Сите сме се наоѓале во ситуација кога знаеме, осеќаме или логички е дека соговорникот лаже. Често пати сме во таква ситуација дури и на човек да му е НЕПРИЈАТНО да му рече на другиот “Де бре, лажеш сушиш“ а а овој ни срам ни перде да не лаже. Верувам повеќето знаете по некој патолошки лажго, јас имам еден пријател кој од порано го знаам, патолошки лаж, али во стилот, 3 дена не сме се виделе го прашуваш “Што те нема толку време“ и добиваш одговор, како бил на работа америка, 2 месеци, мислам оти и губеше помнење човекот па успеваше да тресне таква лага. Во ред, тоа настрана, муабетот е, начекав одамна една книга,во врска за лагите, пишувана од психолог, како точно да препознаете човек што лаже, е па на овој начин функционираат “детекторите за лага“. Запомнете, соговорник кој лаже е многу тешко да се открие, доколку личноста има вродена глума, па секогаш може да се извлечи од слични ситуации. Ова се дел од физичките карактеристики кои го оцртуваат соговорникот, но сигурно дека не се 100 % точни поради веројатноста и соговорник кој ја кажува вистината, да се најде во слична ситуација.
Изволте:
Никогаш повеќе излажан
Изволте:
Никогаш повеќе излажан
- Лицето, кога зборува, физичкиот контакт го сведува до минимум.Прави мали движења со рацете, или воопшто не прави.Обично нозете се собрани, или пак малце опуштени.
- Рацете ги исправува само кон лицето или вратот.Никако не успева да ги допира градите со отворена дланка.
- Ако се обидува да изгледа опуштен, често пати помрднува со рамениците.
- Обично главата ја движи на механички начин.
- Времето и продолжителноста на емотивните гестови изгледаат забавени.
- Изразот на определени чуства се ограничува само на областа на устата (кога имитира среќа, радост, тага...)
- Лицето кое лажи, а претходно е обвинет за нешто, несвесно се приближува секогаш кон излезот.
- Нема желба да се исправи пред обвинителот и може да ја сврти главата или да се повлече.
- Човекот кој лажи,обично е подгрбавен, не стои со исправени рамења, или рацете надвор од џебот.( ова е и за оние кои имаат и лоши намери )
- Нема физички контакт во обидите да ве убеди (Обично кога се кажуува вистината, мавтаме со рацете, особено на некои делови кога највеќе сме се возбудиле од тоа.)
- Обично не покажува со прст кон другиот , што сака да го убеди во лагата.
- Доколку седи, несвесно поставува предмети пред својот обвинител.
- Кога нешто сте го прашале, ги повторува вашите зборови за да ја докаже мислата. (Пример. Беше ли денеска на школо? – Бев на школо и имавме тест.) Покрај што ја повторува вашата мисла, додава и некои факти.
- Никогаш не одговара директно на прашањето, обично ја извртува темата, се прави дека е вознемирен од прашањето, не се изјаснува.
- Може да го каже лажниот одговор нагласено, но никогаш да го каже отворено.
- Внимавајте на несоодветните реакции при поставеното прашање.
- Кога лаже зборува со монотон, неизразувачки глас.Обично прави и многу граматички грешки, кога не се осеќа сигурен дека ќе успее да ве излаже.
- Тврдењата во голем степен звучат како прашања, што е доказ дека говорникот бара поддршка.
- Проверете дали сомнителниот се фокусира за внатре или надвор.Доколку е сигурен во она што го кажува,се интересира повеќе за вашето разбирање, а помалце за тоа како ви изгледа.
- Гледната точка на трет човек најчесто недостасува во приказната на оној кој лаже.
- Подготвен одговара на прашањата, а не поставува свои.Доколку постави сепак се во врска со она што сте го прашале.
- Кога му поставувате прашање, а не е спремен за одговор, обично ги користи овие изрази:
-Дали би го повториле прашањето?
-Зависи што точно планирате...
-Што сакаш конкретно да ти кажам?
-Зошто те интересира тоа?
-Од кај разбра за тоа?
-Мислам дека и двајцата го знаеме одговорот на тоа прашање.
-Не е лесно да се објасни.
-Знаеш да молчиш?
- Се прави дека не им верува ни на своите уши, па ве препрашува.
- Своето тврдење, го започнува со Не сакам да ме разбериш дека....
(Често пати сака токму тоа да го помислите) - Употребува хумор, се изразува духовито за да ги исфрли вашите сомневања.
- Доколку успее за едно нешто да ве излаже што кажал, другото се е сомнително.
- Случката која ви ја раскажува е толку празна што одвај верувате.
- Гледајте го лицето право во очите.Тогаш ќе се чуствува несигурно што нема да може да продолжи со лагата.