Тоа од пред 3 дена што го напишав на темава, ќе ми беше најголемата грешка што ќе ја направев.
Ти благодарам за трпението и за твојата упорност и сталоженост, и што не ми дозволи да ја направам грешката, затоа што ако навистина си заминев, освен што самата себе ќе се повредев и ќе ми беше тешко, тебе ќе ти беше уште потешко и ќе те повредев.
А моето ветување што ти го дадов, е дека никогаш свесно и намерно нема да те повредам, тоа е мојот збор и ветување што ќе го оддржам до крајот на животот, и знаеш дека кога ќе дадам збор никогаш не го погазувам, а не е тоа само зашто не го погазувам зборот, туку затоа што ти си прекрасна личност и никогаш нема да си дозволам свесно да те повредам.
Незнам ни зашто го пишувам ова во Љубовна исповедувачница, затоа што ова нашево не е класична љубов, никогаш ниту беше ... ова нашево е нешто повеќе од тоа, нешто посилно и поцврсто од љубовта, поинаква љубов ... пријателска, чиста, верна, цврста, безрезервна поддршка, безгранична ... едноставно ти си ми се', ти си ми најдобриот другар, без лицемерие и без маска пред мене.
Двајцата кога сме сами, сме свои и без маски.
Ти ми даваш секогаш поддршка, исто и јас на тебе, секогаш безрезервно сме тука еден за друг, и така ќе остане ЗАСЕКОГАШ ... ова нашево што го имаме никој неможе да ни го уништи, затоа што знаеме што сме и што имаме кога сме еден крај друг.
Ти си единствената личност на која што и верувам, а мојата доверба ја заслужи со твоите постапки и дела
Убаво кажа ти - ние двајца сме алка, додека сме заедно сме неуништливи и неповредливи еден крај друг, со еден збор ние двајца сме неуништлив тим, и така и ќе остане, засекогаш ... мој најверен пријател до крајот на животот
Ти благодарам за се', и за се' што направи за мене, и за можеби најважната лекција во животот што ја научив од тебе, опишана во овие стихови: