Скапоцени камења и минерали

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Правилно избраните благородни каменчиња можат да ти донесат среќа и да те заштитат од негативни влијанија. Верувањето во дејството на скапоцените и полускапоцените каменчиња и благородните метали врз судбината на човекот е многу старо. Човекот отсекогаш изработувал амајлии за среќа, за љубов, за мир, за заштита...

Во астрологијата, за секоја планета и ѕвезда се врзува одреден скапоцен камен или благороден метал кој е во склад со некој хороскопски знак. Правилно избраниот скапоцен камен може, не само да ти донесе среќа ако го носиш, туку и да те заштити од негативните влијанија.

Според месецот на раѓање:
Јануари: гранит и розов кварц;
Февруари: аметист, оникс;
Март: аквамарин, црвен јаспис;
Април: дијамант, горски кристал, кварц;
Мај: смарагд, кризопарс;
Јуни: бисер, месечев камен (селенит);
Јули: рубин, карнелиан, жад;
Август: перидот, авентурин, сардоникс, сафир;
Септември: сафир, ахат, лапис лазули;
Октомври: опал, розов турмалин;
Ноември: жолт топаз, цитрин, тиркиз;
Декември: тиркиз, лапис лазули.

Според хороскопскиот знак ти одговара:


Овен: дијамант, јаспис;
Бик: тиркиз, сафир, аквамарин, дијамант, хематит;
Близнаци: ахат, бисери, тигрово око, топаз;
Рак: смарагд, месечев камен, бисери;
Лав: турмалин, сардоникс, оникс, килибар;
Девица: јаспис, гранит, карнелиан, жад, цитрин;
Вага: опал, лапис лазули;
Скорпија: аквамарин, гранат, рубин, дијамант;
Стрелец: сафир, аметист, тиркиз, топаз;
Јарец: рубин, ахат, гранит, лапис лазули;
Водолија: гранит, опал, аметист, тиркиз;
Риби: горски кристал, сафир, аметист, аквамарин


GH468.jpg

Аквамарин

е скапоцен камен за родените во знкот на Скорпија, а може да го носат и родените во знакот на Бик. Со својата зеленкасто-сина боја го поттикнува чувството за верност и постојаност во љубовта. Познат е како камен на храброста и гордоста. Освен тоа ќе те поттикне на брза интелектуална реакција. Смирува, намалувајќи ја комуникацијата и ја заштитува аурата. Според некои верувања има лековити својства при воспаление на грлото, непцата, цревата и црниот дроб. Помага при забоболка.

2738_0.jpg

Аметист

е познат како „доброчинител„, посебно ако си родена во знакот на Риби. Ова е камен на среќата кој ги красел прстите на највисоките свештеници. Има смирувачко дејство и го подобрува расположението. Ако го носиш како амајлија ќе те заштитува од сите видови зависност. На духовно ниво аметистот ја засилува телепатијата и другите психички способности. Го поттикнува мирниот сон и медитацијата.

aventurin_armband.png


Авентурин
ја развива креативноста и менталната чистота. Ја зголемува благосостојбата и носи успех во учењето и кариерата, помага да ги видиш алтернативните решенија во секоја ситуација. Дава мир, рамнотежа, внатрешна сила и ја зголемува радоста. Носи среќа, посебно во игрите на среќа. Позитивно влијае на крвта, циркулацијата, главоболката и нарушениот сон. Ја штити чакрата на срцето.

Citrin-Anhaenger.jpg


Цитрин

е едно од ретките каменчиња кое ја уништува негативната енергија и не е потребно чистење и миење. Топлата енергија го поттикнува оптимизмот, го привлекува богатството и помага да го задржиш. Добро е за ментално фокусирање, издржливост и самопочитување. Цитринот е познат како камен на успехот. Поврзан е со менталната бистрина, довербата, среќата, веселбата, и чувството на моќ. Воопштено се смета за заштитен камен. Го помага празнењето на цревата и ги елиминира кошмарите.


nakit-od-tirkiz.jpg



Тиркиз е прекрасен азурен камен за родените во знакот на Бик, Стрелец и Водолија. Ја симболизира љубовта и богатството. Често се подарува на веридба и венчавка. Ако го носиш ќе те смирува во напнати ситуации, расправии и ќе ти ги зацврсти пријателствата. Индијанците го сметаат за свет камен поврзан со времето. Ја поттикнува искреноста и комуникацијата на срцето. Штити од загаденоста на околината и донесува исполнување и благосостојба. Познат е како главен исцелителски камен зашто го забрзува оздравувањето. Моќен е за вземјување и воопшто за заштита. Ќе те активира ако по природа си повлечена. Корисен е за мускулите, регенерација, стрес и главоболка.

il_340x270.595517889_r0us.jpg


РОЗОВ КВАРЦ е познат како камен на љубовта, дава нежност, толеранција, простување. Смирува, помага во ослободување од насобранито бес, лутина, љубомора, старв. Ја заменува негативноста со хармонија. Делува на срцето, крвотокот, ја подобрува работата на бубрезите; ја ревитализира кожата. Ако го носиш може полесно ќе се ослободиш од вишокот на килограми. Корисен е против несоница, штити од штетни подземни зрачења, па затоа е корисно да го чуваш во твојата соба над креветот. Ќе те исполни со љубов и среќа, влијае на отстранување на опсесии и психози, ја хармонизира енергијата и ја отстранува аритмијата на срцето.

