Родителска негрижа

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
ти напиша дека го оставаат детото кај баба и дедо
сега пишуваш нешто сосема друго
ако второво е вистина, тогаш не ми се допаѓа.
Прочитај поубаво,пишав кога не е на работа за време на викенд го остава така пошто тогаш неговите обично не се тука,заминуваат на село имаат викендица,
па нема кај да го остави,и да сосема е точно не знам што корист би имала тука да измислувам приказни.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Хм, што и да речам за другите семејства ќе згрешам. Како што им е добро да прават, нека си прават.
Јас знам дека моето дете, треба да има време и да си биде само (да не му стојам 24/7 над глава), треба да ја има мојата прегратка кога ќе му е тешко, и кога ќе биде среќно.
Треба да сум тука да го пофалам кога ќе направи нешто убаво, да го укорам ако греши - и да му укажам што е она што јас како возрасен сметам дека е правилно.
Да го насочам кон вистинскиот пат, и барем еден час во денот да го посветам на разјаснување на нејасни работи.
Исто така треба да бидам тука, да му обезбедам пристојни услови за живот. Зависи од професијата на луѓето. Да бев се’ уште дистрибутер ќе си го гледав детето на 2-3 часа во денот, затоа што се враќав ептен доцна, но сега вака, со оваа моја моментална професија во која ми се потребни само 3-4 часа да прошетам по банки - ни толку, имам време цел ден да им се посветам.
Добро, се’ уште се мали, па ми треба само нежност и стрпливост.
Немам некој голем стаж како родител, но концептот го имам, се молам на Бог да ми го дочува паметов, па да бидам ист ваков родител.

- Само немојте да судите дека ако не се присутни родителите нема да бидат грижливи. Ќе дадам два блиски примери:
Мајка ми, беше самохрана мајка, и работеше во конфекција, се случуваше да работи прва па трета смена, и да не и’ видиме око, ама исто така знаеше да седне и да разговара ден и ноќ, и љубовта што ни ја даваше во моментите кога можеше - ни беше доволна и за моментите кога беше на работа. Истата таа љубов ми е доволна и сега кога веќе не е покрај мене.
Значи - може родител да биде дома 24/7 па да не знае да го задоволи детето.
Втор пример, жена ми. Таа е се’ уште студент, и другата година, кога веќе ќе потпорасне малата, ќе замине во Скопје, јас ќе останам сам со нив. Тоа нема да значи дека таа нема да се грижи за нив, и дека нема да им дава љубов.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
прашање :
зошто сега си овде на форум наместо да го посветиш времево на детето?
затоа што сум на работа ,а кога сум дома се вклучувам кога ќе заспие...прашај слободно уште нешто
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
затоа што сум на работа ,а кога сум дома се вклучувам кога ќе заспие...прашај слободно уште нешто
А што ако дур спие се преврти од креветот, доживее шок или заборави да дише, а ти седиш на форум? Дали тоа би било родителска негрижа? (одам до крајности, знам)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А што ако дур спие се преврти од креветот, доживее шок или заборави да дише, а ти седиш на форум? Дали тоа би било родителска негрижа? (одам до крајности, знам)
Предлагаш да стоиме до креветче и да буљаме во нив ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
А што ако дур спие се преврти од креветот, доживее шок или заборави да дише, а ти седиш на форум? Дали тоа би било родителска негрижа? (одам до крајности, знам)
и тебе ќе ти одговорам не се секирај,со лап топ сум и до креветот нејзин седам,не ја оставам сама
Наредно прашање?
Само утре ќе ви одговорам сега одам дома .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не, само прашувам. Ништо не предложив нити осудив некого.
Не реков дека осудуваш, едноставно не беше логичко нештото :)
Пример, пред неколку дена син ми играше со автомобил. Една секунда беше во дневна - го гледав пред мене, се свртив ми ѕвонеше телефонот, следната секунда беше до вазна, го турна автомобилот во вазна таа падна и за малку на ноџе - дефинитивно ќе му беше во најмала рака пукнато ковчето - уште ми се тресат коските од помислата, ама тоа не е негрижа...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не реков дека осудуваш, едноставно не беше логичко нештото :)
Пример, пред неколку дена син ми играше со автомобил. Една секунда беше во дневна - го гледав пред мене, се свртив ми ѕвонеше телефонот, следната секунда беше до вазна, го турна автомобилот во вазна таа падна и за малку на ноџе - дефинитивно ќе му беше во најмала рака пукнато ковчето - уште ми се тресат коските од помислата, ама тоа не е негрижа...
Епа тоа и ми е целта да покажам. Од каде знаете каква е приказната на оние кои ги осудувате? Еве violetmoon ги посочи нејзините познаници, ама од каде знаеш ти како се пресекло детето, како бутнало телевизор и сл. Сите знаеме дека малите деца се хиперактивни „ѕенѕала“ и не е лесно да се следи секој нивни чекор, како што и посочи аркантос една секунда да го испуштиш од вид и може да направи беља.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Епа тоа и ми е целта да покажам. Од каде знаете каква е приказната на оние кои ги осудувате? Еве violetmoon ги посочи нејзините познаници, ама од каде знаеш ти како се пресекло детето, како бутнало телевизор и сл. Сите знаеме дека малите деца се хиперактивни „ѕенѕала“ и не е лесно да се следи секој нивни чекор, како што и посочи аркантос една секунда да го испуштиш од вид и може да направи беља.
А, тогаш ИЗВИНИ(во најискрена смисла на зборот) не те сфатив убаво затоа рипнав.
Во секој случај, да во право си. Можам да набројам милион случки од моево еве 2 годишно родителско искуство каде за милисекунда се случувале ужасни ситуации :)