Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Денес бил меѓународен ден на лицата со даунов синдром, познати и како монголоиди.
Интересно, поимот монголоид се појавил во 19.век кога не знаеле дека лицата кои биле родени со еден хромозом повеќе имаат таква мака туку се мислело дека се работи за дамнешно монголско наследство :kafeдемек имале некој предок монгол...веројатно им личеле на жолта раса а.к.а монголи поради специфичниот израз и форма на главата присутен кај овие лица.

Подоцна самиот поим почнал да се употребува како погрден, посебно кратенката Монг кој и денес се користи низ британија. Ситуацијата стигнала до Обединети нации во шеесетите кога делегација на Република Монголија официјално побарала да се преземе нешто за тргнување на тој поим од медицината :roflпоради изедначувањето на лица со проблеми во развојот и етникумот Монголи :roflи така според првиот научник кој ги опишал симптомите овој синдром станал Даунов.

Инаку се работи за симпатичини особи во основа :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мислев дека вртењето со скриен број е болест која се прележува некаде до 21 година и после тоа тотално изумира.
Значи недај боже на фејсбук да стаиш еден пост, макар и сликичка. Веднаш прво започнуваат коментари, па пораки за на крај да ти ѕвони мобилниот, макар и да си се чул со личноста за нешто малку повеќе од 24 часа. Некои луѓе навистина имаат премногу слободно време...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Мислев дека вртењето со скриен број е болест која се прележува некаде до 21 година и после тоа тотално изумира.
Значи недај боже на фејсбук да стаиш еден пост, макар и сликичка. Веднаш прво започнуваат коментари, па пораки за на крај да ти ѕвони мобилниот, макар и да си се чул со личноста за нешто малку повеќе од 24 часа. Некои луѓе навистина имаат премногу слободно време...
А шо имаше на постот?? :zelen
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Читам за Брисел.
Уште нови жртви, уште нови невини животи одземени заради лакрдијата на светската политика. Уште нови лицеремерни прикажувања на сочувства, уште нови лицемерни положувања на цвеќиња, уште нова смрт на луѓе кои ништо не згрешиле, уште нови жимилактово твитови, уште нови статуси и знамиња на фејсбук, уште нови препукувања за тоа кој е крив, уште нови бистрења на квази политичари кои абер немаат што зборуваат затоа што абер немаме што се случува зад затворени врати, уште нови уназадувања во светот.
Некогаш си се мразам зошто се потресувам кога ќе прочитам вакво нешто, затоа што сум била во неколку странски држави и сум запознала луѓе кои се толку pro-life, а живеат во места каде што можат да бидат разнесени во секој миг.
Некогаш си викам, С. па тоа те дели од таквите луѓе кои се тотални социопати, кои можат да прават вакви работи и око да не им трепне, тоа те прави човек.
И јас не знам на каде терам со животов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, malo and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
So next time shit hits the fan, put the Kurdistani flag up along with the Belgian one.
http://ygeneration99.blogspot.mk/2015/11/blog-post_73.html

Напишано на 20.11.2015 :ladno
Уствари не е толку чудно, површно пратење на ситуација беше доволна да се предвиди дека нареден напад ќе биде во Белгија во скоро време.
Сега опет су сви изненаџени и увреџени...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Selene

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оноа кога мачките на Ван Хојте се ставаат во муабет за враќање мило-за-драго со терористичкиве напади. Не знам кој е попатетичен и полицемерен. Дали оние што палат свеќи и кенкаат Je suis "perdu" за во рок од 24 часа заборават на се`, или па овие гнаси лицемерни што од една страна „сочувствуваат“ со своите бриселски колеги, а од друга страна ги чуваат своите џукели врзани во дворот, спремни да ги пуштат да дефокусираат полуписмена македонска раја.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
^ Јас најмногу се нервирам кога ќе почнат со барање на главниот виновник. Германија, Меркел, мигранти, странски служби, Ван Хојте, Путин, Асад, Обама и кој ли уште не, а покојните уште не се изладени, еве вака да се изразам. Аман, нека почиваат луѓето во мир, не мора одма да се пикираат за политички препукувања, ааааа ви реков, ааааа арно им е, овој е крив, не оној е крив.
Цел фејсбук ми се преплави, сите се тркаат кој е најмудар и најголем експерт. Една па споделила слика со дете мигрант кај што држи парола Sorry for Brussels, па како тоа дете не е криво, како тоа дете одма ќе сме го осуделе заради бојата на кожата и заради тоа што било мигрант....(facepalm) Убаво еднаш рече @Electra , се дури ги гледаат како деца, не сфаќаат дека тие деца еден ден ќе пораснат и дека ќе бидат доволно способни да прават разни акти во местото каде што се најдуваат.
Најмизерно ми е кога вака се искористува човечка смрт, за докажување нечии безвредни поенти.
Кој и да е крив, луѓето си заминаа. Па кој сака сега нека си бистри политики, тие луѓе нема да се вратат. А и јас не сум многу поарна, и самата коментирам, ама не можам нервоза ми се прави кога гледам како се користи човечка смрт, како да е шаховски потег во игра на некој турнир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Абе за некои луге и не е интернет, ама тоа е...демократија и слобода на говорот мора да има.
Ама се ми се чини дека и во Европа како во Америка ке почнат да им доаѓаат на врата на лугето за некои коментари на фб.