Во светот на омразата често се мрази оној што не умее да мрази

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
"Во светот на омразата често се мрази оној што не умее да мрази."-Иво Андрич

Мета на омразата и осудувањето,најчесто се оние кои се разликуваат од околината,оние кои се со различни ставови,мислења и различно живеат.
Да се изразам поблаго,ете можеби не се мета на омраза ама се цел на исмејување.
Дури и да не се ниту едно од овие две,често се заобиколуваат и одстрануваат од друштвото а со тоа им се оневозможува нормално функционирање во него,и тоа на најподлиот начин-со игнорирање.
За сето ова не е потребна којзнае колкава причина,доволно е само тој некој да биде различен од повекето останати.
Сите знаеме примери на доста уметници кои се исмејувани и тоа само заради некој нов пристап кон уметноста,нов начин на цртање,кој подоцна ке биде не само прифатен туку и признаен како оригинален.
Стравот од различноста се приметува дури и помегу лугето од различна вера,различна боја на кожа..


Зошто сличните на нас ни се поприфатливи од оние другите?
Зошто лугето се склони да ја жигосуваат различноста?
Дали главната причина што еден човек неможе да прифати друг поинаков од него е тоа што не сака да посвети доволно време и внимание,за да го согледа од повеке аспекти,да дознае повеке за него па дури тогаш да донесе заклучок?
Зошто ни е полесно некого попрво да го осудиме отколку да го прифатиме?
Како вие реагирате со различните од вас?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Веднаш ми текнуваат 2 вида на различни луѓе, од мој аспект: оној кој е различен од тебе и страшно те нервира и провоцира со неговата појава и карактер, и оној кој е различен од тебе, но посакуваш да бидеш како него, но немаш храброст. Поради тоа, сметам дека омразата кон некого доаѓа и од различни гледишта кон светот и несогласување, но и од исти гледишта кон светот но поради недостиг на мотивација и храброст. А мислам дека доста често омразата се случува од љубомора. Кога некои општествени паразити не можат ништо да постигнат во животот, единствено им останува да ги хејтаат другите.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Вака во суштина сите се исти. И никој не прифаќа
различен од сите други.Тоа е факт.
Или ќе те исмеваат што се издвојуваш од толпата
или пак ќе те сожалуваат.Луѓето немаат
чувства тоа е факт. Гледаат само
кој повеќе пари има,од каде повеќе корист имаат
и толку.Ретко кој има чувства према луѓето,се
е материјално сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Светот денес....со комплетно испреплетени вредности...контаминиран со омраза...ретко може да се сретне човек од масата луѓе кои како восочни фигури талкаат без чуства...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Одлична тема.
Ако ја разгледуваме од философски аспект, тогаш би замолила останатите членови да навлезат во суштината. Сите мислења со една реченица или несериозни коментари ќе бидат избришани.

На пример ова:

Светот денес....со комплетно испреплетени вредности...контаминиран со омраза...ретко може да се сретне човек од масата луѓе кои како восочни фигури талкаат без чуства...

Знам дека љубите да бидете паметни и да се служите со цитати кои се извадени од книга или портал и немам апсолутно ништо против ако ги вметнете во вашиот пост или ги користите за вовед, но ПИШУВАЈТЕ ваши размислување околу цитатот кој треба да се однесува на темата, ВКЛУЧУВАЈЌИ ги и поставените прашања од авторот на темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Вака во суштина сите се исти. И никој не прифаќа
различен од сите други.Тоа е факт.
Или ќе те исмеваат што се издвојуваш од толпата
или пак ќе те сожалуваат.Луѓето немаат
чувства тоа е факт. Гледаат само
кој повеќе пари има,од каде повеќе корист имаат
и толку.Ретко кој има чувства према луѓето,се
е материјално сега.
Не се согласувам со тоа дека лугето немаат чувства.Ако немаат тогаш значи не ни чувствуваат ни омраза.
Тоа би значело дека сите до еден сме на се наоколу рамнодушни.
Секој од нас не реагира исто на она што е различно од нас,па дури и ние самите во одредени случаеви реагираме различно спрема една иста работа.Се зависи и од моменталното расположение.
Конкретно за мене,пробувам да не осудувам никого,не дека секогаш успевам,а тоа и не значи дека ако не осудувам дека за мене е прифатливо се она што е различно од мене.
Понекогаш зависи и од спротивната страна дали ке можам да ја прифатам неговата различност или не.
На пример ако некој кој е различен од мене,пробува премногу нападно да ме убеди дека тој тоа што го прави е подобро,не оставајки ми простор да подразмислам,со самото тоа би ми створил одбивнот уште на самиот почеток.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and lady_blue

