Постон на Мис е причината зашто поддржувам абортус. Никој не е должен да трпи малтретирање од невоспитани дечишта (подоцна и возрасни) пошто некои неписмени не чуле за контрацепција, па фрлаат деца ко зајци на секое чучнување.
А кога сме веќе кај глуп народ... не знам за нив, ама мене ми е криво за луѓе со карактер заостанат на 12 години.
Срамота е за секој над 20 години да се служи со финтици од типот „прашај ја мајка ти“ и да се фали со работа што е смешно небитна, нешто ко у стил дека има еластични палци, да речеме...
Којзнае кога, ваљда наместо да лајкнам, сум стиснала да се придружам на некоја група за метал музика.
Е, прееска го открив чудото на некакви си филтрирани пораки во сандачињана по фб, и внатре го здогледувам бисеров, пратен пред месец дена.
Умрев.
Металика погана бе. Може сум сакала да им пишувам да го слушнат гласот на Бога и да се свртат кон светлината.
Да ми го бубне некој во чело (јас не можам, ме блокнал да не му вратам случајно) и да му каже дека почитувањето музика нема врска со стилот на облекување еднаш штом надминеш старосна граница од некои 16ина години. Тоа да го оставиме на оние од 40+ на кои уште им е потребна потврда дека припаѓаат некаде.
Also, да му го поклонам „Звуци нашег села“ пошто дет метал не му личи на појавата.
Штета не видел што убаво ми стојат кожни панталони.