Не сакам кога ќе ми кажат дека потсеќам на дете. Дека се однесувам детинесто. Се осеќам многу помало од тоа што сум, кога така ќе ми кажат. Но, вчера сфатив дека можеби и е вистина и некако за прв пат, океј ми е што е така. Не сум спремна да бидам нечија сопруга, нечија снаа и најмалку од се, нечија мајка. Не сум спремна да градам семејство и дом. Убаво ми е вака како што ми е моментално. И да, детинеста сум бидејќи не сакам и не сум спремна да го прифатам класичниот шаблон на секојдневие на еден нормален возрасен човек. Стани, појадувај, иди на работа, работи, врати се дома, ручај, одспиј, биди со партнерот/пријателите, легни да спиеш и утре, повторно од почеток. Не можам ни да прифатам да не правам ништо во слободното време. На мојот мозок потребни му се многу работи... постојано музика и тоа хардкор. Филмови, серии, муабет бе за серии бе. Да, сеуште гледам серии. Кантер. Книги. Цртање. Да, сеуште сакам да си цртам. Да си возикам со точак. Да дремам на клупа во парк. Да имам некаков проблем и да не знам што да правам. Јас, самата за себе, да не знам што да направам. Да, се случува. Јебига, можеби сум сеуште детинеста и не знам за многу работи за самата себе да се згрижам, не па ли за некого друг. Но, барем го прифаќам тоа што сум и не си форсирам нешто што барем моментално не можам, само за да не изгледам детинесто во очите на моите врсњаци. Да, ништо немам figured it out, а и некако не сакам.