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
одговор на сите прашања: СТРАВ. (извини Реми)
Страв, да се случи истата судбина како на различниот(неприфатеност) пред се.
Страв од непознатото и непредвидливото.
Страв да се излезе од удобното дувло.
Страв од омаложување од останатите поради неспособнаста да се снајде со новото. итн итн
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
одговор на сите прашања: СТРАВ. (извини Реми)
Страв, да се случи истата судбина како на различниот(неприфатеност) пред се.
Страв од непознатото и непредвидливото.
Страв да се излезе од удобното дувло.
Страв од омаложување од останатите поради неспособнаста да се снајде со новото. итн итн


Напротив - спротивното. Ако личноста чувствува страв од исмејување или страв дека нема да биде прифатена како таква во опшеството, таа ќе се восхитува на храброста на таквите луѓе да ја покажат својата различност. Ако некој потценува, навредува некој само затоа што е различен, не е факт дека тој има страв од непознато или бидејќи се наоѓа во зоната на удобност, туку едноставно личноста е со недоволна развиено чувство за разликите кои постојат на секој чекор, впрочем и ние сме составени од разлики. Самите ние постојано се менуваме а со тоа и нашите погледи кон одредени гледишта, па често знаеме да се фатиме дека некои појави или навики кои некогаш сме ги мразеле сега ни се небитни, сме воздржани или едноставно почнале да ни се допаѓаат. Е сега треба самите да сме свесни дека треба да се прилагодиме и да ги прифатиме тие промени како постојан процес кој се случува во нас и околку нас.
Oд друга страна, која е дефиницијата за различност? Дали е тоа што не го прифаќа мнозинството? Нешто што за мене е нормално, за некој е апсолутно неприфатливо и различно иако малкумина размислуваат како него. Сепак различноста е субјективна.

Сличните на нас ни се поприфатливи од останатите поради илузијата која ја создаваме самите ние, дека ако не едно или повеќе полиња имаме слично сфаќање и размислување се создава чувство на блискост и одредена припадност кон таа личност. За мене тоа баш и не е големо мерило иако ќе ја чувствувам личноста за поблиска. Ако со некој имам исти размислувања и сфаќања не значи дека ќе превземам исти акции или ќе здогледам одредена проблематика од ист агол. Затоа е битна различноста - колку повеќе пристапи - толку повеќе решенија, начини на дејствување и изразување.

Зошто луѓето се склони да ја жигосуваат различноста? Неколку пати спомнав дека пред се треба да се ставиме во позицијата на другиот па да донесеме заклучок.
Луѓето ја жигосуваат различноста поради фактот што немаат искусено какво е чувството да се биде во ,,туѓа кожа". Чист банален пример, јас можам да бидам расист и еве, во најчест случај, да ја мразам црната раса. Е ако малце го уклучам мозокот, и се запрашам како ќе се чувствувам да сум дискриминирана само поради бојата на кожата а не поради квалитетот што можам да го пружам како комплетна личност, ќе увидам колку непродуктивно ми е насочен правецот на размислување. Да непродуктивно е точниот збор. Колку понапредни ќе бевме како луѓе во сите полиња ако мнозината наместо да градат мостови, ги рушат истите помеѓу две различни тла.

Различните од мене ги ценам исто како и т.н ,,сличните", се до оној момент додека не го нарушат мојот просперитет. Постојат многу луѓе кои се различни по пол, раса, религија, начин на живеење, размислување и изразување па се до дејствување, а сепак ги почитувам за степен повеќе од тие што се поблиски до мојата природа поради различните сфаќања за кои ете, јас не сум помислила дека имаат објаснување да бидат прифатени како поразлична ,,вистина" oд мојата за некој друг. Но доколку таквите со своите постапки не ја разбираат и ја негираат различноста која постои помеѓу нас, и на било кој начин пробуваат да ја анулираат и асимилираат, чувството за почит се губи и гледам да се дистанцирам.

Разликата ја прави големата слика за сите работи. Апсурдно би било да го негираме постоењето на целата палета со бои ако знаеме само за црвената.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
страв, страв, апсолутно е поради страв.
ама оној страв скриен длабоко внатре, кој ни самиот не би си го признал.
Зошто сличните на нас ни се поприфатливи од оние другите?
оти на тој начин сами себе си се оправдуваме, дека нашите поимања се правилни, а не погрешни.
Зошто лугето се склони да ја жигосуваат различноста?
оти ако не ја жигосаат, би значело дека ја прифаќаат како можна опција, а за да ја прифатат како можна опција треба да имаат храброст да си признаат и да прифатат дека нивната опција може и да не е апсолутно правилна.
Дали главната причина што еден човек неможе да прифати друг поинаков од него е тоа што не сака да посвети доволно време и внимание,за да го согледа од повеке аспекти,да дознае повеке за него па дури тогаш да донесе заклучок?
реков погоре, страв, само стравот е причина за да не се согледа било што од повеќе аспекти. Страв од тоа што може на тој начин да се види и открие.
Зошто ни е полесно некого попрво да го осудиме отколку да го прифатиме?
оти е лесно да си силен и голем споредтвои правила.
Како вие реагирате со различните од вас?
тоае исто ко да ме прашаш како реагирам со тие шо не се јас, односно со сите :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones and melpomena