено ми иде смеење :rofl...али не сум човек со може да ќути и да се праи на будала и обично коа и на моја штета е им плеснувам у лице дека знам дека лажат..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and JaMi

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Си имав и јас порано една другарка така што си подлжауваше. Уствари, таа сушеше..
Приказните беа толку проѕирно измислени, толку наивни, глупави... Некои претерано совршени.
Лажеше за се, за секоја тема. Всушност, сега кога се присетив можеби само го раскажувала животот кој сакаше да го има.
Не знам зошто го правеше тоа. Почнаа многу да ја избегнуваат, никој ништо не и велеше, ама никој не и веруваше. Но, таа упорно продолжуваше да лаже.
Две години не сум во контакт со неа, ама доволно добро ја запознав и верувам дека и на улица да се сретнеме ќе почне да ми раскажува некоја ванреална приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Во право си целосно за ова. фактички патолошките лажговци го раскажуваат животот што сакаат да го имаат, преправајќи се дека тоа им се случува. Пред една дискотека, кај што одат по вип фаци, значи оние што имаат поеќе кеш, го гледам еден комшија мој застанат со пријател негов пушат цигара со другава багра. Океј, се поздравувам али типов е патолошки лажго викам, шо има, еве вика на цигара излеговме, жешко е внатре гужва има,дрн дрн, океј заминав, и сеа знаев дека ќе матка нешто и се смешаа во гужвата пред кафич, по 10 мин заминаа. Фактички НЕ НИ ВЛЕГОА ВО КАФИЧОТ туку само испушија цигара пред кафич и се поздравуваат со сите, и после то следува вртење 10 круга низ шеталиште и прибирање дома:)

Друго, обично ги сеќавам лажовите, и како и секој не сакам да ми врти никаков муабет, али некогаш се напаст па мораш да издржиш некое време да треска зелени. Најмногу ме иритира лаги од материјален карактер. Имам ова, имам она, имам вака, сум праел тоа, али луѓето некогаш не умеат со бројките, па се случува да каже зелена “Испив 4.000 евра во една кафана“. Е сеа тука удираме математика дека ако кило коњак, просек е 1000 денари, еве ќе речеме оти пиел џек даниелс, и платил просек 6000 денари максимум а може и поеќе - пример. 4000 евра помножени грубо по 60 денари евро, е 24000 денари. Поделено на 6.000 денари тоа се 40 литри џек даниелс, кој не верувам да го собери. И да пиела цела кафана, пак нема да се испие толку. Така да, ако начекате таков, не бидете вие рамо за плачење, и не дозволувајте неговата болна фантазија да ја претрочува во лажна реалност на вас, поточно нека лечи комплекси на себе си. Сите имаме фантазии за друг живот, само не ги изразуваме. Си ги чуваме во нас и чекаме на нас да ни се случат и да бидат реалност. Кај овие луѓе замислата е друга и се што им се случува обратгно од замисленото ги погодува психичкји па почнуваат фантазијата да ја точат како реалност на други лица. Понатаму овие лица стануваат веќе и шизофреничари...и станува збор за психолошки проблем.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
sphinx Патолошки лажго е сериозна работа. Знаеш што е тоа нели? Тоа е лажго кој не само што тебе те убедува во својата лага, туку дури и самиот верува во неа. Јас имав еден пријател со кој се дружев пред некоја година и забележав дека тој е баш тоа, патолошки лажго.
Јас лесно можам да препознаам кога некој ме лаже без говор на тело туку чисто по интуиција и досега ретко некој успеал да ме излаже. Најлесно препознавам лаги поради тоа што имам одлична меморија и лесно можам да се потсетам на нешто што ми кажале претходно и да споредам која е логичноста да се случи нештото што ми го кажуваат сега. Сум препознавал дури и добро прикриени лаги во кои учествувале повеќемина. Општо не верувам скоро никому и кога правам муабет или запознавам некого прво што помислувам е дека можеби ме лаже и барам начин да си докажам дека ме лаже. Ако успеам, тогаш го прекинувам соговорникот и му велам во лице дека ме лаже. Ако не успеам да си докажам, седнувам дома и анализирам убаво и обично согледувам дека повеќето од луѓето лажат за секакви работи, почнувајќи од ситници до ептен големи работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
има и такви луѓе ин мај лајф...едноставно престанав да се дружам со нив, зш знам дека а отвори уста а излаже...шо ќе ми се такви?
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
sphinx Патолошки лажго е сериозна работа. Знаеш што е тоа нели? Тоа е лажго кој не само што тебе те убедува во својата лага, туку дури и самиот верува во неа. Јас имав еден пријател со кој се дружев пред некоја година и забележав дека тој е баш тоа, патолошки лажго.
Јас лесно можам да препознаам кога некој ме лаже без говор на тело туку чисто по интуиција и досега ретко некој успеал да ме излаже. Најлесно препознавам лаги поради тоа што имам одлична меморија и лесно можам да се потсетам на нешто што ми кажале претходно и да споредам која е логичноста да се случи нештото што ми го кажуваат сега. Сум препознавал дури и добро прикриени лаги во кои учествувале повеќемина. Општо не верувам скоро никому и кога правам муабет или запознавам некого прво што помислувам е дека можеби ме лаже и барам начин да си докажам дека ме лаже. Ако успеам, тогаш го прекинувам соговорникот и му велам во лице дека ме лаже. Ако не успеам да си докажам, седнувам дома и анализирам убаво и обично согледувам дека повеќето од луѓето лажат за секакви работи, почнувајќи од ситници до ептен големи работи.

Jaс сепак едно сум сигурен дека има толку добро “глумење“ кога лажи некој што тешко и да го сетиш човек дека те лажи,али муабетот е за одредеи луѓе/ситуации. Незнам дали е психолошко пореметување или фаза на пубертет (закаснат навремен било каков) со патолошкото лажење точно како ти што го опиша другар ти. 100 пати повторена лага станува вистина,ама кога ќе разгледаш што збори и милион пати да ја повтори не може да те убеди:) Имав еден таков и погоре е спомнат, секогаш знаеше некоја фикс идеја да кажи, нешто зелено да лупни ама веќе го откривме, еднаш вистината има една страна,друг пат друга страна, па многу пати и следуваше некое врзување кое нема веза со реалноста.

Последно ми пукна филмот, незнам која фрустрација си ја лечеше типот, таксист , ме вози и ми кажува работел по светот, пари полн бил, како што кажа требаше да е побогат и од цела држава, и му викам, па зашо возиш такси, вели аа па онака, од занимација. :banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ГоспоТ

Ехее тие муабети со таксистите:) Јас имам сретнато таксист кој што има свирено со Влатко Стефановски:D има завршено електро факултет, друг еден денски бил адвокат а навечер возел такси...ехееее лани цела година се возев со такси до автобуска и до студентскиот кај што седев па се изнаслушав секакви приказни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem