Работа во ОАЕ

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Во последно време се почесто луѓето заминуваат на работа во Обединетите Арапски Емирати. На работниците покрај платата(која и не е нешто посебно со оглед на стандардот кај нив) им следува бесплатен смештај и храна, здраствено осигурување + други бенефиции зависно од работодавецот. Најчесто се заминува преку агенции кој наудат вработување во ОАЕ, но има и такви кои си нашле сами вработување.

Знае некој нешто повеке за работа таму, да сподели некое искуство, инфромација? Би работеле ли таму?

Dubai-island-plan.jpg
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Пред еден месец Соединетите Арапски Емирати се соочија со штрајк на илјада работници вработени во Арабтек Холдинг, емиратска градежна фирма, огорчени поради неисплатените плати и нехуманите работни услови. Повеќето работници се имигранти од разни делови на Азија, така што веќе по почетокот на штрајкот 43 работници се депортирани.
Izbjeglice-iz-Sirije-u-Libanu-630x339.jpg

Оој потег е осуден од страна на Хјуман Рајтс воч, напоменувајќи дека „скандалозен е фактот дека емиратските власти ги депортираат работниците кои храбро тргнале по своите основни права“. Исто така напоменуваат дека овој штрајк е само уште еден потдсетник на небрежноста на власта и недостаткот на волја да се поправи ваквиот експлоататорски систем на работење. Сличен случај се случи и во почетокот на 2011 година кога властите депортирале 70 работници имигранти кои стапиле во штрајк поради неисплатени плати.
Арабтек е предводник на конзорциумот кој бил задолжен за изградба на највисоката зграда во Дубаи. Исто така добиле и договор за градење на Лувр музеј во Абу Даби, инвестиции вредни 654.000.000 милини долари, против која се побунија француските уметници токму поради експлоатирањето на имигранти како ефтина работна сила.
Арабтек пак тврди дека штрајкот е резултат на акцијата на неколкумина работници кои ќе ги сносат последиците за тоа, и дека проблемот е успешно решен во договор со министерството, полицијата и останатите службени тела.
Да се потсетиме, во Соединетите Арапски Емирати не постојат синдикати, штрајковите се забранети, а владата нема влијание на одредувањето на минималната плата. Емиратските власти веќе години се критикувани поради нехуманиот третман кон милионите работници од странство, кој наликува на модерно робосопствеништво.
Робовите на Дубаи
Голем дел од економскиот успех поради кој Емиратите имаат една од најбогатите светски економии лежи на грбот на огромниот број работници кои работат за ефтина работна сила. Најголемиот дел од работната сила ја сочинуваат имигранти на кои ова им бил обид да побегнат од сиромаштијата во сопствените земји, па така меѓу работната популација се наоѓаат околу 1.750.000 Индијци, 1.250.000 Пакистанци, како и до 2.000.000 работници од останатите делови на светот, од кои околу 500.000 Европјани и Африканци. Просечната месечна плата изнесува едвај 200 долари која работниците им ја праќаат на семејствата.
Сиед Кхалед, работник од Бангладеш вака ја опишува својата работа која ја работи веќе 9 години бидејќи властите не му одобруваат заминување од земјата: „Живеам со петмина мажи во мала соба. Околу 40 или 50 од нас делат ист тоалет, пред кој секое утро има огромна редица. Компанијата за која работиме е строга кон нас и затоа ја поддржувам идејата за штрајк. Овде заработувам околу 102 долари месечно. Во мојата земја би заработил повеќе, до 200 долари, но таа работа би ми била далеку од дома и несигурна. Веројатно би работел еден месец, па два месеци ништо“.
