Во борба со жештиниве, паралелно уживање во преостанатите летни денови, со надеж дека никогаш нема да завршат.
Толку многу работи се случија, што не сакам да се збогувам со летово..нема да ми фали ни сонцето, ни плажата, ни песокот..ќе ми фали чувството.
Чувствувам наплив на енергија, инспирација, сакам да искажам се` што ми лежи на душа, да го исфрлам како една бура на емоции, но просто се чувствувам некако воздржана.
И таа тема „Ако некогаш се вратиш“...сакам да седнам и цела книга да напишам за тоа, но еве ја отварам темата и како занемена бдеам над неа без ниту едно единствено напишано зборче.Дали тоа јас се наоѓам среде емотивна и умствена блокада?
Ќе мине се`, ќе мине и летото, еден ден се` ќе помине..тотална тишина.
А до тогаш, животот нема да го бројам во години, туку во дела, чувства и она што во моментов се случува, зошто тоа е најважното.