Ослободете се од стресот и притисоците на модерното време. Одвојте си време за себе и почестете се со една сесија во сауна. Само неколку минути во неа ќе ви го релаксираат умот и телото. Подобрената циркулација, зајакнувањето на имунитетот и исфрлањето на токсините од телото се дел од големиот број причини зошто да го сторите ова.
Сауната не треба да ви биде спа-луксуз, туку редовен здравствен режим! Во Финска, која се смета за татковина на сауната, речиси сите станови и куќи имаат сауна во нив. Тие одат голи или со пешкир бидејќи на високи температури се смета дека бикините испуштаат штетни хемикалии.
1. Не одете во сауна кога сте под дејство на алкохол, дрога, антикоагуланси, антихистаминици, вазодилататори, вазоконстриктори, стимуланси, седативи или хипнотици.
2. Пред да влезете тргнете ги сите метални работи од вашето тело, како часовник, очила или накит.
3. Ако носите контактни леќи извадете ги пред да влезете.
4. Истуширајте се пред да влезете во сауната и осигурајте се дека вашето тело е комплетно суво кога ќе влезете.
5. Пијте минерална вода пред да влезете.
6. Понесете најмалку два пешкира, еден за да легнете, седнете или да се обвиткате со него и друг за да се исушите потоа. Никогаш не го бришете вашето тело со пешкирот пред тоа натопен со пот.
7. Во јавните сауни појдете со костум за капење или пешкир, а ако имате своја домашна сауна тогаш го имате целото задоволство да уживате голи.
8. Дозволете си сауна сесија, не влегувајте во сауна ако брзате некаде.
Решение за прекумерното потење
Просечната сауна сесија е околу 15-20 минути, внимавајте никако да не заспиете.
10. Бргу затворајте ја вратата од сауната за да не се лади, а во традиционалната финска сауна прашајте ги и другите пред да ги полеете камењата со вода.
Сауната не е соодветна за сексуална активност поради интензивната топлина.
Веднаш излезете ако се чувствувате слабо или изнемоштено. Таму мора да ја слушате пораката на своето тело, сауната не е тест на издржливост, па почитувајте си го телото и границите.
За да избегнете дехидратација секогаш надополнете ги изгубените течности по излегувањето од сауната. Најдобро е вода, но некои го препорачуваат и пивото. Сепак ако се одлучите за алкохол тоа не смее да биде пред, туку по излегувањето од сауната!
Облечете се дури откако ќе престанете да се потите и вашето тело ќе ја поврати нормалната температура.
Сауната не е препорачлива за луѓе со висок крвен притисок, белодробни или кардиоваскуларни заболувања, со мултиплекс склероза, хипертензија или хипертироидизам и за бремени жени. Ако спаѓате во оваа група или имате било какви други здравствени проблеми прво консултирајте се со вашиот доктор.
Дали сте биле во сауна?
Доколку сте биле каде било тоа?
Доколку не сте, дали би посетиле сауна?