Реалноста на фантазијата

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Фантазијата е тема која е веќе обработена на форумов. Во случајов се работи за некои прашања на кои немам одговор. Фантазираме често. Притоа фантазијата или визуализацијата носи со себе емоции кои се навидум реални. Не обземаат,сакаме да се повторат повторно,сакаме да ги доживееме и уживаме нормално во тоа затоа што се работи за убави емоции.. Колку е сето тоа реално? Дали тие емоции од фантазијата се реални или се емоции кои се производ ма фантазијата и со тоа не се реални.. Иако се осеќаат реални? Ме збунува сето ова и немам одговор на овие прашања.. И колку е голема можноста тоа да постане обседнатост т.е да претставува опасност да се изгуби границата измеѓу реалноста и фантазијата..И кога е помината границата?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас сметам дека фантазијата учествува во секое наше очекување, во секое наше видување на работите, учествува во секое креирање профил на личност која ја познаваме. Тоа значи дека ниедна емоција, ниедно чувство не е оставено од фантазијата. Се` што некогаш сме спознале и сме виделе, во нашата меморија е зачувано како молдирано од фантазијата. Тоа е и она што не ни дозволува да согледаме објективно, но така светот би бил едноличен и монотон кога сите би ја имале истата објективна вистина.
Конкретно на твоите прашања, да. Ако емоциите постојат поттикнати од фантазијата, постојат и во реалноста. Јас тоа го сметам како спознавање на самиот себе си и препуштање на вистинската личност во себе.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Баш како самиот наслов. Реалност на фантазијата.
Го сакав него, толку многу го сакав.
И ме остави. Бев скршена.
И се навикнав да боли и да бидам скршена.
А заздравев ли? Боли ли уште?
Навидум боли, но не знам дали тоа е сеќавање на болката од минатото, незнам дали е фантазија од раните кои ме раскинуваа или е чиста реалност на она што го чувствувам. Или е фантазија на она што сум го чувствувала?
Веројатно нема граница. Само разлеани чувства и емоции кои поминуваат те од едната те од другата страна. Час се вистински и реални, час се фантазија и така векуваат - во вечен премин низ реалноста и фантазијата. Реалноста на фантазијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Lena

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Реалност на фантазијата
ипак мислам дека и чувствата имаат врска со тоа цело за така сликовито и реално да ти се претстави фантазијата
ако имаш чувства спрема личноста или партнерот....ама зборам за големи чувства и емоции
тогаш фантазијата ја прикажува слоковито реалноста....така да го наречам тоа
сепак е многу јака ствар.....само реткост е кога фантазијата ислегува во реалност :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Фантазијата може да го поттикне човека да го постигне она што го фантазира или пак сосема да го уништи, оставајќи го да живее во заблуда.
Емоциите за кои сме свесни дека не преовладуваат, не може да не се реални од аспект на тоа што навистина ги чувствуваме, а дали истите се оправдани/оние правите/резонски (не можам да најдам соодветен збор), не може да знаеме поради тоа што се плод на нашата фантазија, а со тоа и лесни за манипулирање.
Кога човек упорно се самоубедува во нешто, реалноста почнува да ја отсликува низ призмата на својата фантазија.
Малку фантазија никогаш не е на одмет, но и те како може да премине во нималку пријатна опсесија која може да ги наруши односите со реалниот свет.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Текст од еден мој пријател со кого ги поминуваме заедно пензионерските денови!:)

Може ли да се проследи афоризмот на Ајнштајн низ рапсодична реторика: "Логиката може да Ве однесе од точка А до точка Б,фантазијата може да Ве однесе секаде.
Поетиката на човековото мисловно кредо обилува со неисцрпна творечка енергија,која иманентно извира од врутокот на фантазијата која интригува,мами и пулсира низ дамарите на недовршената извесност,како контрапункт на сивата и скудна реалност.
Дали може да се допре и дефинира чуството фантазија?
Можеби како предмисловен алогизам?Или со митолошко - митски превез,или како илузивна и идеализирана универзална порака,заробена во неизвесноста?
А можеби како идилична интрига која креира творечка духовност што извира од најдлабоките и суптилни емоционални наслаги оивичени со суета,завист,заблуди и цивилизациски престиж до цинизам.
Фантазијата можеби допира до психомагнетните задгранични резонанси,кои пак вибрираат со магична сила на флуидната имагинација.

