Јас сум бил и секогаш сум за науката , овие работи кои се општоприфатни а не се потврдени од науката не ги толерирам. Дали може освен оваа псеудонаука да напишете нешто потврдено со факти?
Берил сам по себе не може да ти помогне во никакви воспаленија ниту пак се врзува со нервниот систем и ти ја забрзува реакцијата, но кога ќе додадеме малку Плацебо ефект, сето тоа станува логично и се објаснува од страна на науката.
КОГА КЛИКНАВ НА ЛИНКОТ ОД ОВОЈ ФОРУМ ОЧЕКУВАВ ДА НАИДАМ НА ЕДУЦИРАНИ И ИСКУСНИ КОЛЕКЦИОНЕРИ НА КРИСТАЛИ ШТО ГИ ЗНААТ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СИТЕ КРИСТАЛИ, НО ЗА ЖАЛ НАИДОВ НА ПРИПАДНИЧКИ НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ШТО ВЕРУВААТ ВО ПСЕУДОНАУКА, ШТЕТА!
WOW, зарем верувате во ова.Во астрологијата, за секоја планета и ѕвезда се врзува одреден скапоцен камен или благороден метал кој е во склад со некој хороскопски знак. Правилно избраниот скапоцен камен може, не само да ти донесе среќа ако го носиш, туку и да те заштити од негативните влијанија.
Аквамаринот е варијација на Берилот (Берилиум алуминиум циклосиликат) со мали примеси на железни јони што му ја даваат таа прекрасна боја.
Аквамарин
е скапоцен камен за родените во знкот на Скорпија, а може да го носат и родените во знакот на Бик. Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Освен тоа ќе те поттикне на брза интелектуална реакција. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.
Берил сам по себе не може да ти помогне во никакви воспаленија ниту пак се врзува со нервниот систем и ти ја забрзува реакцијата, но кога ќе додадеме малку Плацебо ефект, сето тоа станува логично и се објаснува од страна на науката.
Оф леле.. Телепатија, психички способности... КАКО ДА НЕ! Целата индустрија со скапоцени камења започнала поради нивниот убав изглед, но кога некој почнал да измислува работи за нив (Помага за хххх. Го засилува ххххх. Ја подобрува ххххх. Одговара со хххх хороскопски знак....), и што е најважно- се нашле некои што не се запрашувале дали е ова вистина и верувале слепо на информациите што ги добивале, почнале да веруваат во нешто што нема смисла. Кога некој видел дека со вакви лаги може да се збогати, лагите се шират...
Аметист
е познат како „доброчинител„, посебно ако си родена во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако го носиш како амајлија ќе те заштитува од сите видови зависност. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Го поттикнува мирниот сон и медитацијата.