Текст од еден мој пријател со кого ги поминуваме заедно пензионерските денови!
Може ли да се проследи афоризмот на Ајнштајн низ рапсодична реторика: "Логиката може да Ве однесе од точка А до точка Б,фантазијата може да Ве однесе секаде.
Поетиката на човековото мисловно кредо обилува со неисцрпна творечка енергија,која иманентно извира од врутокот на фантазијата која интригува,мами и пулсира низ дамарите на недовршената извесност,како контрапункт на сивата и скудна реалност.
Дали може да се допре и дефинира чуството фантазија?
Можеби како предмисловен алогизам?Или со митолошко - митски превез,или како илузивна и идеализирана универзална порака,заробена во неизвесноста?
А можеби како идилична интрига која креира творечка духовност што извира од најдлабоките и суптилни емоционални наслаги оивичени со суета,завист,заблуди и цивилизациски престиж до цинизам.
Фантазијата можеби допира до психомагнетните задгранични резонанси,кои пак вибрираат со магична сила на флуидната имагинација.
Има ли,и кои се допирните точки помеѓу реалноста и фантазијата?
Одговорот ќе причека до "некаква" логична разврска.
А,можеби е крајолик на фантазмагоричен провев,носен на брановите на носталгичната сонувалка...
Можеби,само привид или превид на калеидоскопската диоптрија на човековиот мисловен алтруизам или субјективна " specifica sui geris",или надворешна романса зачната во рана пролет на хомо-сапиенсот?
Многу дилеми и противречности виорат низ сензорните сетила на човековите предизвици да ѕирне во длабоките дамари на неизвесноста,на окултното,на митското.
Можеби тука некаде започнува и завршува молкот во судир со трансцеденталното во лавиринтот исплетен од протеинските нишки (ДНК) кои обоено звучат во мелодрамата на логичниот алогизам или само фикција на "научен" вакум?
Или магичен надреализам?
Секако остануваме на магловит хипотетично - семиотичен знак.
Кога патуваме со мислобродот низ вселенкиот мегапростор,мистеријата расте во судир со недопреното,а интригата го надвишува Апеиронот на Анаксимандерот.
Кога веќе се одваживме да ѕирнеме во темните тунели на привидот фантазија,можеби и ќе допреме до изворната сила на креативниот "spiritus movens"!?
Секој субјект исправен пред големиот предизвик осмислува и креира свој пат.
А разлеаните звуци од Орфеовата лира или Еоловата харфа,компонираат чудесна симфонија во цветната алеја на големиот мозаик од озвучени бои или обоени звуци кои не внесуваат во божилакот на интимното "мене" во сечие "мене".
А,илузорното "трето" око и трето "уво" обоено звучат,како ехо на одминување во маглините на космосот..
Дали доволно ја чуствуваме зависноста од звучните сигнали на боите,кои се длабоко втемелени во нашата сензуална интима,како архетипска заложба.
Дали доволно го доживуваме мирисот на обоените звуци?Дури и ежедневните средби еминираат звучни пораки.
Темата е неисцрпна и непредвидлива,флуидна,безвременска и романтично иронична!
Колку неизвесноста е фантастична,толку извесноста е здодевна.
Фантазијата е привилегија на боговите.Таа поседува магична ексклузивност на реалноста!
А,можеби е само сениште во самракот на виртуелната "реалност" или спрега помеѓу илузии и халуцинации?
И едното и другото е завера против "вистината".А вистината на стаклени нозе,лесно кршлива ,блада во сеништето на сопствената психоделичност.
И,така.Скаликите на часовникот ,некакво време мерат во ова сулудо и цинично невреме.А може ли да се имери?
Мислобродот го продолжува летот низ вселенската мистериозна неизвесност,по трнливите патеки на "Per aspera ad astra..."
И така,секоја средба на одминување,го живее својот хороскоп,носен на носталгичен бран,во заборавот,во вечниот молк каде звукот обоен идилично звучи.
А фантазијата како бунтовна романса до последниот здив,креира духовен мир во виножитото.Заробени во микрокосмичкиот занес,блудничаво трагаме по иронијата на неизвесноста.
Или,можеби трагаме по фантастичната разгледница во која пишува "и профаното и надсетилното,умира со надежта "
Мислобродот заморен,подзастанува.
Можеби оваа шарена сага го бара своето проседе?
Или,обид за лична идентификација?
Можеби во моето "мене",во мојот сурсум,потајно извира,искри искра на творечкиот занес?
Или само фикција во саваната,во песочната пустина или феникс во пепелта,согорен.