Работниците вработени во градежни проекти често работат и по 12 часа дневно, 6 дена во неделата, во услови на екстремна топлина. Кога не се на работа, престојуваат во потполна изолација од сјајот и раскошот на блескавите згради во чија изградба учествувале. Камповите во кои престојуваат не ги задоволуваат ниту минималните хигиенски услови, а собите во кои спијат повеќе работници се мали и неопремени за поголем број луѓе. Сонапур е називот за еден таков познат комплекс со идентични бетонски згради во кои престојуваат околу 300.000 лица.
Ваквите услови довеле до голем број самоубиства меѓу работниците. Таков е и случајот на Атхираман Каннан, 32 – годишен Индиец кој се фрлил од 147 – от кат откако го одбиле неовото барање за враќање во својата земја. Неговото убиство е 26 – то самоубиство регистрирано во првата половина на 2011 година.
Една година претходно забележано е во просек по едно самоубиство од страна на имигрантските работници на секои три дена. Атхираман не е единствениот случај. Во камповите многумина се борат со истите проблеми, изјавил негов колега. Набрзо по Атхираман се самоубил и тој, скокајќи од врвот на зградата во која престојувал.
„За да те примамат, ти се колнат дека Дубаи е вистински рај – за потоа да дојдеш и да откриеш дека си пристигнал во пеколот“.
Како воопшто работниците во Индија и Бангладеш и останатите земји доаѓаат во Соединетите Арапски Емирати?
Сахинал Монир, младо момче, во доцните дваесетти опишува како во селото најпрво доаѓа агент за вработување и им објаснува дека постои место каде можат да заработат 600 долари месечно на градежни проекти, со работно време од 9 часот наутро до 17 часот попладне. Исто така им ветува дека се осигурани во квалитетно сместување и дека ќе добиваат храна. Се што треба да сторите е однапред да платите 3.500 долари за работна дозвола – овие пари се добиваат назад по првите 6 месеци од работењето. Сахинал ја продал семејната земја и покрај тоа дури и се задолжил за да ги покрие почетните трошоци. Сите кои се одлучиле да се вработат во Соедниетите Арапски Емирати, морале да ги предадат своите пасоши на фирмата која ги вработила и довела во земјата. Сахинал од своето доаѓање не го видел својот пасош.
По доаѓањето тој открива дека на неподносливо високи температури ќе работи по 11 часа дневно – во спротивно, на туристите им се соопштува на таа температура воопшто да не излегуваат, поради штетноста по здравјето. Исто така тој дознава дека за работата ќе добие една четвртина од ветениот износ. „Доколку не ти се допаѓа, врати се дома, му рекле. Но, како да се вратам дома кога немам пасош? Е, тогаш подобро врати се на работа. Бев во паника – моето семејство очекува пари, возбудени бидејќи конечно сум успеал, тврди Сахинал“. Но, сега прво ќе мора да работи две години за да ги покрие трошоците за своето доаѓање.
Во својата соба живее со уште 11 мажи. Собата смрди бидејќи е во близина на тоалетот, поточно во дупка во земјата околу која летаат облаци мушички. „Немаме клима, а температурите се неподносливи. Навечер не спијам, само лежам, се потам и се чешам“.
„Работата е најлоша на светот. Носиме по 50 килограми цигли на оваа топлина. Ваква топлина никаде не сте доживеале – се потиш толку што некогаш поминуваат по неколку дена без да отидеме во тоалет. Како сета течност да поминува низ кожата – самиот себеси си смрдиш, имаш вртоглавица, се чувствуваш болно, а не ти дозволуваат да застанеш. Овде никој не покажува бес. Едноставено е забрането. Штрајковите ги разбиваат со физичко малтретирање…Ми недостасува домот,, семејството и земјата. Во Бангладеш бареш можеш да посадиш храна. А овде ништо не расте, освен нафта и згради“.
Хјуман рајтс воч напоменува дека властите го заташкуваат вистинскиот број на смртни случаи кои се последица на исцрпеност и преокупираност и бројот на самоубиства, но од индискиот козулат говорат за 971 смртен случај на индиски работници, и тоа само во 2005 година. Откако протекла оваа информација, престанале да се бројат смртните случаеви.
