Рецепти со пилешко месо

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас како фан на пилетина :giggle , не можев а да не отворам ваква тема.
Домаќини и домаќинки, тука пишувајте рецепти за припрема на пилешко месо, во сите варијанти кои ви прават кејф или ако не сте ги пробале барем сте ги прочитале.

Поховано пилешко за двајца

Потребни состојки:

- 2 парчиња пилешки стек,
- 2 лажици вегета,
- 200 мл вода,
- 2 лажици стопен путер,
- пола лажичка оригано,
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал,
-маслиново масло

За поховање:
80 гр лебни трошки
2 лажици црвен пипер
2 лажици пармезан ( незадолжителна состојка)

Припрема:
Стековите исчукајте ги од двете страни и попрскајте ги со вегета.

Во сад на оган ставете ги двете лажици вегета, водата, стопениот путер и ориганото. Нека зоврие и варете неколку минути.
На парчињата пилешко наредете ги кашкавалот и шунката, завиткајте ги во ролат и зацврстете со чечкалици.
Така спремени ставете ги во смесата во садот, па извалкајте ги во претходно измешаните трошки, пармезан и пипер и ставете ги на намачкана тава со маслиново масло да се печат во рерна.
Се пече околу 45 минути на 200 степени.
Се служи со печен компир.

piletina-6860-300x150.jpg
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
1кг. пилешки стек
1 тегла шампињони
2 павлаки
2 лажици сенф
1 чаша бело вино
1 лажиче буковец
сол,оригано
Месото се сецка на ситни парчиња и се става да се пржи, се додаваат шампињоните, па сенф, сол, оригано,буковец, па се пропржува,потоа се додаваат павлаките, па се пропржува уште малку околу 2мин, и се става виното. Се остава да крчка на тивко додека се свари месото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and slb_bobo

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Слатко кисело пилешко (дека денес прв пат го направив, а ептен е добро)

Ова од прилика е за двајца ама може да јадат и тројца.

Што ви е потребно:
- Свеж стек 500 gr
- Пиперки 4-5 (ова е по желба колку сакате зеленчук)
- Може да се додаде и морков
- Една главица кромид
- Две лажици вегета
- Малку зејтин
- Слатко кисел сос од Uncle Bens http://chefzhoro.files.wordpress.com/2011/04/4002359631870.jpg
- Може да се додаде и 1-2 големи лажици сварена пченка (јас ставив готова од конзерва Podravka, одлична е)

Го сецкате стекот на парченца по ваша желба, поубаво поситни. На дното на тенџерето ставате зејтин (од прилика 1-2mm да има подлога). Ги сецкате пиперките, морковите, кромидот, додавате вегета. Ова се става на загреана рингла и се потпржува некои 10 тина минути, месото да добие црвенкаста боичка. Мора да мешате постојано со дрвена лажица.

Потоа додавате една чаша врела вода, и мешате од прилика 10 тина минути. Додадете пола тегличка од слатко киселиот сос и продолжете да мешате. Готово е од прилика за половина час, ама најубаво да пробате од мевцата па ќе видите до каде сте.

Ептен е добро :)
 

mare

Нов член
11 март 2012
1
0
1
56
еве од мене нешто лесно, вкусно и освежително
Пилешка чорба со кисело млеко
1 кг. ситни делови од пиле (килца,вратчиња)
1 главица кромид
2средни моркови
1лајца брашно
1лајче црвен пипер
1-2лајци вегета
1кисело млеко
црн пипер
1 лист ловор
магдонос
деловите од пилето претходно ги вариме во малку посолена вода.
кромидот и морковот се пропржуваат на масло, се додава брашното, малку се пропржува и на крај црвена пипер. Кон ова се додава претходно сварените пилешки делови заедно со водата, се додаваат зачините по вкус и се остава да поврие неколку минути(5-10). Се трга од оган, се мати 1 јајце и во него се додава киселото млеко, го разбиваме заедно со јајцето о го додаваме во сварената чорба. Промешуваме и на крај се додава свеж сецкан магдонос. Пријатен апетит !
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Пилешко во бел сос


