Вчера наместо да подготвуваме сите заедно за нешто убаво, за некоја прослава, за радост, јас подготвував за да оддадеме чест зошто повеќе те нема. Наместо да влезеше во кујна и да почнеше да ни се мешаш во работата, не влезе. Утрово наместо да ме разбудиш за на работа како што ме будиш секое утро без исклучок, ме разбуди алармот на телефонот. Да станам на време, да не задоцнам за да одам и да се одпоздравам со тебе за последен пат. Знам дека така иде животот и знам дека подобро е да се иде по ред. Прво постарите, потоа помладите. Но, доживотно ќе ми фалиш. Буквално, до крајот на животот ќе ми фалиш и ќе те мислам и ќе те сакам. Те сакам, бабо.