73692.jpg

ЛАПИС ЛАЗУЛИ е камен посветен на родените во знакот на Вага. Го нарекуваат „камен на радоста„. Ја продлабочува љубовта и пријателството. Лапис лазулитот носи искреност, отвореност, внатрешна моќ, интуиција, креативност, мажевност. Го засилува умот, телото и ја зголемува свесноста и духовната врска. Ќе ти помогне да го организираш секојдневието и да го смириш и ангажираш немирниот ум. Лаписот помага да ја изградиш самодовербата и традиционално е кралски камен. Ако го носиш ќе ја привлече и засили љубовта и верноста на момчето. Лаписот е добар заштитник од физички и психички повреди. Корисен е за синуси, главоболка, нервите, говорни маани, хипофизата, ги олеснува сите болки.

21UvSDdSg-L.jpg


МЕСЕЧЕВ КАМЕН (селенит) е амајлија за родените во знакот на Рак. Има сини тонови за кои се смета дека носат среќа, а посебно на заљубените. Месечевиот камен ја зголемува женската енергија, чувствителноста, интуицијата, психичките способности. Штити при патување со брод. Поврзан е со сите видови љубов. Позитивно делува на хипофизата, цревниот систем, дебелината, при задржување на течност во организмот, хормонски пореметувања, менструални проблеми. Камен на чистота, надеж, желба за нов почеток, помага од универзумот да го земш она што ти треба.

1.jpg


ОПАЛ е скапоцен камен кој со својот прекрасен шарен изглед им дава надеж и спокојство на родените во знакот на Вага и Бик. Опалот ја поттикнува фантазијата и креативноста. Ќе ти помогне да се ослободиш од стегите и ќе ти ја зголеми меморијата. Влијае на духовноста, ако го набљудуваш ќе ти ја засили моќта да ја решиш неизвесноста на некои настани. Ќе ти донесе убави и среќни сништа. Го олеснува процесот на промени. Добар е за видот.

saphir-edelstein-herzschliff.jpg

САФИР
со својата проѕирна азурно-сина боја како да повикува на прибраност и медитација. Корисен е за родените во знакот на Бик и Јарец. Сафирот е камен на креативното изразување, интуицијата, медитацијата и зголемување на работите. Корисен е за ментална бистрина и против депресија. Лекува треска и висока температура и проблеми со слухот.





ова е само дел од нив и нивното значење...

љубители,колекционери повелете...вие сте на ред...
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
моето мало срце Lapis Lazuli

ЛАПИС ЛАЗУЛИ е камен посветен на родените во знакот на Вага. Го нарекуваат „камен на радоста„. Ја продлабочува љубовта и пријателството. Лапис лазулитот носи искреност, отвореност, внатрешна моќ, интуиција, креативност, мажевност. Го засилува умот, телото и ја зголемува свесноста и духовната врска. Ќе ти помогне да го организираш секојдневието и да го смириш и ангажираш немирниот ум. Лаписот помага да ја изградиш самодовербата и традиционално е кралски камен. Ако го носиш ќе ја привлече и засили љубовта и верноста на момчето. Лаписот е добар заштитник од физички и психички повреди. Корисен е за синуси, главоболка, нервите, говорни маани, хипофизата, ги олеснува сите болки.


ШТО ПОТЕМЕН Е ТОЛКУ ПОСКАПО ЧИНИ,АКО Е ПОСВЕТОЛ Е ПОЕФТИН

ОВОЈ МОЈОВ ОД ГЕРМАНИЈА ГО КУПИВ СО СЕ ВРВЦА МЕ КОШТАШЕ НЕКАДЕ ОКОЛУ 360 ДЕНАРИ
lapislazuli.jpg
 

Прикачувања

  • Foto am 01-06-2014 um 11.25.jpg
    Foto am 01-06-2014 um 11.25.jpg
    79.9 KB · Прегледи: 9

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Имав порано ваков камен жад го носев како ланче
можам да кажам дека многу ми помагаше и навистина ми носеше среча
но надвор коа игравме баскет ми се скрши а сега незнам од каде да купам пак
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Драгоцените и полудрагоцените камења, освен за разубавување, низ векови биле дел од алтернативната медицина во многу култури и служеле за лекување како и на телото така и на енергијата и духот. Служејки се по нивното искуство, луѓето сватиле дека различните камења имаат различни својства и делуваат различно на секој човек. Почувствувале дека дури и несвесно, некои од камењата прикачени на накитот кој го носеле, им го менува расположението, емоциите, внатрешната енергија и физичкото здравје. Исто така откриле дека некои камења имаат поголемо влијание на луѓето припадници на одреден хороскопски знак.
Колку вие верувате во нивната моќ. Кој е вашиот камен?

