@Ita,
@violetmoon ... на муабетов да се надоврзам, јас знам да пливам од многу мала, на некои си 5 / 6 години веќе си пливав без гума / мускули.
И најјакиот момент е што никогаш не пливам во плитко, особено за Охрид зборам, водата во плиткото е прљава, сите мочаат (Македонска „култура“) и сл.
Зимам душегот или гумениот чамец, и си веслам многу далеку, толку далеку одам, што се гледам од плажата буквално како точка во езерото, а јас ја гледам буквално цела плажа, од почеток до крај.
И тука започнува уживанцијата, далеку од сите, длабоко, чисто ... перфекција
Чат пат по некоја водна змија ќе ми пројде покрај мене, али бидејќи се безопасни (водни се, неотровни), немам воопшто страв, си пливам и уживам.
Дури и си фаќам водни змии, колку имам уловено, малечки змиички, ќе ги фатам за краот од опашката, за да не ме каснат, па и да ме каснат ... ништо страшно, али сепак сум си претпазлива, и интересно е што за да се заштитат водните змии, додека сум ги држела со рака, испуштаат многу јака и специфична миризба, која што ја лачат преку кожата, за да се заштитат.
Едина последица е што потоа цел ден, раката мисриса од таа миризба, колку сакаш миј ја со топла вода и сапун, миризбата тешко се отстранува во наредни некои си 12 часа.
До кај го раширив муабетот, од пливање до змии завршив