Џон Хари, репортер за Индепендент, правел интервју со некои од жителите на Дубаи. „Ова е најдобро место за младите!, тврди 23 – годишниот Ахмед ал Атар, образуван и добро обучен“. На речиси совршен англиски продолжува: „Се ти е овозможено: здравствено осигурување, образование, се. Секој има барем една слугинка, дадилка и возач. Како некој не би сакал да живее овде?“
Но, со тоа не се сложува една продавачка во шопинг центар која дошла од САД. „Ова е апсолутно расистичка држава. Овде работеше една Филипинка која всушност работеше две работи како една Европјанка, меѓутоа за четвртина од нејзината плата. Луѓето кои овде ја работат вистински работата добиваат речиси ништо за тоа, додека некои неспособни менаџери заработуваат и до 60.000 долари месечно“.
Куќните помошнички кои работат во Дубаи воглавно се од Филипините, но бидејќи се рашири гласина дека се прескапи, сега модерно е да имаш куќна помошничка од Етиопија. Јавна тајна е дека кога еднаш ќе изнајмиш куќна помошничка, имаш апсолутна контрола над неа, открива Џон во интервјуто. И го одземаш пасошот (сите го прават тоа), сам одлучуваш кога и колку ќе и платиш, кога ќе добие одмор или пауза и со кој ќе разговара – тие не знаат арапски, не можат да побегнат.
Живот над природните можности
Освен небрежноста и негрижливоста кон човечките капацитети, Дубаи се одликува и со фактот дека живее над своите еколошки можности. Освен што е подигнат на подрачје во кое нема вода, Дубаи нема ниту соодветен канализациски систем.
Неколку хотели изјавиле дека првите две години примиле огромен број жалби од гостите кои престојувале на плажата. Водата изгледала чудно и смрдела, а некои од гостите по капењето биле хоспитализирани. Затоа хотелите одлучиле да го информираат министерството за здравство и туризам, но не добиле никаков одговор. Дури кога гостите почнале да се жалат на контрацептивни средства кои лебдат на површината на морето, хотелот ангажирал професионална фирма да изпита примероци од водата. Откриле дека водата буквално е преполна со фекалии и бактерии. „Ги советував гостите да не одат на плажа, а бидејќи тоа се сепак туристи кои поради тоа се и дојдени, можете да ја замислите реакцијата“, изјавил работник во еден од хотелите, кој продолжува: „Водата е се полоша и полоша. Фекалиите ги има и на плажите во сенка на најубавите и најраскошните хотели во Дубаи. Нашите власти едноставно не се грижат за животната средина“.
Целата ситуација за лажниот сјај на Дубаи веројатно најдобро ја опишала една девојка од Филипините вработена во продавница: „Ова е застрашувачко место. Престојував овде со месеци пред да сватам – се во Дубаи е вештачко и лажно. Се што ќе видите. Лажни дрвја, лажни работни договори, дури и водата е лажна! Сега сваќам дека Дубаи е вистинска оаза – илузија, не постои. Ти се чини дека си се загледал во вода на далечина, но кога ќе се приближиш, сваќаш дека тоа е само дланка песок“.

Линк
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The High Commander

Filip_Ku

Нов член
9 декември 2013
4
1
1
38
Kabul
novine svasta mozev da napisev a u realnost ne e bs takoj golema e razlika medju tija indijci filipinci pakistanci i nas da kazu Evropjani :)
Da rabotis u Dubai i da zivis tamo biva si gu
TOj sto ke pecalis da potrosis na iznajmuvanje stan na setanje i uzivanje da ke potrosis sve pare sto posto
ama da pecalis nesto tamo i da doneses doma mnogo tesko
zatoj ako sakas u Dubai rabotu dobru avanturu i edno plus iskustvo idi
a ako sakas da zarabotis i da doneses pare doma bolje odberi nekoju drugu evropsku zemlju kako Svedska Danska Norveska itn itn ;)