Имаше една фора во основно кога бевме во Србија им ја правевме на србите. Фора што да ти кажам, ама деца што разбираат. Демек идеш кај некој и му викаш
еј на оној мајка му е познат музичар кај нас, прашај го да видиш на што свири. И иде сега кај другиов (кој патем ти е другар, па сте се договориле да зезнете некој за да се кикотите ко ненормални, а не знам сега да објаснам што било толку смешно) и му вика
еј мајка ти на што свири? И сега овој глума ко за оскар и вика
мајка ми е почината.
Глупости, муабетот ми беше дека јас отидов кај еден србин и му викам
абе на другар ми мајка му најпозната е кај нас во Македонија, само не ми текнува на што свиреше. И иде тој да прашува, а јас онаква окезена
леле сега кога ќе се врати заебан има цел ден да се смеам. И иде србинов од кај другарот и ми закачи таков шамар што никогаш ни пред тоа, ни после тоа го немав видено ни на филм, до толку беше оригинален, онака однопачки што се вика, а богами и многу болеше.
Од тогаш ич не ми се смешни ваквите работи