Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Why oh why do I still miss you? Why do I want to escape and relive those nights again? I would if I could, but it's too late and we're far too much apart...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
Омилени работи за правење ти се оние што јас најмногу ги мразам и не ги поднесувам, но и покрај тоа те сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Одамна те чекам да ми се јавиш небитно во кое време или дали имам или имаш некој покрај тебе,сеуште стојам на муабетот дека би ми било мило да помуабетиме,не се бришат така лесно тие спомени.
Јас чекам,сеуште зависи од тебе.
Барем да ми титнеше од мобилниот и да го видев твојот број.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ако ти не се изедеш...
Јас ке те изедам...
Зошто си слатко :*
Сакам и да те видам пак...
И да пијам чај со тебе...
А ти кафе...
Ко минатата Сабота...
Уживам во твоето друштво.
И да те гушнам сакам...
Знаеш зошто?
Зошто си единствен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Колкупати само водам војна во себе, колкупати ги преформулирам сите оние зборови што сакам да ти ги кажам...
Колкупати потоа се потсетувам дека се` би било залудно, дека кога - тогаш би здоболело....
Безизлезноста беше уште од старт поставена... Тоа е тоа. Ти ме гледаше со други очи а јас се лажев дека се` е во ред. Се потхранував дека ќе се смени лека полека со тек на време. И би рекол дека сум многу благодарен додека траеше сето тоа. Сепак имаше една голема придобивка. А тоа е дека од емотивен инвалид, создаде човечко суштество. Да се кае од сопствените грешки, да се смее на глупостите што некогаш ти ги имаше пишувано. Да биде среќен не по своја вина. Кога би те здогледал, би ми било уште повеќе јасно дека сеуште сум истата личност кога нашите погледи за прв пат се судрија. Но тоа го оставам можеби во другиот свет, кога повторно за прв пат ќе те погледнам.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Додека на ѕидот ја пишував песната за љубовта,
ти најде време да го средиш стариот фотоалбум...
Со нашите слики...
Моменти кои не постојат повеќе..
Моменти каде што бевме едно,
а не два различни света со кинески ѕидови околу себе..
Ги најдов сликите во ѓубрето...
Со солзи во очите ги земав,
ги исправив и ги залепив.
Направив прекрасен мозаик од нив знаеш?
Ќе го урамам и закачам на ѕидот, до песната за љубовта..
Ќе ја надополнува,
и ќе и ја одземе перфекцијата...
Ќе ја направи реална..
Ќе биде доказ дека љубовта умира,
дека не е вечна..
Дека е болна...
Дека се губи, ако не се негува...
Како кај нас драги мој...
Како кај нас....
Ние сме доказот....
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сакам да тикажам дека не чувствувам ништо за тебе, ме виде денесе. Ако толку сакаше да се поздравеш ќе се поздравеше, а не да ме набљудуваш од страна и пораки да ми праќаш. Сакам да ти кажам дека се „затрескав“ во друг и гајле ми е за тебе. Не сакам повеќе да се надеваш на нешто помеѓу нас двајца, готово е, се заврши. Те сакав,можеби и ти ме сакаше а можеби и уште ме сакаш, но веќе е доцна, требаше таа вечер да мислиш ако не вечерта барем утрото.

Те сакав, но повеќе не.:)

 

My name is Mija

Баниран
20 март 2013
5
16
3
38
LOOKING FOR YOUR FACE

From the beginning of my life
I have been looking for your face
but today I have seen it

Today I have seen
the charm, the beauty,
the unfathomable grace
of the face
that I was looking for

Today I have found you
and those who laughed
and scorned me yesterday
are sorry that they were not looking
as I did

I am bewildered by the magnificence
of your beauty
and wish to see you
with a hundred eyes

My heart has burned with passion
and has searched forever
for this wondrous beauty
that I now behold

I am ashamed
to call this love human
and afraid of God
to call it divine

Your fragrant breath
like the morning breeze
has come to the stillness of the garden
You have breathed new life into me
I have become your sunshine
and also your shadow

My soul is screaming in ecstacy
Every fiber of my being
is in love with you

Your efflugence
has lit a fire in my heart
for me
the earth and sky

My arrow of love
has arrived at the target
I am in the house of mercy
and my heart
is a place of prayer

Те сакам... од дното на душава..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin