Сексуално малтретирање во работните и образовни установи

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Последниве години излегоа многу, дури премногу приказни за сексуално малтретирање од страна на одредени индивидуи врз помалку моќните од нив. Хаштази како #MeToo #СегаКажувам #ЗоштоНеКажав, итн. веќе некое време се корисат за језиви приказни поврзани со малтретирањето и злоупотребата на женските лица (и одреден број и машки, да бидеме фер) како секс предмети само затоа што претпоставениот/та е манипулативно лице со авторитет, а работниците и учениците во моментот на случувањата биле преплашени да кажат некому, што од срам, што за да не изгубат работа или оценка.

Иако во глобала звучи многу наивно и брзи сме да искоментираме дека веднаш тоа треба да се препознае и да се реагира, многу жртви не се ни свесни дека се жртви дури не видат од/кај други како всушност треба.
Ми излезе случај на девојка од Србија која била на ФДУ (факултет за драмски уметности) и „бирајќи“ ги за претстава, одреден професор ги натерал да се слечат по долен веш и шетал околу нив, допирајќи ги по рамења, половина, потчукнувајќи ги со стапче по нозете дали им се треселе... Звучи забегано и ко вовед во фетиш порнич, не ко нешто што доликува на образовна установа, па каква и авангарда да бил професорот.

Не знам навистина во колкав процент е она "aaabe se roka so sefot za pozicija i plata ehehe", што и не негирам дека некаде го има и е консензуално, но чинам ко тој мал процент да им дава ветер во грб на овие девијантни појави од претпоставени дека секој/а на кој/а ќе фрлат око, сака и мора да се покори на нивните желби и пориви.

Ме интересираат и други ставови околу ова. Како може да ги препознаеме ваквите лица (пошто знаат да се многу умилкувачи и да ги натераат другите да мислат дека е нивна идеја) и како да ги предупредиме другите?
Мислам, мене лично не би ми било страв веднаш да посочам, но нели, секогаш убаво би било да се има и доказ за тоа, не само еден збор против друг.
Зошто е многу полесно да се верува на „не бе тој/таа е одамна тука, фамилијарен човек/жена, секогаш културен/на“ отколку на жртвите?
И прашањето кое највеќе го читав дека се протнува: Која е таа граница помеѓу „жртва од старт“ и правење нештото доброволно, па потоа „глумење“ жртва кога ќе кренат глас другите? Глумење го ставив во наводници бидејќи секогаш постои шанса дека личноста навистина не била свесна дека тоа не е во ред, што е посебно изразено кај помладите генерации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sasho and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секогаш актуелна тема за жал, минуваат години и децении а лицата со наметнат авторитет сеуште се аздисани и ја користат својата моќ за да доминираат во своите мали или големи средини, вклучително и сексуалното злоставување.

Јасно ми е дека општеството е толку корумпирано (и не само ова, САД имаше скандали, Кевин Спејси итн.) што силувањата и остали престапи остануваат неказнети доколку ги врши лице со одредена титула.
Она што не ми е јасно е како сторителите на таквите чинови остануваат неказнети од лицата блиски на жртвата.
Немам деца но да имав, да бев постар да речеме и имав ќерка средношколка/студентка која станала жртва на таков чин, нема теорија да не препознам промена на однесување.
Изгледа дека социјалните врски меѓу родбина и пријатели се до толку ослабени што родители, сиблингс, роџаци и пријатели не можат да се организираат и да казнат сторител надвор од законот.

Сериозно, да имав сестра или ќерка или девојка не можам да замислам или чак и другарка која би била сексуално злоставена од некаков си професор, под мач бато, има да добие шипка во газ, има да умира полека и да моли за опроштај, нема да му се знае гробнина, ќе го јадат црни гаврани, ќе го проплаче мајчиното млеко дури умира.

Сторителите на такви дела се срам и брука за машкиот пол и мора да се прокажат за такви а не да остануваат да глумат нешто значајно.

На прво место треба да се демистифицира "авторитетот" како поим бидејќи првиот чекор е именување на нештата според правата вредност. Усвињен професор во средно или залоен манијак на факс на кои единствена шанса да имаат коитус им е да злостават некоја, мора тоа да се разгласи на сите звона, да се знае и да се памети при што потенцијални злоставувачи би знаеле дека таков потег може да ги чини робија, крај на кариера и прокажување како девијантни особи со задолжителен чип под кожа и директ во онлајн регистар на сексуални престапници при што секој би можел со неколку клика да ја знае локацијата на сексуалниот предатор.

А за тие женски особи кои доброволно стапуваат во сексуален однос за некаква придобивка, тоа е сериозен родителски фејл до граница на ментална болест. Што е и која е таа позиција во фирма или било каде што би била вредна да се онади со некаков запотен, дебел, смрден морон не знам.
Ако веќе родителите се фејл, општеството е фејл, значи нема дотичната женска особа можност од каде да научи морално-етички кодекс кој е основа на цивилизираното однесување. Не знам што со такви лица, не можам да сфатам до која мера се деградираат самите себе и оставаат можност за манијаци да си земат слобода уште повеќе.
 

