Што е бе финтава со Б`лгарски/Турски/Кинески копии на Луј/Луи (јебем ли га, како и да се вика) Витон чанти?
Секоја можна продавничка врие со такви испрчени по рафтови и излози, а не се ни да плукнеш на нив од што се грди.
И онака, иде цура сета среќна, ја грабнала, ја испрчила пред неа, чиниш Парис Хилтон минува и сета светска елита се преселила кај нас. Уште да почнат кученцата да си ги ставаат внатре и одам да се фрлам од Искрин мост или Живкова карпа. Ќе се жртвувам за човештвото!
Брр, кењавица! Поарно плиток џеб и моето мило, сиво ранче, отколку плиток ум и фејк чанта налик куфер, поголема од мене.
Имам ретардирани преводи, па осетив потреба да пишам ретардиран пост.
Аха! Денеска ми е јубилеј! Една година и 900 мислења со мрчење, јадење зелени и попување.
Нек се множат, па за многу години да ви досаѓам.