СДК може и нешто паметно да улета на Фејсбук. Во продолжение...
Се жалеме кога немаме кредит на телефонот – некој ни нема телефон!! Се жалеме кога ќе ни закочи компјутерот – некој ни нема компјутер!! Се жалеме кога немаме да облечеме нешто НОВО – некој нема ШТО да облече!!! Додека јадеме кифла и ни падне, ја фрламе – Некој храната ја вади од канта и вкусно ја јаде!! Додека сме тажни затоа што сме несреќни во љубовта, или изнерверени – некој е несреќен затоа што е болен или гладен!! Всушност ние не сваќаме колку сме среќни.
Добра ноќ!
Т.е. „Секогаш има и полошо“? Е со оваа изрека никогаш не можам да се сложам. И што ако има полошо? Треба да се тешиме со она што го имаме и ништо да не бараме? Па секогаш има и подобро или така сме само алчни суштества? Каде е напредокот ако се тешиме постојано со „Секогаш има полошо“? Одиш на испит, вадиш 30 поени од 100 и на крај се тешиш „Па има и некои што имаа по 0 поени.“
А што е со оние што успеале да положат? Или не, вака ќе има со што да се тешам, секогаш има и полошо. Идеш на работа и ти велат „Овој месец фирмата нема доволно пари и ќе касниме со платата (т.е. уопште нема ни да земете плата)“ и што треба да си кажеш? „Па што, има и полошо. Некои по пола година не земале плата.“
И сеа ако има и полошо треба да се трудиме да го стигнеме тоа? Епа ај да земеме да јадеме сите од контејнерите, може така? Замисли таа истата кифла кога паднала (имаше и цела научна студија околу ова) за само 1 секунда успева да апсорбира околу 3000 бацили кои можат да ти наштетат, па сеа ти види дали ќе ја фрлиш или ќе си ја јадеш.
Кога немаме кредит на телефонот? Па треба да го фрлиме. Па што, замисли некој нема ни телефон. Зошто па ти да имаш телефон? Исто и за компјутерот. Да не вртам за секое.
Добра ноќ и од мене
И наместо да се тешам со „Секогаш има полошо“ јас секогаш си поставувам предизвик со „Секогаш има подобро и треба да пробам да го престигнам“.