Не се доволни неколку реченици да опишам колку му се восхитувам, но ќе пробам да доловам како јас го доживувам кралот на македонската театарска и филмска сцена-Ристо Шишков.
И човекот со неизмерна и искрена љубов кон својата татковина...
Го знаеме по многуте филмови со кои сме пораснале. Го паметиме како Гоце Делчев во Табакерата и како главен јунак во Македонска крвава свадба и во Републиката во пламен.
Тоа што Шишков често глумел херој, човек одан на својата татковина и својот народ не било случајно.
Совршената глума која ја гледале другите кај него уствари било искрено отварање на својата душа. И самиот тој бил тоа-херој кој е спремен на се за својата татковина...
Но, токму таа преголема љубов го довела до пропаст.
Неправдата која и била нанесена на Македонија, угнетувањето од другите земји и погрешната политика на тогашната власт биле работи со кои Шишков не можел да се помири. Искрено го искажувал незадоволството, па поради тоа му биле доделени етикети на националист и човек кој ја мрази и вреѓа власта.
Често знаел да каже дека нема потреба во нашата земја да глумат странци, дека имаме доволно квалитетни наши луѓе, но секогаш бил понижуван и за да биде иронијата поголема бил принуден се почесто да глуми улоги во кои бил српски полицаец, грчки државјанин...
Незадоволството и притисокот растеле, Шишков бил суспендиран, па дури и Македонската телевизија ставила забрана за неговиот лик. Во 1979 год бил обвинет за навреда на српски, хрватски актери и на Тито каде што заминува и во затвор. После многу тортури, по боледување животот му завршува во 1986 година.
Ќе остане запаметен како изврсен актер во 11 филмови и преку 50 театарски претстави.
Актер, но и човек за пример. Пример за вистински патриотизам...