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
42
Тоа е само да се снима и да се најдат и обесат сите што прават злоупотреба на позиција а посебно професори со деца, па тоа е за стрелање директ метакот во глава без двоумење.
Нема ли некакви закони за заштита?Нешто на страна на правдата и моралот во оваа држава? Со трауми и уцени ли ке одгледуваме нови генерации?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А што кога ќе дознаеш работи кои се случиле пред еден век, кога што и да било потпаѓа под законска застареност, кога ни кога се десило немало никакви правни постапки?
Очигледни кривични дела, оставени да се заборават.

А што, едноставно, убаво, стројно, паметно, sweetness, со прилично добар речник за таа возраст дете од некаде 5-то оддделение. А тоа не се простува. Не од дебилите кои deep down знаат дека се инфериорни на секое поле. Тоа мора да се уништи.
Сега знам зошто секогаш жените ми биле поблиски. Не сите ама дааалеку поголем дел.

И сега знам зошто е еден од ретките каприци на животот кои имале позитивен резултат, што стариот го раздолжи тоа срањето Застава М-57 од 7,62мм со рамка од 10 комада. Што би правел некој во ваква ситуација, знаејќи имиња на лица кои извршиле најгнасни дела кон тебе?

Што кога сите возрасни, задолжени во тоа време да заштитат дете од пето одделение фајлнале тотално, што од незаинтересираност, што од дебилна "нек се челичи" психологија, што од прикриено задоволство од таквиот исход, пошто врие од ненормални.

Нема карма, нема дарма, нема ништо.
Секакви злосторници имаат какви-такви семејства, може прават пекол на своите деца in perpetuum, можеби......све е можеби.
Само оние кои навистина би имале среќно потомство, феноменален брак и однос со жена и деца се лишени од тоа.
Пошто ете.

Среќа во несреќа што не се движам баш нешто и што просторно сум раазделен со извршителите на злоделата.
Инаку не знам како би реагирал да сретнам некој од тие. Веројатно не би го препознал пошто поминале децении ама во случај да препознам има само една соодветна казна.

Садизмот кај деца од 7-8 одделение, несфатливо. Веројатно пренесено од дома, од ќотекот кој го јаделе со каиши, од недостаток на све и свашта. Како штафета на мизеријата а на anchor позиција јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам точно, но било кој што допрел дете на сексуален начин ми е директ за бесилка. А, уште повеќе тие што знаеле, а дозволиле. Во нормални услови и со докази тоа би требало да е доживотна казна затвор за сите.
Штета што дете не е свесно ни што му се случува, а не па да знае да собира докази...

Случајно баш во моментов на групен чет се разви дискусија околу професори и ученици, си приспомнав како имавме професор на факс, Британец, што ја фати колешката како препишува и ѝ се дереше дека е к***а и што не, а потоа на крај на година ни вика „Не спијам јас со мои студентки.... бар дури не дипломираат хехехех“. Манијаче стотка.
Имавме друг па што си беше фатил девојка од студентките и бил со неа на дипломска ко партнер (ова неколку години било пред да се запишам), а „дечкото“ 55+ години, ама оваа па само го искористи да ја стави асистент на факс и го батали, така да не знам кој кого тука зафркнал. :zelen
Сепак, језиво е какви ствари се одвиваат и колку само мал процент од тоа знаеме...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам точно, но било кој што допрел дете на сексуален начин ми е директ за бесилка. А, уште повеќе тие што знаеле, а дозволиле. Во нормални услови и со докази тоа би требало да е доживотна казна затвор за сите.
Штета што дете не е свесно ни што му се случува, а не па да знае да собира докази...

Случајно баш во моментов на групен чет се разви дискусија околу професори и ученици, си приспомнав како имавме професор на факс, Британец, што ја фати колешката како препишува и ѝ се дереше дека е к***а и што не, а потоа на крај на година ни вика „Не спијам јас со мои студентки.... бар дури не дипломираат хехехех“. Манијаче стотка.
Имавме друг па што си беше фатил девојка од студентките и бил со неа на дипломска ко партнер (ова неколку години било пред да се запишам), а „дечкото“ 55+ години, ама оваа па само го искористи да ја стави асистент на факс и го батали, така да не знам кој кого тука зафркнал. :zelen
Сепак, језиво е какви ствари се одвиваат и колку само мал процент од тоа знаеме...

Образовните институции се магнет за манијаци и сексуални предатори, уствари сите места каде што има деца и млади особи. Од градинка до факс секакви злотвори.
Интересно е што никој никогаш не презема ништо, освен рандом послледно време ако не излезе по социјални мрежи.
Ако една институција не може да обезбеди барем основна физичка заштита на децата, не треба да постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Надвор од темава е малце пошто ќе спомнам друг вид загрозување на безбедноста по училишта, ама мене сега ми е чуден дури концептот што повеќето школи денес имаат секјурити (арно им текна) на врата. Во „мое време“, што и не е многу одамна, какви сакаа шетаа по ходници и загледуваа по училници. Ако видеше некој професор или служител, па да ги праша што бараат и евентуално да ги истера, ок, ако не, автоматски идеше заклучокот дека може е нечиј родител. Не ни памтам колку пати имаа начекано манијаци по ВЦ во основно. Не беше ни нешто трауматично дури, бевме навикнати. Од денешна гледна точка е страшно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чудно како никогаш немало некаква казна за манијаци и peeping tom раја, како се оставени на мир да манијачат па дури и по основни школи. Уште една во низата ситуации каде децата се оставени незаштитетни.
Краен револт имам откако дознав некои работи, тој ужас нема каде да оди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra