Јас како фан на пилетина
, не можев а да не отворам ваква тема.
Домаќини и домаќинки, тука пишувајте рецепти за припрема на пилешко месо, во сите варијанти кои ви прават кејф или ако не сте ги пробале барем сте ги прочитале.
Поховано пилешко за двајца
Потребни состојки:
- 2 парчиња пилешки стек,
- 2 лажици вегета,
- 200 мл вода,
- 2 лажици стопен путер,
- пола лажичка оригано,
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал,
-маслиново масло
За поховање:
80 гр лебни трошки
2 лажици црвен пипер
2 лажици пармезан ( незадолжителна состојка)
Припрема:
Стековите исчукајте ги од двете страни и попрскајте ги со вегета.
Во сад на оган ставете ги двете лажици вегета, водата, стопениот путер и ориганото. Нека зоврие и варете неколку минути.
На парчињата пилешко наредете ги кашкавалот и шунката, завиткајте ги во ролат и зацврстете со чечкалици.
Така спремени ставете ги во смесата во садот, па извалкајте ги во претходно измешаните трошки, пармезан и пипер и ставете ги на намачкана тава со маслиново масло да се печат во рерна.
Се пече околу 45 минути на 200 степени.
Се служи со печен компир.