Најконфузна останувам кога ќе слушнам како некој се чука по градите дека е горд патриот, дека е горд Македонец, како зборува српски. Нема врска што реченицата нема никаква лексичка, граматичка и звучна точност, битно е да се испочитуваат брачата Срби. Епа, од вас драги, Македонциве сме стигнати на дереџе национална шега. Од вас, секогаш кога ќе се најдете со група на Срби, ќе ви удрат еден препотетентен муабет као причај српски да те цео свет разуме, како тоа нивниот јазик е најдобар, а нашиот никој не го разбира. Можеби доколку одите во друга земја, сакате да дадете почит и да се обидете да зборнете на нивни јазик, меѓутоа кога овде "литературно" ќе услужите некој србин, еквивалентни сте на вербална дијареа.
Затоа и сме потсмев на секој културно историски образован човек, затоа што во земјава ги имаме спомениците на Цар Душан, на Прометеј со огнот, триумфалната капија и уште неколку вакви споменици "да ја отсликаат нашата историја". Уште Кипот на слободата 2 фали, за да бидеме најуникатни.
Искрено, повеќе почитувам човек кој зел Бугарски пасош, зошто немал друга опција, зошто немал друг избор, тој ми е попатриот од овие "србопочитувачиве". Не се тие луѓе генезата на проблемите тука, оние првине се.