Еве неколку полудраги камења, нивното значење и мал дел од легендите и верувањата поврзани за нив.
АГАТ / АХАТ
download.jpg
Агат (Ахат) е минерал кој се формира внатре во шуплините на другите карпи, во концентрични слоеви со различна боја и текстура. Најчесто слоевите имаат кружна форма.
-Легенди
Порано бил многу ценет како талисман. Се верувало дека ја гаси жедта и штити од грозница. Персиските магови го користеле за да ја истераат бурата. Старите народи верувале дека ако го носат овој камен, ке бидат невидливи и на тој начис се заштитувале од злото. Земјоделците носеле агат за да имаат добра жетва. Римјаните носеле агат за да им се смилуваат боговите.
Постои легенда која зборува дека ако некој го погледне овој камен, не е способен да лаже и веднаш ја кажува вистината.
-Дејство
Агатот штити од несоница, помага при промена на перцепцијата кон позитивна насока, ги подобрува расположението и концентрацијата.
Уметниците го користат за да ја зголемат својата креативност.
ја привлекува среќата, ја одбива негативната енергија.
-хороскопски знак
Одговара на Бик, Близнаци, Лав, Стрелец, Јарец и Риби.

ГОРСКИ КРИСТАЛ (КВАРЦ)
gorski-kristal-1.jpg
Горскиот кристал е безбоен проѕирен кристал.
-Легенди
Во некои цивилизации се сметал за светост. Римјаните верувале дека во него живеат богови кои даваат мудрост. верност и храброст. Индијанците го ставале во колевките на новороденчињата за да им даде сила и животна среќа. Народите од истокот медитирале со горскиот кристал во рака, верувајки дека ке ги просветли.
-Дејство
Горскиот кристал е еден од ретките камења кој не ја апсорбира негативната енергија (и затоа нема потреба од прочистување) туку тој самиот од внатре зрачи со позитивна енергија. Од сите други камења, тој има најголема моќ против влијанието на негативната енергија, исто така и ги прочистува и другите камења кои се во негова близина.
Најмногу делува на крвните садови, срцето и крвта, на очите и сите жлезди во нашиот организам.
-Хороскопски знак
Овен, Лав и Водолија

КИЛИБАР / АМБЕР
23122013142931_kilibar.jpg
Килибарот е фосилизирана смола. Има портокалова, жолта или кафеава боја. Мек е и во него многу често можат да се најдат фосилизирани растенија и инсекти.
-Легенди
Препишувани му се надприродни моќи. Го обожавале Асирците, Египјаните, Етрурците, Фениќаните, старите Грци...
Според една легенда настанал кога Фетон, син на Хелиос (богот на сонцето) ја позајмил од својот татко неговата огнена кочија. Ја возел пребрзо и се спуштил на земјата. За казна бил убиен, а неговите мајка и сестра од тага се претвориле во дрвја а нивните солзи додека паѓале на земјата се претвориле во килибар. Старите грци го нерекувале ``електрон`` затоа што емитува електрицитет додека се трие од ткаенина. Во стариот Рим килибарот имал многу висока цена.
-Дејство
Го поправа расположението и делува како седатив. Штити од штетни рендгенси и сончеви зраци. Штити од зрачењето на компјутерите, мобилните телефони... и штити од негативната енергија на лугето околу нас.
- Хороскопски знак
Рак, Лав и Јарец
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and diva orhideja

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
АМЕТИСТ
images.jpg
Аметистот е највредниот кварц. Се смета и за драгоцен и за полудрагоцен камен во зависност од неговиот квалитет. Проѕирен е и има виолетова боја.
-Легенди
Неговото име потекнува од грчкиот збор amethystus што значи ``оној кој не е опиен``. старите грци верувале дека овој камен спречува пијанство. Дионис, богот на виното, многу се навредил кога еден од обичните смртници одбил да му искаже благодарност и се заколнал дека ке им се освети на сите луге кои не уживаат во пиењето. Убавата девојка Аметист отишла да даде почест на божицата Дијана, а навредениот Дионис наредил да ја растргнат. Аметист ја замолила божицата Дијана да и помогне, а Дијана ја претворија девојката во бел камен за да ја заштити. Дионис се растажил поради девојката и се наведнал над нејзе. Почнал да плаче, но наместо солза, од окото му потекло вино. Капката вино капнала врз каменот и го обоил во нежна виолетова боја.
Аметистот ги украсувал круните на кралевите. Порано вредел исто како рубинот, смарагдот и сафирот.
-Дејство
Аметистот се користи за подобрување на функцијата на штитната жлезда, за смирување и опуштање. Го отвара третото око и ја подобрува интуицијата. Штити од лоши соништа. Го подобрува расположението и помага во лечењето на душевните болести и болести поврзани со нервниот систем.
-Хоропскопски знак
Овен, Стрелец, Водолија, Риби
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, natnat and JaMi