600гр пилешко бело месо
500гр шампињони
3 чешниња лук
4дл слатка павлака
4 дл вода
1 коцка супа од зеленчук или лажица зачин кој го користите
1 лажичка густин
3 лажици масло
сол, бибер
Подготовка:
Пилешкото исечете го на коцки и пропржете го неколку минути на врело масло
Извадете го па на истото масло пропржете го ситно сецканиот кромид, додајте ги шампињоните и динстајте ги околу 5 минути додека не пуштат вода и малку не омекнат.
Вратите го пилешкото во тавата, долејте врела вода и зачини. Се заедно оставете го да крчка околу 5 минути, па додајте ја слатката павлака.
Гответе уште 10 минути за сосот малку да згусне и да се соединат вкусовите. На крајот разматете густин во 1 дл вода и додајте го во тавата. Немојте да ставате многу густин за сосот да не биде прегуст.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Растурен увијач
Потребно за 4 лица
1 кг пилешки стек
300 гр кашкавал
300 гр сува сланина
200 гр. павлака
250 гр.кајмак
100 мл млеко

Подготовка:
Парчињата стек се сечат на половина (трансверзално) и се редат во тава премачкана со зејтин. Одозгора се реди сланината (исечена на тенки парченца), а врз неа се ренда кашкавалот.
Павлаката, кајмакот и млекото се матат во некое саде со лажица и се полева врз претходно нареденото.
Се пече 1 саат.
Превкусно е.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Пред некој ден јадев пилешко правено со пиво и многу ми се допадна.
Се што ви треба е пилешки стек, пиво, малку вода, сол или други зачини и малку зејтин или маслиново масло.
Во подлабока тава ставате вода и пиво, потоа месото кога течноста ќе изврие додавате малку масло и малку го запражувате стекот.

После дома мама ќе прави пилешки гнезда :giggle, па ќе ви го пишам рецептот.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Пилешко во кари сос

Ви треба:
- Стек, неколку парчиња
- една хопла
- кари
- и масло или путер

Го сецкате стекот на малечки парчиња, и го ставате во тавче во кое претходно сте ставиле путер или масло. Потоа откако ке се зацрвени, и убаво се испржи му се става хоплата цела. Промешувате, и зачинувате со кари. Јас ставам една и пол лажичка кари. Потоа се пржи уште 5-10 минути и е готово.

Сочно пилешко месо со пиперка и со праз
Состојки:
- 1 кг пилешко месо
- 400 г праз
- „Маги Сочно од рерна“
Сите состојки додадете ги во ќесето за печење
и следете ги упатствата од пакувањето.

Маринирано пилешко
Во обична ќеса се ставаат неколку парчиња исечени пилешки гради заедно со малку брашно, сол и бибер.
Се протресува ќесата за да брашното и зачините убаво се налепат на пилешкото.
Се префрла во огноотпорен сад или тавче кое претходно сте го намачкале со сосем малку масло.
Мевцето се посипува со путер, значи 2-3 лажици ви се доволни и се пече во загреана рерна 25 минути на 230 степени.

Во меѓувреме ќе си направите маринада, во оригиналниот рецепт пишуваше готова од конзерва, ама јас си направив свежа. Ништо посебно, ниту тешко, 2-3 зрели домати се сечкаат ситно или уште поубаво во блендер ако имате, заедно со свеж исечкан магдонос, лукче, кромид и омилените зачинки (јас ставив сол, бибер, оригано и малку чили).

После 25-те минути печење на месото, се додава сосот од домати. Се посипува со малку пармезан одозгоре и се допекува усте 20-25 минути на намалена температура од 170 степени.

*Медитерано*
-250 гр пилешко
-50 гр говедска пршута
-150 гр кисела павлака
-неколку шери домати
-малку магдонос и бибер
-како додаток-обарен карфиол,брокула,гарнир од зеленчук и пекарски компир
Пилешкото се сече на парченца, и се става да се пропржи.Откако ке зарумени,се додава пршутата исто исецкана на парченца како и месето(иста големина отприлика).Се пржи заедно.Се додава палваката и се остава да подинста со пилешкото и пршутата.Се додаваат и шери доматите,исецкани на поголеми парченца,и накрај и магодноносот и малку бибер.Се остава уште 3 мин заедно на рингла и се сервира.