Сакам да кажам/Сакам да прашам

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Понекогаш им завидувам на луѓето кои умеат да пишуваат, кои знаат толку добро да ги постават зборовите како да пеат, да играат,да плачат, да се смеат...да ја почувствувам лутината, па дури и омразата, гневот.
Секогаш се прашував дали човек се раѓа писател, поет или тоа може да се научи...можеби е божји дар?
Дали на тие луѓе нешто им фали, дали се срамат да се искажат слободно во јавност, па сето тоа што им лежи на душа, полесно го претопуваат во пишани зборви?
Сакам да пишувам, сакам да творам, но кога првичната мисла ќе ми дојде и инспирацијата ме поведе, по извесно време добивам некој блок во мозокот, во чувствтата, ќе се врзам во чвор од милион неискажани и недоречени зборови, кои незнам како да ги извадам од мене...и ќор сокак.
Едно време почнав да пишувам книга за мојот живот..уфффф, повеќе рикав од плачење отколку што пишував..една страна и два дена депресија.
Не, дефинитивно не ме бива, не умеам..можеби ќе се запишам во некоја креативна работилница,па белким ке поднаучам...а дотогаш ќе уживам во читање на текстови од @Baknuvalka @lady moon and @incognito (hug)(flower)
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape, Iris* and Achernar

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што се случи со темата за собиранка, пројде некој со кирби??
:^)
Еми пројде кога целиот договор се сврте на чет муабет.
Исто важи и за оваа тема. У реду е 4-5 поста со надоврзување, ама 4-5 страни... ете бујрум темата за чет. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Оти бе луѓево се олку станати осетливи? Аман веќе од butthurt народ.
Сериозно, не може некој нешто да направи без некој друг да не се најде навреден од истото.
Карли Клос е една од најуспешните манекенки на денешницава, девојката е кукла. И направила слики за Vogue, кај што е облечена како гејша. Пола свет збесна, како смееле така, како не можеле да најдат девојка од Азија да ја долови гејшата, кај бил диверзитетот, бла, бла, бла. Сликите беа тргнати, Карли беше принудена да се извини и изгуби не знам колку пари оти некој навреден се нашол. А тоа што има милиони други списанија каде гејшите се доловени од најразлични девојки, од сите раси, тоа не се важи. Ама оти е Vogue и оти е најпознато списание, тогаш бохохулие е ситуацијава. Немојте никако девојки за маскембалов во Струмица што доаѓа гејши да се преправате, немате право, навредливи сте. А не ми е јасно како му се замара на некого толку, зошто е толку навреден, нема ли personal life, па се замара за такви глупости. Баш напротив, камо да дојде некоја странска манекенка и да се слика во народна носија, прва ќе го поздравам тоа што некој се интересира за моја култура и ја презентира на светот, место да хејтам ќе ми биде ќеф што светот ќе дознае за нешто што ни е карактеристично.
Ви текнува на Мет Тејлор, научникот што слета сонда на кометата и што се појави носејќи ја хејтаната кошула со девојките? Го уништија човекот, мораше да се извинува оти облекол факинг кошула, оти некои феминистки се навредиле. Од истите, пола трпат неверства и не знам што од нивните мажи, ама кошулата беше проблемот. Не е битно што направи толкав чекор во науката, кошулата не чинела. И тој голем човек, мораше да се расправа со тоа на повеќе од пола конференции, наместо да зборува за својот проект кој е огромен дар за човештвото.
Има огромна разлика меѓу директна навреда и вакви ситуации. Во директни навреди имаш право да се буниш и да си бараш извинување, а се друго е типично плачење и повреда на некое его. Ништо повеќе. А и некој да е директно навредлив, не е толку big deal, за се сме благословени со ignore копче. Еве и јас не го сакам Jim Jefferies кој е најголемиот хејтер на женскиот пол, па не плачам како сум навредена и не збирам петиции да му се укине тоа што го работи. Едноставно го игнорирам. Нека си се смеат и нека му купуваат карти на тие што им е смешен, јас ќе си го слушам Робин Вилијамс и во него ќе си уживам. Исто и со списаниево, ако го сметаш за навредливо, не го купувај and move on with your life.
И крајно време е да се престане со вакви извинувања оти на некој му паднала круната. 7 билиони луѓе сме, не може на сите да ни чини.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Дечки дали некој/а може детално да ми објасни како да го ресетирам рутерот( да сменам име пасворд). Пробав еднаш , влегов внатре сменив, притиснав reset, но пак не можеше да се конектира лап топот. (star)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Дечки дали некој/а може детално да ми објасни како да го ресетирам рутерот( да сменам име пасворд). Пробав еднаш , влегов внатре сменив, притиснав reset, но пак не можеше да се конектира лап топот. (star)
Што интернет користиш? И на која конекција го конектираше лап топот?
Види го ова ако може да ти помогне
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка