Сакам да кажам/Сакам да прашам

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Знае некој овие за обетки како се викаат?

boHF3by.jpg

Гвинт се вика ова за затворање од задната страна ако прашуваш за овие двете што се понапред на сликата тоа се гвинтчиња. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
"Љубовта боли". Не, љубовта не боли. Изневерувањето боли, разочарувањето боли,губењето на доверба боли,шамарот боли, удар со новите штикли во пределот на тестисите боли. Љубовта ? Не боли."
(bravo)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
СДК може и нешто паметно да улета на Фејсбук. Во продолжение...

Се жалеме кога немаме кредит на телефонот – некој ни нема телефон!! Се жалеме кога ќе ни закочи компјутерот – некој ни нема компјутер!! Се жалеме кога немаме да облечеме нешто НОВО – некој нема ШТО да облече!!! Додека јадеме кифла и ни падне, ја фрламе – Некој храната ја вади од канта и вкусно ја јаде!! Додека сме тажни затоа што сме несреќни во љубовта, или изнерверени – некој е несреќен затоа што е болен или гладен!! Всушност ние не сваќаме колку сме среќни.


Добра ноќ! :sleep
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК може и нешто паметно да улета на Фејсбук. Во продолжение...

Се жалеме кога немаме кредит на телефонот – некој ни нема телефон!! Се жалеме кога ќе ни закочи компјутерот – некој ни нема компјутер!! Се жалеме кога немаме да облечеме нешто НОВО – некој нема ШТО да облече!!! Додека јадеме кифла и ни падне, ја фрламе – Некој храната ја вади од канта и вкусно ја јаде!! Додека сме тажни затоа што сме несреќни во љубовта, или изнерверени – некој е несреќен затоа што е болен или гладен!! Всушност ние не сваќаме колку сме среќни.


Добра ноќ! :sleep
Т.е. „Секогаш има и полошо“? Е со оваа изрека никогаш не можам да се сложам. И што ако има полошо? Треба да се тешиме со она што го имаме и ништо да не бараме? Па секогаш има и подобро или така сме само алчни суштества? Каде е напредокот ако се тешиме постојано со „Секогаш има полошо“? Одиш на испит, вадиш 30 поени од 100 и на крај се тешиш „Па има и некои што имаа по 0 поени.“ |-( А што е со оние што успеале да положат? Или не, вака ќе има со што да се тешам, секогаш има и полошо. Идеш на работа и ти велат „Овој месец фирмата нема доволно пари и ќе касниме со платата (т.е. уопште нема ни да земете плата)“ и што треба да си кажеш? „Па што, има и полошо. Некои по пола година не земале плата.“
И сеа ако има и полошо треба да се трудиме да го стигнеме тоа? Епа ај да земеме да јадеме сите од контејнерите, може така? Замисли таа истата кифла кога паднала (имаше и цела научна студија околу ова) за само 1 секунда успева да апсорбира околу 3000 бацили кои можат да ти наштетат, па сеа ти види дали ќе ја фрлиш или ќе си ја јадеш.
Кога немаме кредит на телефонот? Па треба да го фрлиме. Па што, замисли некој нема ни телефон. Зошто па ти да имаш телефон? Исто и за компјутерот. Да не вртам за секое.

Добра ноќ и од мене:) И наместо да се тешам со „Секогаш има полошо“ јас секогаш си поставувам предизвик со „Секогаш има подобро и треба да пробам да го престигнам“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y