Скептикот за љубовта .

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Како е можно да си толкав антиромантичар? И како тоа не постои љубов? Љубовта е сè околу нас, љубовта е воздухот кој го дишеме, храна која нè одржува во живот… БЉАК! Наместо на малите девојчиња да им ги перат мозоците со принцеви на бели коњи, треба да ги учат да велат „Бљак“ на вакви глупости! Заради тие глупави сказни, по светов шетаат избезумени, „заљубени“ и побудалени тинејџерки, зависни од тоа да имаат дечко, зашто без љубов не се живеело… чисто информативно, мене ми успева веќе цели 20 години. Не, не зборам за љубов кон семејството, туку за онаа која луѓето најчесто погрешно ја дефинираат.

Љубовта не се наоѓа во трнот на розата, ниту во бакнежот на принцот, а ја нема ни во изгубената чевличка… и фала Богу, еден најобичен крекач како што е жабата нема никогаш да се претвори во принц, па ако ви е ќеф, бакнувајте водоземци со надеж дека во иднина би биле нешто друго! Тоа се сказни и фантазии, кои треба да бидат строго одделени од реалноста.Јас верувам во љубов, ама во вистинска, силна, исконска љубов, која не секој ја наоѓа и не секој кој ќе ја најде знае да ја цени. Не верувам дека се појавува од зад аголот, дека ќе ти тропне на врата и ќе ти рече: „Јас сум вистинската љубов, пушти ме да влезам“. И не мислам дека љубовта ти ја нудат на послужавник, така можеш само да си порачаш еден добар коктел, ама не љубов!

Вистинската љубов нема да те натера да се откажеш од она што навистина си, нема да ти поставува услови, не е себична… Поради тоа што ова чувство е толку силно и волшебно, веќе почна да му се губи секаква смисла, да се користи за да се добие нешто, да се заработи, за некој да си оствари некаква цел… Баш ме интересира, како гледате љубов во листови од рози поставени на креветот од страна на дечко чија единствена цел му е да ја „легне“ девојката, кај е тука романтиката? И фала Богу, оваа ќе се стопи и ќе „падне“ на гестот, зашто ја учеле да си го чека принцот, па лошата дефиниција за љубов и романтика ја попречиле да сфати дека тој е само коњ!

Љубовта е дефинитивно потценета, и тоа ме прави уште поголем скептик, ме иритира и станувам бунтовна. На луѓево сè им е љубов! По музичките канали само љубовни песни и балади фрчат. Најтрагичното е тоа што можеби половина од оние кои пеат за љубов никогаш вистински не ја искусиле… кои лицемери! Секој самопрогласен филозоф „тропа глупости“ за љубовта… Секоја втора тинејџерка мисли дека е вљубена, кубе коси, сече вени… Има 16 години, ама после него нема да љубела повторно. Ми се лоши! Алоо, нормална си ти, свесна си дека имаш 16 години, или треба некој да ти нацрта?!

Деца сте, уживајте во детството! Сето тоа го прави општеството, тоа глупаво прославување на денот на вљубените и слични глупости. На вистинските вљубени, секој ден им е ден на вљубените. Тие не чекаат одреден датум за да си посветат внимание и не мора тоа да го поделат со целокупното општествено опкружување. Вистинскиот романтичар би требало да биде оригинален, на посебен начин да ја истакне љубовта, со авантура, со страст, со нешто необично, не со „lame“ потег од праисторијата. Љубовта е нешто многу посебно и свето, затоа се вознемирувам кога ја спомнуваат во глупави контексти, кога ја потценуваат, ја прават да биде толку честа и лесна за пронаоѓање.

Ги жалеле луѓето кои не веруваат во љубов, но јас ги жалам оние кои мислат дека ја има насекаде. Се затрескуваат три пати дневно, а кога ќе им се случи тоа, веќе не се паметни личности, дури и да имале коефициент на интелегенција колку Ајнштајн. Зашто тоа што вие го дефинирате како пеперутки во стомакот, мене ми се цицачи на разумот.

Постои љубов, она чувство кое го имате за вашето семејство, за родниот крај… тоа е љубов. Во меѓувреме не ми е во план таа љубов да ја потценам изедачувајќи ја со некаква моментална возбуда или инстинкт! Можеби ќе го пронајдам оној кон кој ќе чувствувам вистинска љубов, а можеби ќе треба да се задоволам со чувството на почит, разбирање и она кога некој ти е мил…

Драги мои, нека не ве залажува насловот, јас не ви велам да не верувате во љубовта, туку да бидете претпазливи, да ги разграничувате чувствата, секогаш да им пристапувате со доза на свест и разум, и најважно од сè, да не заборавате да се цените себеси… колку и да го/ја сакате, сакајте се себе повеќе!

преземено од тука
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Пред се едно огромно БРАВО за темата (bravo) . Ме вадат од такт 16 годишни и помали (иако јас имам 15) кои се затрескуваат во секој кој ќе го сретнат на улица и се акаат од земи и пискат дека се заљубени а уствари ниту името не му го знаат за човекот. И полсе викаат дека нема живот за нив се е завршено..........бла блааа глупости. Ама сепак треба да се има мала доза на романтика во секоја врска за да биде поинтересно но да се запази тоа да не премине во тешки патетики. Јас се чудам зошто толку тешко можам да се заљубам во некој ама изгледа воопшто и не треба да се чудам зошто оној на кој навистита треба да се предадеш во секоја смисла на зборот пред се треба да заслужи и да ја покажи љубовта со дела а со лигавење и со цуци-муци.
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Љубовта е лек ко Nestle, за палаво дете. Но неретко знае да биде тажна ко лист што паѓа во есен.
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Единствената хармонија ја постига оној човек кој ја сака љубовта. Тој кој ја мрази е исто така контрадикторен и дисхармоничен. Впрочем, секаде каде што се појавува омразата очигледно има дисхармонија, и неможе да има љубов. Нашите чуства спрема чуствата ни покажуваат во кој правец треба да се движиме. А тој правец е...
Сакајте ги луѓето! Особено оние што вредат да бидат сакани... Што никогаш нема да ве повредат... Што секогаш ќе знаат да сочуваат барем мала трошка разум и свест за да не ве повредат. Затоа што знаат, свесни се дека во вас постои едно суштество слично на нив. Жедно за љубов. Жедно за убавина и хармонија.