Сакам да кажам/Сакам да прашам

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Еден гастербајтер од Италија денеска ми кажа дека имал автомобил со седум брзини.Шест за напред и една за во рикверц......Се чувствувам евентуално :giggle
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
СДК дека легендата вели дека некогаш на форумов не се случило да се уништи некоја тема за дискусија поради ,,така е јас како што ќе кажам, се другото треба да се навредува па потоа да се глуми жртва". И да сакаш да го искажеш својот став по одредено прашање - не можеш бидејќи наоколу летаат цигли со желби да бидат прецизни, а да не ги заборавам уште посочните епитети. Што убаво.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сдк одамна се мислев и сега веќе мислам оти ќе се решам да направам тетоважа...
Веќе најдов добри, само не знам дали да биде на ногата или горе..:unsure
Отвори ја прикачената датотека 17184Отвори ја прикачената датотека 17185
Отвори ја прикачената датотека 17186
Првата е добрааа.
Најди си некој индивидуален текст или знаци на некое друго писмо и направи си ја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
СДК Лоша вечер |-( Ја видов бившата,фатена за рака со некој мрсолко.Па и без срам ме погледна,изгледа очекуваше да и речам Еј,кај си?Од кога те немам видено.Мрш ајде таму ма,не знам што воопшто се врати тука кога никому не си потребна.
Иако мразам да признаам,се разубавела.Косата и е порасната,позгодна е,дури и очите и беа некако поинакви.Поневини.
Знам дека вечер нема да можам да заспијам.Ќе мислам.Ќе мислам на неа.Ќе се присетувам на сите моменти поминати заедно.А потоа на нејзиниот мирис,па се до нејзиниот здив.И така ќе заспијам.Ќе паднам во соништа поврзани со неа.Можеби таму нашата приказна ќе има среќен крај.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
сдк1 Давор - а сакаш да ти е сеедно нели ? сакаш да си рамнодушен а ако ништо друго барем да ти е одбивна и антипатична? ...


сдк 2 модераториве ептен сериозно си ги сфатија одморите па melpomena и @slb бобо уште не се банирани ?? хахаха
се шалам само, ама и чудно ми се виде... или не? :/ : )))
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Седам на плажа, пирка свежо ветре, морето со боја на јаглен, ме кочат мисли дека наскоро сето тоа ќе заврши. Блага меланхолија тече капка по капка како црвено вино низ душата, а ти ме погледнуваш и ми испраќаш понекој срамежлив поглед на ветување. Врзувањето за едно место отсекогаш ме правело тажен.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
сдк1 Давор - а сакаш да ти е сеедно нели ? сакаш да си рамнодушен а ако ништо друго барем да ти е одбивна и антипатична? ...


сдк 2 модераториве ептен сериозно си ги сфатија одморите па melpomena и @slb бобо уште не се банирани ?? хахаха
се шалам само, ама и чудно ми се виде... или не? :/ : )))

Не хули. Си бев баниран на 2-3 дена пред некој ден. xD
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and melpomena

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
сдк чуството кога ќе ти се јави некој после толку време, дека се вратил во Мк и сака да те види,
а ти на времето си летал во облаци по него и наеднаш ОП сваќаш дека сега ти е гајле :)
бесценето...(sun)