1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Родителска негрижа

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Believe, 19 февруари 2013.

  1. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Еве вака сега:
    Примерот за дадилката го знам, ама нема што да се прави.
    Динамиката е таква. Едниот ако не работи, а ако другиот нема директорска плата детето ќе умира за јадење - во буквална смисла.
    Затоа што само памперс - бекутан и марамици се колку пола плата.
    Е сега кога веќе едниот не работи, е дома, не оправдувам фрлање на децата кај бабата.
    Ама размисли дека на бабите и дедовците внуците им се раска во око, секако дека треба да се остави бебето / детето малку и кај нив.
    Тоа не е негрижа - од моја гледна точка не е.
    Се’ додека детето има прегратка од мајката и татко то, се додека црнчат за да биде тоа задоволено, се’ додека е ислушувано кога и да треба - не е негрижа.

    И викаш си против за оставање со дадилки:
    Ајде кажи ми што да направам јас идната година. Мајка немам, таа исто нема. Нема на кого да ги оставаме децата, јас од 1 напладне до крај 3-4 морам да сум излезен, таа ќе биде во Скопје на факс. На кого да ги оставам децата? На комшиите? Или да земам дадилка?
    - земи во предвид дека машкото не може да поднесе во градинка, плаче и сака дома.
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Meли се е во ред кажано но што и кога не одаат на работа?Барем едниот родител?Што тогаш?Никој не рече да се покрај нив постојано но посвети им малку внимание мајка му стара а не само преку викенд.Не се и тие постојано на работа 24 часа.Имаат слободни денови...Зошто ги правиле тие деца кога барем еднаш не им посветиле внимание како што доликува?М?
    Знаеш ли колку е иритирачки целото време да го поминеш со бабата наместо да чекаш родителот да те бакне за добра нок?
    Еднаш имав прилика да зборам со едната внука и се запрепастив од нејзиниот одговор.Ми рече:Тетко мама нејке да го помине роденденот со мене (тоа на 5 години) зошто се договорила со нејзините пријателки за шетање.
    Што ке кажеш на тоа?

    Ете во случајот кој го спомнав таткото зема огромна плата...мх мх за мераци му е... За јадење имаат,за школување имаат но родителска грижа и не баш... И не само во тој случај можам да набројам и уште ама кнап сум со време.
    Никаде не реков да не се оставаат кај бабата но не секој ден бре,не и кога можат да му посветат внимание... Не,зошто и тие имаат обврски но кога тоа ти е единствен излез тогаш во ред.
    Не и кај комшиите...Освен ако сакаат да го причуваат и имаш доверба во нив.
    А што ако ретко ја имаат таа прегратка и бакнеж за добра нок?
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    МериСелест
    неможам на памет за зборувам за нечиј пример кога не ги познавам.
    секако дека не оправдувам родител да не присуствува на роденденот на своето дете без да има подеебела причина за тоа,јас само напишав општо генерализирање на работита.
    имам братучед кој 90% од времето е вон државата,но неможам да го осудам за не присуството на роденденот на неговите деца,но и тој некаде е од причина за да обезбеди подобра иднина за своите деца.
     
    На lady_blue, slb_bobo и МериСелест им се допаѓа ова.
  4. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Негрижата за младите во денешно време е табу тема. Читајќи по форуми има деца што се срамат од родителите по тоа колку години им имале, колку немале пари, колку немале скапи телефони.
    Она што во наше време беше поважно од материјалните нешта изумре.
    Моите родители се старомодни луѓе и мило ми е што сеуште во себе ја зачувуваат својата традиција и постапките за чување на идните мои деца ги пренесуваат од колено на колено. За жал више не се води грижа каде и со кого му оди детето. Родителите во овој модерен свет ги запоставуваат своите деца, ги разгалуваат и просто од тие деца не останува ни малце интелегенција ни малку почит. Не се научени на манири и почит спрема постарите. Сметам дека за секоја погрешна постапка на детето е кривица на својот родител. Не за џабе велат каков татко таков син или каква мајка таква ќерка.
     
    На Sutrak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sutrak

    Sutrak Нов член

    Зачленет на:
    17 февруари 2013
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    2
     
  6. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    ^^ Сѐ е толку јасно и лесно и едноставно... за туѓи деца.
     
    На elizabetta, melpomena, Arkantos и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Sutrak
    Теорија - пракса, два различни поими.
    Кога ќе имаш свое дете, и кога ќе го однесеш два пати, и кога ќе го враќаш дома цело залипано од плачење, и кога ќе ти рече „Оти дада не иде со нас?“ и кога ќе сфатиш дека детето ти се чувствува отфрлено а ти си сакал да направиш само да го социјализираш(а нема како да му го објасниш тоа на дете од едвај годинка ипол) е тек тогаш, ќе го збориме пак овој муабет.
     
    На violetmoon, slb_bobo и lady_blue им се допаѓа ова.
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    А може ли некој во 5-6 реченици да дефинира точно што е тоа родителска негрижа?
    Свесни ли сте дека тоа е многу сериозно обвинување и повлекува сериозни санкции, како што е одземањето на детето од родителите, за негово добро?
     
    На Arkantos, melpomena и slb_bobo им се допаѓа ова.
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Ја би рекол дека родителска негрижа е родителот да доаѓа дома во алкохолизирана состојба, надрогиран и сл. и да не е во состојба правилно да го развие детето. Пример да го тепа за се` и сешто без усул, да го затвора по цели денови, да не му дава да јаде, да го малтретира и сл. Барем јас тоа подразбирам под родителска негрижа.
     
    На Sutrak, Arkantos и lady_blue им се допаѓа ова.
  10. Sutrak

    Sutrak Нов член

    Зачленет на:
    17 февруари 2013
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    2
    Ништо не е лесно ниту за туѓи,ниту за свои деца,јас појдов од себе зашто пораснав со дадилка и со градинки така да не зборам од памет сигурно.Се согласувам со тебе дека теоријата и праксата се различни поими меѓутоа и факт е дека возраста на твоето дете(година ипол) е многу мала за во градинка плус за жал кадарот и не го дава својот максимум за да помогне(поготово негувателката). Мене лично до 3тата година ме чуваше жена а потоа ме однесоа во градинка,што за мене беше шок зашто сум долго очекувано дете и како што знам првите недели вриштев по мајка ми,меѓутоа имав среќа зашто учителката имаше трпение и стварно си ја сакаше работата па се ангажираше околу тоа децата да се опуштат во новата средина.Секој почеток е тежок,така да со два пати идење не секое дете се навикнува на нова средина,мада пак ке кажам зависи и од кадарот во градинката колку ќе се ангажира за да го опушти детето дури да се навикне што кај нас тоа го нема сегде... Градинката е решение ама ако отидеш во градинка со квалитетен кадар.Брат ми за да биде поблиску го запишаа во една градинка во нашата населба но за него тоа беше хорор зашто воспитувачката беше многу ќе кажам неписмена(мада заслужува и полошо) и неажурна така да брат ми или беше тепан или некого истепал,децата веќе беа поделени во групи и не се дужеа меѓу себе,поради тоа брат ми нејќеше да слушне за градинка,среќа во тој период татко ми беше послободен па тој се грижеше за него. Пак ќе кажам не ме сваќај погрешно,коментарот не е пишан за да ти продавам памет,туку со добра немера и не го сваќај погрешно.
     

Сподели: