Сакам да кажам/Сакам да прашам

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Денови за нас следат. Денови за мене пред се. Денови каде ќе разбистрам мисли, ќе оладам мозок, а ќе печам кожа на песок. Никогаш не ми биле така потребни тие пар денови.
Да се тргнам од се, да го имам до себе и да го љубам како што одамна не сум, да се најдам самата јас. Ах, колку се изгубив. Живеам на авто пилот.
Уште малку...
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
(inlove)(inlove)(inlove)

aEww2op_700b_v1.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Само да изјавам добро поминав на тоа дешавката во Менада со книгите со да не речам солиден улов како Glue од Welsh и Босанците го трчаат почесниот круг од И. Ѓериќ на издание на Темплум. Ми останаа 2 книги шунд непроменети па праев трансакција кај Благоја на Плоштад, 2 за 1 и си го собрав Фокнер.
Се` на се` задоволен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
СДК дека не можам да се изначудам до каде се оди ширењето на дебилизмот наречен ,,живот на голема нога". Дека муабетите од типот ,,Вчера во Парадизо оставив 4000 денари" или ,,е онаа замисли работи во трафика за весници, види ја" те прават многу длабока и интелектуална личност, нели. А и секако да не ги спомнам ,, чистачките, келнерките, продавачите, месарите, чевларите, ѕидарите" итн. кои се професии за потсмев за време на длабоките разговори во друштвото. А батали тоа што чесно заработуваат за живот. Пу пу , не важи.
Ама затоа први се во цитирање на Лама, Мендела или сочуствување со романтичарската светска тага, зошто нели секако, способноста за емпатија им е далеку поразвиена од ,,безчувствтелниот, злобен свет". Исто, ореолот посјајно им светка во снобските кругови зошто, неверојатно, дале дури 10 денари на некој бездомник.
Патетики, тешки патетики. Да не сакаш да излезеш на кафе низ градов.