Знаеш ... се' што некогаш побарав од тебе, една и единствена работа што некогаш ја побарав од тебе, уште од самиот старт, од септември 2014, беше искреноста, се' што сакав и што побарав од тебе беше да си комплетно искрен со мене ... зарем многу барав?
Затоа што ако беше искрен уште од самиот старт како што ти побарав, некои работи ќе беа поинакви, и немаше ситуацијата до оволку да се искомплицира.
Очигледно сега е мој ред да сум малце поискрена отколку претходно ...
Од кај да почнам ни самата веќе незнам, се чувствувам како да сум во некој вртлог, без излез, како да тонам се подлабоко и подлабоко и да неможам да испливам на површина и да земам здив ... здив кој што ужасно ми е потребен.
Се осеќам ужасно последниве недела дена, особено од неделата кога го прекинав секој контакт со тебе и те блокирав од ФБ, и од последната порака што ти ја пратив во неделата сабајле во 8, затоа што цела вечер не заспав и размислував кој потег ќе биде најдобар да го одиграм.
Шах ...
Не изиграв ни јас добро, а ти уште полошо изигра ... ти си најголемиот кривец за сето ова што ни се издешава, сите падни - стани моменти во врската, а и потоа, беа последица од твоето неодговорно и неискрено понашање спрема мене.
Ти кажав само искреност дека барам ... се' ќе беше поинаку доколку некои ствари отворено ми ги кажеше, и доколку на време ги знаев, уште од сам старт.
Мојата кривица е 10% - мојот инает и тврдоглавост, јебига, ме знаеш и јасно ти е дека сум огромен инает, досега си се уверил милион пати и сум ти докажала со моите постапки дека мојот инает е појак од се' ... не си ни свесен какви ствари сум спремна да напраам од инает, додуша свесен си, почна веќе да се уверуваш во мојот инает.
Али ти ... аххх ти направи катастрофални грешки, односно 90% ти ја заеба целата работа.
Ти што не кажа уште од сам старт каква личност си, можда и се плашеше да ми признаеш, ти беше страв дека ќе ме изгубиш.
Но не ... немаше да ме изгубиш, ти кажав каква личност сум ... повеќе ценам болна реалност, отколку розеви лаги, и нешто замислено, а уствари сето тоа било во мојата глава, не сум ја гледала реалноста пред очи.
Рече ќе се смениш, ОК ... ти дадов втора шанса, пред да ти раскинам ... 19 ноември 2014 remember ?
Не ти раскинав на првата препрека, ти дадов шанса да се смениш, да сфатиш каде грешеше целото тоа време.
Искрено друга да беше на мое место, уште порано ќе ти раскинеше и немаше да ја толерира твојата ладноча и твоето понашање ... али ајде, знаеш дека мојата толеранција нема граници и премногу попуштам.
И што се смени ... ништо, буквално ништо, барем јас не осетив никаква промена, или ти не ја покажуваше промената, затоа што ти беше страв од нешто, ни самата јас незнам од што.
И дојде јануар, и тука беше крајот, немаше назад веќе, сите мои шанси ги искористи, и мојата толеранција и трпение го искористи ... ми го пукна филмот на крај, ја прели и последната капка од чашата, и прсна, се отиде у бездна, и нема назад.
Потоа, најголемата грешка се случи летово, кога повторно *ти* започна се' ... пак ме втурна во истиот вртлог.
Ми кажа, сето ова повторно што го започна, си го започнал за да на некој начин си го исчистиш образот од минатиот пат, и за некоја си можна шанса за повторно да сме заедно.
Но едно нешто заборави ... кај мене непостои втора шанса, никогаш никому не сум ја дала, па нема ни на тебе да ти ја дадам, и така е најисправно.
Не постои втора шанса за прв впечаток ... или со други зборови, моето правило со куршумот: - Нема втора шанса ... затоа што да му дадеш на некого втора шанса, е исто како да му даваш уште еден куршум за пиштол ... бидејќи со првиот те промашил
И сега што, сега ми бараш пријателство, или веќе ни јас самата незнам што ми бараш.
Незнам ништо, толку ми е се' испомешано во главата, и незнам како ќе искочам од овој лавиринт, првиот пат јас самата се втурнав во лавиринтот, искочив и се' беше ОК.
Али овој пат, уффф овој пат е многу позаебано и покомплицирано отколку што можеш да претпоставиш, и се' е по твоја вина, ти започна се' овој пат.
Немаш појма колку многу ЗОШТО ми се вртат низ главава, немаш појма ти од ништо, немаш појма како ми е, у кој лавиринт сум јас сега, кој вртлог ме врти сега и си поигрува со мојот ум.
Разбери ме дека воопшто не ми е лесна моменталната ситуација.
Не беше ова мој нож, знаеш дека никогаш нема да ти заријам јас на тебе нож, неможам тебе да те повредам никогаш.
Сум сурова, немилосрдна и ладнокрвна за оние што ќе си заслужат ... на крај краева сето тоа од тебе го научив ... но ти, ти никогаш такво нешто не си заслужил од мене, и знај дека никогаш нема да те повредам, а моето никогаш, значи стварно никогаш.
Иако знам дека сега те повредив со мојот потег што исчезнав, ти зарив нож, но верувај ми, тоа го направив за мое добро пред се' ... тоа го направив за да си ги расчистам мислите, затоа што се' наеднаш ми се собра во мене и ќе експлодирав, морав да исчезнам и да земам здив, да си ги средам малце мислите, бидејќи и двајцата ако продолжевме, ќе се заглавевме уште повеќе во лавиринтот и ќе одевме во бездна повторно и повторно, ситуацијата стана неподнослива веќе за мене, дно без крај.
Ќе се вратам, сигурна сум во тоа.
Но само како пријателка, како ништо повеќе.
Али за тоа да се случи, ми треба време, сега сфаќаш зошто исчезнав.
Сакам да се средам прво, да се средам прво јас самата себеси, за да можеме да функционираме како пријатели.
Жалам, но моето пријателство е се' што можам да ти го понудам, ништо повеќе од тоа неможам.
Но за тоа да се случи, ми треба време, затоа те молам биди трпелив.
Уффф реферат напишав, незнам некој ни дали ќе има трпение се' да прочита, но и боље е да не се прочита, само ми требаше воздишка и да испукам некаде се' што ми се собрало.