Има ли,и кои се допирните точки помеѓу реалноста и фантазијата?
Одговорот ќе причека до "некаква" логична разврска.
А,можеби е крајолик на фантазмагоричен провев,носен на брановите на носталгичната сонувалка...
Можеби,само привид или превид на калеидоскопската диоптрија на човековиот мисловен алтруизам или субјективна " specifica sui geris",или надворешна романса зачната во рана пролет на хомо-сапиенсот?
Многу дилеми и противречности виорат низ сензорните сетила на човековите предизвици да ѕирне во длабоките дамари на неизвесноста,на окултното,на митското.
Можеби тука некаде започнува и завршува молкот во судир со трансцеденталното во лавиринтот исплетен од протеинските нишки (ДНК) кои обоено звучат во мелодрамата на логичниот алогизам или само фикција на "научен" вакум?
Или магичен надреализам?
Секако остануваме на магловит хипотетично - семиотичен знак.

Кога патуваме со мислобродот низ вселенкиот мегапростор,мистеријата расте во судир со недопреното,а интригата го надвишува Апеиронот на Анаксимандерот.
Кога веќе се одваживме да ѕирнеме во темните тунели на привидот фантазија,можеби и ќе допреме до изворната сила на креативниот "spiritus movens"!?
Секој субјект исправен пред големиот предизвик осмислува и креира свој пат.
А разлеаните звуци од Орфеовата лира или Еоловата харфа,компонираат чудесна симфонија во цветната алеја на големиот мозаик од озвучени бои или обоени звуци кои не внесуваат во божилакот на интимното "мене" во сечие "мене".
А,илузорното "трето" око и трето "уво" обоено звучат,како ехо на одминување во маглините на космосот..
Дали доволно ја чуствуваме зависноста од звучните сигнали на боите,кои се длабоко втемелени во нашата сензуална интима,како архетипска заложба.
Дали доволно го доживуваме мирисот на обоените звуци?Дури и ежедневните средби еминираат звучни пораки.
Темата е неисцрпна и непредвидлива,флуидна,безвременска и романтично иронична!
Колку неизвесноста е фантастична,толку извесноста е здодевна.
Фантазијата е привилегија на боговите.Таа поседува магична ексклузивност на реалноста!
А,можеби е само сениште во самракот на виртуелната "реалност" или спрега помеѓу илузии и халуцинации?
И едното и другото е завера против "вистината".А вистината на стаклени нозе,лесно кршлива ,блада во сеништето на сопствената психоделичност.

И,така.Скаликите на часовникот ,некакво време мерат во ова сулудо и цинично невреме.А може ли да се имери?
Мислобродот го продолжува летот низ вселенската мистериозна неизвесност,по трнливите патеки на "Per aspera ad astra..."
И така,секоја средба на одминување,го живее својот хороскоп,носен на носталгичен бран,во заборавот,во вечниот молк каде звукот обоен идилично звучи.
А фантазијата како бунтовна романса до последниот здив,креира духовен мир во виножитото.Заробени во микрокосмичкиот занес,блудничаво трагаме по иронијата на неизвесноста.
Или,можеби трагаме по фантастичната разгледница во која пишува "и профаното и надсетилното,умира со надежта "

Мислобродот заморен,подзастанува.
Можеби оваа шарена сага го бара своето проседе?
Или,обид за лична идентификација?
Можеби во моето "мене",во мојот сурсум,потајно извира,искри искра на творечкиот занес?
Или само фикција во саваната,во песочната пустина или феникс во пепелта,согорен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena